fbpx
Таг: материјална штета

таг: материјална штета

Земјотрес од 5,6 степени регистриран во Италија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран на 60 километри источно од Перуџа во Италија на длабочина од девет километри под површината на земјата. Потресот бил почувствуван и во Рим. Засега нема информации за евентуални жртви и за причинета материјална штета.

Три силни земјотреси кај Јанина, еден почувствуван и во Македонија

Цела ноќ на улица ја поминаа жителите на Јанина, вознемирени од серијата земјотреси што го потресоа регионот на Епир во Северозападна Грција доцна вечерта. Првиот земјотрес, кој беше почувствуван и во Македонија, беше во 23.14 часот по локално време, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, а вториот со јачина од 4,9 степени во 3 часот наутро. Трет силен земјотрес...

Петнаесет полицајци се повредени во судирот со мигрантите на границата

Вкупно 15 полицајци се повредени, од кои четири посериозно, по судирот на полицијата со бегалците на македонско-грчката граница. Од МВР информираат дека нападите биле повремени, а мигрантите што се обидувале нелегално да ја поминат границата, употребувале сила. Кон полицијата фрлале камења и тврди предмети. Материјалните штети сè уште се пребројуваат, а во неколкуте напади кон полицијата оштетени се три полициски возила...

Најмалку 46 загинати во бомбашки напад во Хомс

Најмалку 46 лица загинале, а повеќе десетици се повредени во напад со два автомобили-бомба во градот Хомс, во Сирија, соопшти денеска сириската опсерваторија за човекови права. Според информациите, поголемиот дел од загинатите во нападот се цивили, а бројот на жртви би можел да се зголеми бидејќи има повеќемина тешко повредени. Експлозиите на местото на нападот, во квартот Ел Захра предизвикале пожар, а...

Во пожар изгорела фабрика за паркет и за брикети во Виница

Во пожар, кој избувнал во средата попладне, изгорела фабриката за паркет и за брикети „Бор - вуд“, во населбата Градец, во Виница, сопственост на 32-годишниот Б.М., соопшти денеска полицијата. Со пожарот, според полициските информации, биле зафатени таванскиот простор, дрвената покривна конструкција, две машини за обработка на паркет, една машина за пакување паркет, една машина за калибрирање паркет и поголемо количество готов паркет и...

Во пожар оштетени две возила

Вчераутро во пожар биле оштетени две возила, во подземните гаражи на улицата Франклин Рузвелт, соопшти денеска полицијата. Станува збор за автомобили, марка „опел вектра“ и „форд фиеста“. Случајот околу 8 часот во полиција го пријавил сопственикот на возилата. Пожарот бил изгаснат од екипа на противпожарната бригада, а причината за настанувањето на пожарот и материјалната штета ќе бидат дополнително утврдени, информираат од...

Фрлен молотов коктел во локал во Тетово

Непознат сторител, утрово околу 4 часот, фрлил молотов коктел на улицата ЈНА во Тетово, кај угостителскиот објект „Бар код“, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, во случајот нема повредени лица, а била причинета материјална штета. Полициска екипа извршила увид на местото и презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...