среда, 21 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Мендух Тачи | 63 резултати

СЈО прави медиумско-политички циркус, смета Бонева

22 август 2016

Кога го гледав законот за Специјалното јавно обвинителство во Собранието, никаде немаше одредба дека предистражната постапка, која треба да биде тајна, ќе биде медиумски политички циркус, изјави претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија (ДИК), Силвана Бонева, денеска по сослушувањето во Специјалното јавно обвинителство. – Сите сме сведоци на тој циркус. Верувам дека тие што […]

Тачи по распитот во СЈО: Кога правото зборува, политиката треба да молчи

22 август 2016

Кога правото зборува, политиката треба да молчи. Ова беше единствената изјава на лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, по распитот во Специјалното јавно обвинителство. Тачи во СЈО се задржа еден час, но не сакаше да каже повеќе детали за тоа во кое својство е повикан и за кои случаи беше испрашуван. Во СЈО сè […]

Тачи и Бонева пристигнаа во СЈО

22 август 2016

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, и претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија, поранешната пратеничка Силвана Бонева, денеска во 11 часот пристигнаа во Специјалното јавно обвинителство, каде се повикани да дадат исказ за еден од случаите што ги води СЈО. Тачи и Бонева не дадоа изјава пред да влезат во просториите на СЈО […]

Новинарите и снимателите фаќаат бусија пред СЈО

22 август 2016

Новинарските екипи и снимателите полека фаќаат бусија пред влезот на Специјалното обвинителство како што се зголемува „фрекфенцијата на лица“ (како што рече Катица Јанева) повикани да дадат исказ. Така, денеска, како што потврдија од двете партии, се очекува да се појават лидерите на ДПА и на Партијата целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Мендух Тачи и Самка […]

Попоски го испрати Орав: Македонија ќе се приклучи на унија поинаква од денешната

27 јули 2016

„Идното членство на Македонија во Европската Унија е добар канал за насочување на долгорочните реформи. Ние ќе се приклучиме на унија што ќе биде многу поинаква од денешната“, истакнал вицепремиерот и шеф на македонската дипломатија, Никола Попоски, на прошталната средба со евроамбасадорот во заминување, Аиво Орав. „Амбасадорот Орав беше целосно ангажиран во нашата соработка, било на полето […]

Тачи на средба со Белели: Одговорноста за кризата е во Владата

14 јули 2016

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, се сретна со амбасадорот на Италија, Ернесто Масимино Белели, со кого разговарал за актуелната политичка ситуација, меѓуетничките односи и за евроатланските интеграции на земјата. Тачи, како што соопштуваат од неговата партија, го информирал амбасадорот Белели за погледот на ДПА во врска со тековната криза и за општата состојба во земјата, како и […]

Тачи: По средбите со странските претставници, ќе се знаат решенијата за излез од политичката криза

6 јули 2016

По средбите на македонските политички лидери со германскиот специјален преставник Јоханес Хајндл и со заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, работите околу можните решенија за излез од политичката криза и датумот за избори ќе станат поизвесни. Ова го изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на брифинг со новинарите, синоќа, по прославата на годишнината на […]

Тачи не верува во одржување на лидерска средба

13 јуни 2016

„На лидерската средба што се најавува за деновиве нема што да се понуди за излез од кризата. Таква средба би била несериозна и не верувам дека ќе се одржи“. Ова на брифинг со новинарите, го изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по синоќешната ифтарска вечера, која традицонално ДПА ја одржува во Тетово. Решението за излез од […]

Тачи по средбата со Хајндл: Обидите да се оживее Договорот од Пржино може да завршат неуспешно

8 јуни 2016

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, не е преголем оптимист дека обидите на меѓународната заедница и на специјалниот пареник на германскиот министер за надворешни работи, Јоханес Хајндл, ќе завршат успешно и додава дека „враќањето на старата власт е најголемиот проблем што сега го имаме“. – Не сакам да излезам политичар кој нема […]

