fbpx
Таг: Македонци

таг: Македонци

Македонци од САД наседнале на измама со евтини авиобилети

Македонци кои живеат во Соединетите Американски Држави биле измамени со ветување дека купиле евтини авиобилети до скопскиот аеродром. Целата ујдурма настанала за време на новогодишните прослави за Македонците во дијаспората. Имено, како што вели за „Мета“ Љупчо Станчевски, кој 25 години живее во Колумбус, Охајо, во САД, на новогодишната прослава во градот каде што е иселен, пејачката, која ги...

МНР чека податоци од Париз за можни настрадани Македонци во Ница

Министерство за надворешни работи чека од француското МНР податоци во врска со тоа дали меѓу загинатите и повредените во нападот во Ница има македонски државјани. Како што соопштија од МНР за „Мета“, во текот на денот се очекуваат повеќе детали. Возач со камион синоќа влета на шеталиштето во Ница, за време на прославата на Денот на Бастиља, при што уби 84...

Стерјовски: Неодложна е потребата од носење закон за малцинства во Албанија

Во Албанија неодложна е потребата од носење закон за малцинствата, со кој ќе се регулира признавањето на македонското и на другите малцинства на целата територија на земјата и посебно да се овозможи образование на македонски јазик за етничките Македонци во областа Гора и Голо Брдо, како и во другите населени места во Албанија каде што има потреба и барање...

„Форбс“: Орце Камчев е најбогатиот Македонец

Кралот на челикот, Минчо Јорданов, повеќе не е најбогат човек во Македонија, покажа најновата листа на угледниот економски магазин „Форбс“. По три години на тронот него го замени, Јордан (Орце) Камчев.  Камчев е на првото место со 22, 8 милиони евра вредност на компаниите „Кара“, „Орка“, „Стопанска банка Битола“, „Бетон Штип“. Мината година Камчев успеал да го зголеми капиталот за повеќе...

Македонците од Голо Брдо бараат регионализација на преминот Џепчиште – Требениште

Македонците во областа Голо Брдо во Република Албанија барат граничниот премин Џепиште – Требиште да добие статус на регионален премин од втора категорија, а не, како досега, од трета категорија. „Бараме од министерствата за внатрешни работи на Албанија и на Македонија и од царините на двете земји, граничниот премин Џепиште - Требиште во Голо Брдо, кој беше отворен во мај...

Сè повеќе средношколци од Голо Брдо учат во Охрид

Учениците од областа Голо Брдо во Албанија, по завршувањето на основното образование, нејчесто го избирааат Охрид како место каде го продолжуваат средното образование. Во моментов во Охрид двајца средношколци го продолжија образованието во средното медицинско училиште, еден во средното економско и двајца во угостителското училиште. Велат дека се многу задоволни со учењето и со однесувањето на професорите, со начинот на кој...

Македонци во Вашингтон одржаа протест пред Амбасадата на РМ

Македонци иселени во Вашингтон денеска протестираа пред Амбасадата на Македонија, во знак на поддршка за своите сограѓани кои протестираат за владеењето на правото и за демократијата во Македонија, пишува „Радио МОФ“. - Ги поддржуваме нашите сограѓани во нивните барања, оставка на претседателот Иванов, почнување на процес за избор на експертска влада и итно суспендирање на почнатиот процес за одржување на...

Левица: Да се откријат имињата на Македонците што имаат офшор-сметки во Панама

Новоформираната политичка партија Левица бара да се откријат имињата на Македонците што се поврзани со аферата „Панама пејперс“. „Иако Јавното обвинителство наводно отвори постапка во врска со овие случувања, јавноста сè уште не знае како противправно биле отворени овие сметки, како ни кое е потеклото на тие милионски суми на средства. Воопшто не сме изненадени што Јавното обвинителство нема намера да го...

Во областа Гора невработени се 95 проценти од жителите

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана ја повика владата на Албанија итно да преземе соодветни мерки за подобрување на состојбата во областа Гора, истовремено искажувајќи ја својата загриженост за крајно неповолната положба на тамошните етнички Македонци. - Сметаме дека досегашното однесување кон областа Горa и кон тамошното население значи кршење на основните човекови права според меѓународните конвенции. Потврда за ваквиот наш...

Македонското друштво „Илинден“ укажува на лошата состојба во областа Голо Брдо

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, уште еднаш ја повика Владата на Република Албанија итно да преземе соодветни мерки за подобрување на состојбата во оваа област. „Досегашниот однос на албанската влада има и во иднина ќе има долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Потврда за ваквиот наш став е фактот...

