петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: материјална штета | 27 резултати

Изгореа десетина дуќани во синоќешниот пожар во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица

јануари 3, 2021

Сè уште не се познати причините за синоќешниот пожар во струмичкиот трговски центар „Глобал“, каде целосно изгореа десетина дуќани и дел од зелениот пазар. Човечки жртви нема, а предизвикана е само материјална штета чија вредност засега не е утврдена. Околу шеесетина пожарникари вчеравечер го гаснеа пожарот, а денеска тие и натаму дежураат пред објектот за […]

Земјотресот од Албанија кај нас почувствуван со пет степени

ноември 26, 2019

Најсилниот од серијата земјотреси во Албанија, 6,4 степени според Рихтер беше почувствуван и во Македонија. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот е почувствуван со интензитет од пет степени според Европската макросеизмичка скала во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, од четири до пет степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од три до […]

ОН: Материјалната штета од војната во Сирија е 345 милијарди евра

август 9, 2018

Војната во Сирија, која трае повеќе од седум години, предизвикала материјална штета на околу 345 милијарди евра, соопшија Обединетите нации (ОН). Проценката беше објавена во Бејрут по состанокот на кој учествуваа 50 сириски и меѓународни стручњаци на ОН. Од таму велат дека за време на војната се уништени различни објекти во вредност од повеќе од […]

МЗШВ: Невремето предизвика штета на 5.000 хектари земјоделска површина во Овчеполието

јуни 14, 2018

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти, излегоа на терен, во увид на штетите врз земјоделските посеви, по вчерашното невреме во овчеполскиот регион. Според првичините проценки во регионите на општините Лозово и Свети Николе,  од невремето е предизвикана штета на површина од околу 5.000 хектари. „Претставниците од МЗШВ реализираа средби со […]

Поројните дождови причинија материјална штета во Полошкиот регион

февруари 4, 2018

Поројните дождови во Полошкиот регион поплавиле подруми од куќи и згради и предизвикале уривање на потпорен ѕид врз покрив од куќа, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. „Околу 20 часот на улицата Прохор Пчински, како последица на дождот се лизнал и урнал потпорен ограден ѕид со висина од пет до шест метри и должина од […]

Запален кафе-бар во центарот на Прилеп

декември 31, 2017

Утрово околу 3.30 часот лице со иницијали Н.Т. подметнало пожар во кафе-барот „Галери Хаус Паб“ во центарот на Прилеп, соопшти полицијата. Во пожарот нема повредени лица, а внатрешноста на објектот е целосно изгорена. Материјалната штета се проценува на повеќе од 200.000 евра. Како што информираат од полицијата, Н.Т. околу 3.30 часот дошол во кафе-барот носејќи […]

Тајфунот Доксури го погоди Виетнам, осум загинати

септември 16, 2017

Разорниот тајфун Доксури го погоди средишниот дел на Виетнам, каде осум лица загинале, а четири се повредени, пренесува ХРТ. На брегот на Виетнам ветерот дувал со брзина од 135 километри на час. Повеќе од еден милион луѓе останале без струја, а оштетени биле илјадници куќи. Властите предупредиле на опасност од поплави и лизгање на земјиштето. […]

Експлозија и пожар во стан во Охрид, еден повреден, седум автомобили оштетени

август 9, 2017

Едно лице било потешко повредено во експлозија што вчера во 22.24 часот се случила во стан на улицата Сатеска во Охрид, соопшти денеска полицијата. Како што информираат од СВР Охрид, од експлозијата, која најверојатно била предизвикана од плинска боца, дошло до пожар, кој бргу ја зафатил покуќнината и почнал да се шири низ собите. Сопственикот […]

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ мора да поднесе одговорност за пожарите

август 7, 2017

Поради игнорирањето и ненавременото локализирање на пожарите, СДС дозволи тие со денови да голтаат цели планини со шума и да станат вистинска опасност за огромен број граѓани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека додека граѓаните молеле и чекале државата да им помогне за пожарите да не стигнат до нивните домови, […]

Осигурителна компанија ќе ја покрие штетата од дивеењето во Собранието

мај 9, 2017

Сообранието на Република Македонија, објектот и опремата се осигурани и осигурителна компанија ќе ги покрие трошоците од направената штета за време на насилствата од 27 април, соопштија денеска од одделението за односи со јавноста на Собранието. Оттаму информираат дека стручната служба на Собранието направила увид во материјалната штета и дека во тек е постапката за […]