Тачи – Даниелсон: Единствен излез од кризата е вистински политички дијалог

27 мај 2016

Причинителите на кризата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со еднострани и неодговорни одлуки за прашања кои беа дел до преговорите и за кои требаше да се постигне консензус меѓу најголемите политички партии, со посредство на претставниците на САД и ЕУ, истакнал претседателот на ДПА, Мендух Тачи на денешната средба со директорот на Директоратот за проширување на […]

Тачи и Роберт де Хроут во Тетово разговараа за политичката криза

20 мај 2016

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со делегација на Министерството за надворешни работи на Холандија, предводена од државен директор за европска соработка при холандското МНР, Роберт де Хроут. На средбата се разговарало за политичката криза во земјата и за ставовите на ДПА како да се надмине оваа ситуација, […]

Тачи: Целта на одлуката на Уставниот суд е да се врати старата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

18 мај 2016

Имаме среќа што меѓународниот фактор сѐ уште мисли на нас. Да не оставеа сами на себе, ќе се самоубиевме до сега, изјави денеска претседателот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Азија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји – Во мојата политичка кариера од ништо не ми се гадело […]

Тачи: Договорот од Пржино е мртов, време е за нов договор

13 мај 2016

Договорот од Пржино е мртов, време е за нов договор, изјави претседателот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со германскиот специјален претставник на Македонија, Јоханес Хајндл во германската амбасада во Скопје. Тој, за идејата на Ахмети за свикување на Собранието, вели дека е лош маркетиншки трик. – Ние осум дена и осум ноќи разговараме и […]

Тачи: Сите партии треба сериозно да работат на исполнување на условите за фер избори

5 април 2016

Сите политички партии треба да работат на исполнување на условите до дента на изборите, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон, денеска во просториите на Мисијата на ЕУ во Скопје. – Потребно е да се исполнат сите услови за фер избори. Многу е неблагодарно […]

Тачи: Нема клима за на 5 јуни да се одржат фер и демократски избори

22 март 2016

Нема клима за на 5 јуни да се одржат фер и демократски избори, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со евроамбасадорот Аиво Орав и со амбасадорите на земјите членки на ЕУ. Тој вели дека неговиот песимизам го темели на конфузијата на ДИК со избирачкиот список и на отсуството на волја кај политичките лидери […]

Тачи по средбата со Хојт Ји: Треба да ги исполниме условите од Договорот од Пржино

3 март 2016

„Од моја страна имаше скепса дека уште не е ништо направено за да се подобрат условите. Ние како ДПА ќе продолжиме да даваме конструктивен придонес во овој процес. Многу работи во овој процес не ми се допаѓаат, но мислам дека тоа не е толку важно бидејќи ние сме стриктно ориентирани дека Македонија треба да стане […]

Тачи: Македонија да остане на патот кон Европа и НАТО

23 февруари 2016

ДПА ќе продолжи да дава придонес во овие критични моменти Македонија да не го напушти патот кон Европа и НАТО, изјавил лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со тројцата европратеници, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. – Жал ми е што и пред европратениците и пред јавноста денеска уште еднаш се потврди мојата […]

Тачи: Блиску сме до тоа да излеземе од дијалогот

1 февруари 2016

Мендух Тачи е гневен поради текот на преговорите на четирите партии и вели дека е можно повлекување на неговата партија, ДПА, од дијалогот. Како што вели Тачи, ако бил прифатен нивниот предлог, даден на почетокот, да се организира попис на населението за да се добие веродостоен избирачки список, според него, до оваа ситуација немало да […]

Тачи: Изборите на 24 април ќе бидат фер и демократски

28 декември 2015

Парламентарните избори на 24 април идната година ќе бидат фер и демократски, изјави денеска претседателот на ДПА, Мендух Тачи, кој рече дека за тоа добил гаранции од ЕУ и од САД. На предновогодишна средба со членството и со симпатизерите на партијата во Тетово, тој истакна и дека доколку некој се осмели тоа да не се […]

Страна 3 од 3