Кучиња скитници и необезбеден коловоз, причина за сообраќајќи на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје

февруари 20, 2017

Кучиња скитници изминативе два дена предизвикаа две сообраќајки на автопатот Гостивар – Тетово – Скопје. Утринава околу 6 часот, кај Карпалак, поради необезбедениот автопат, патничко возило со гостиварски таблички, што го управувала 34-годишна гостиварка, удрило во куче скитник, кое се движело по коловозот. Од ударот, во возилото немало повредени лица, а причинета е материјална штета која […]

Најмалку 15 загинати во земјотрес на југот на Филипини

февруари 11, 2017

Најмалку 15 лица загинале, а околу 100 биле повредени во земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата сакала што денеска го погодил јужниот дел на Филипини, јавуваат светските агенции. Земјотресот, според агенциите, ја погодил провинцијата Суриаго дел Норте, на островот Минданао. „И понатаму ја проценуваме ситуацијата, потребите на населението и причинетата материјална штета“, изјавил […]

Пожар во гостиварската болница, причинета материјална штета

декември 26, 2016

Во лабораторијата на гостиварската болница вчера избувнал пожар, најверојатно од вклучена греалка. Како што дознаваме, најпрвин се запалило столче, кое било во непосредна близина на греалката, по што огнот се проширил во просторијата. Во пожарот, во кој нема повредени лица, оштетени се клима-уред, мал бојлер и дел од електричната инсталација во просторијата. Со ангажирање на […]

Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата на протестите во Атина

декември 7, 2016

Атина повторно преживеа сцени на насилни судири и хаос на вчерашните протести за одбележување на годишнината од убиството на младиот Александрос Григоропулос, кој беше жртва на полициско насилство. Полицијата уапси 25 и приведе 26 лица во немирите кои траеја со часови во центарот на градот и во бунтовната населба Ексархија. Ексархија наликуваше на бојно поле. […]

Најмалку 20 лица се повредени во земјотресот што го погоди централниот дел на Италија

октомври 30, 2016

Најмалку 20 луѓе се повредени во земјотресот што утрово го погоди централниот дел од Италија, соопштија италијанските власти. Како што пишуваат медиумите, станува збор за лесни повреди. Шефот на италијанската служба за цивилна заштита, Фабрицио Курчо, изјави дека засега нема регистрирано човечки жртви од земјотресот со интензитет од 6,6 степени по Рихтеровата скала. Италијанскиот премиер […]

МНР: Нема информации за повредени македонски граѓани во Италија

октомври 30, 2016

Министерството за надворешни работи денеска информираше дека нема податоци за повредени македонски граѓани во земјотресот што утринава се случи во Италија. „Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги известува сите заинтересирани дека за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, можат да се обратат на дежурните телефони во […]

Земјотрес од 5,6 степени регистриран во Италија

октомври 26, 2016

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран на 60 километри источно од Перуџа во Италија на длабочина од девет километри под површината на земјата. Потресот бил почувствуван и во Рим. Засега нема информации за евентуални жртви и за причинета материјална штета.

Три силни земјотреси кај Јанина, еден почувствуван и во Македонија

октомври 16, 2016

Цела ноќ на улица ја поминаа жителите на Јанина, вознемирени од серијата земјотреси што го потресоа регионот на Епир во Северозападна Грција доцна вечерта. Првиот земјотрес, кој беше почувствуван и во Македонија, беше во 23.14 часот по локално време, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, а вториот со јачина од 4,9 степени во 3 […]

Петнаесет полицајци се повредени во судирот со мигрантите на границата

април 10, 2016

Вкупно 15 полицајци се повредени, од кои четири посериозно, по судирот на полицијата со бегалците на македонско-грчката граница. Од МВР информираат дека нападите биле повремени, а мигрантите што се обидувале нелегално да ја поминат границата, употребувале сила. Кон полицијата фрлале камења и тврди предмети. Материјалните штети сè уште се пребројуваат, а во неколкуте напади кон […]

Најмалку 46 загинати во бомбашки напад во Хомс

февруари 21, 2016

Најмалку 46 лица загинале, а повеќе десетици се повредени во напад со два автомобили-бомба во градот Хомс, во Сирија, соопшти денеска сириската опсерваторија за човекови права. Според информациите, поголемиот дел од загинатите во нападот се цивили, а бројот на жртви би можел да се зголеми бидејќи има повеќемина тешко повредени. Експлозиите на местото на нападот, во […]

Страна 1 од 2