Весникот „Илинден“ прославува четири години постоење

Весникот на Mакедонците во Република Албанија, „Илинден“, со пригоден текст потсетува на четиригодишнината од постоењето. Првпат се појави во 2012 година, кога беше испечатено првото издание. - Нашата мисија е да го одржуваме и поттикнуваме македонскиот идентитет во Република Албанија, за преку културен израз, Македонците целосно да го остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата активност ќе биде соодветно поддржана од државните...

Македонците во Албанија бараат настава на својот мајчин јазик

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, достави ново барање, овојпат до највисоките претставници на власта и до сите надлежни албански институции, за организирање настава на мајчин македонски јазик во деветолетката „Ддесетте херои“ во село Требиште, област Голо Брдо. Барањето е доставено до претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, премиерот Еди Рама, претседателот на парламентот, Илир Мета,...

Лани во Грција отишла „Македонија и пол“ и потрошила ѓавол и пол

Според штотуку објавените бројки на грчкиот Завод за статистика, лани во Грција влегле 2,7 милиони посетители од Македонија. Тоа е зголемување за 26,1 отсто од 2014 година, односно за околу 600.000 посети. Во периодот од јануари до септември 2015 година, од Македонија во Грција влегле 2.712.295 посетители, во споредба со 2.151.751 посетители во 2014 година. Најголем број од Македонците патуваат во...

Китани: Македонското малцинство во албанските институции е малку застапено

Македонци можеме да сретнеме речиси во сите државни институции во Албанија, но, за жал, не како преставници од партија на Македонците, туку како преставници на поголемите албански политички патрии. Затоа и преставниците на македонското малцинство во државните институци, за жал, можат да се избројат на прсти. Ова, во интервју за електронскиот весник на македонски јазик „Илинден“, го вели Нико Китани, преставник на...

Македонците во Албанија на конференција по повод годишнина од падот на комунизмот

Македонците во Албанија беа дел од Меѓународна научна конференција, организирана во Тирана, по повод 25-годишнината од падот на комунизмот во оваа земја. На конференцијата се проговори и за Македонците преку статијата „Културните и политичките организации на Македонците од Албанија 1991-2014“, презентирана од проф. д-р Катерина Тодороска и од Естела Ѓурѓај. Притоа, беше покажан интерес за ова прашање од професорите на Универзитетот...

За Македонците, 20 проценти попуст за зимување на Златибор

Ски-центарот Златибор нуди попусти до 20 проценти за гостите од Балканот, информираат од туристичката организација „Златибор“. Според директорот Арсен Ѓуриќ, одобрените попусти се движат од 5 до 20 проценти, во еден од 15 хотели што ја поддржуваат акцијата. - Македонија, БИХ, Црна Гора, Романија се перспективни пазари од каде ни доаѓаат од 15 до 20 отсто од вкупниот број гости, односно преку 80 отсто...

Македонците во Париз за помош да се обратат во македонската амбасада

Нема информации дали македонски државјани што престојуваат во Париз побарале помош по вчерашните терористички напади што се случија во француската престолнина. За сите информации Македонците во Париз можат да се обратат во Амбасадата на Македонија, која се наоѓа на улица 21, rue Sebastien Mercier 75015,  Исто така, помош можат да побараат и на телефоните: 331 45 77 10 50, 331 45 77 85 7, 331 45 77 10 73, 331...

Груевски се сретна со Македонците во Њу Џерси

Премиерот Никола Груевски се сретна со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси, САД. Во своето обраќање, тој ја истакна значајноста на македонската дијаспора во промоцијата на македонските интереси, истакнувајќи дека Владата и понатаму ќе продолжи да ги остварува заложбите за унапредување на соработката со иселениците и ќе продолжи да спроведува проекти кои се од интерес за дијаспората. Тој ја посочи и значајноста...

Македонци живеат во педесетина села во Албанија и во сите поголеми градови

Педесетина села, главно, во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Горија, се подрачјата во Албанија со најголема концентрација на етнички Македонци. Меѓутоа, освен во селата, Македонци има и во најголемите градови во оваа земја. Ова го пишува во книгата на Катерина Тодоровска, виш научен соработник во Институтот за национална историја во книгата „Македонците во Албанија“ (1912-1991). Во албанскиот главен град, Тирана,...

„Тетовско културно лето“ ги подели македонските и албанските советници

Советниците од македонскиот и од албанскиот политички блок на партии, на денешната 26. седница на Советот на Општина Тетово, се поделија околу манифестацијата „Тетовско културно лето“. Советниците Македонци обвинија дека манифестацијата е еднојазична. - Летоците и постерите, преку кои се информираат граѓаните за оваа културна манифестација се напишани само на албански јазик. Многу малку има предвидено пари за македонски уметници....

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...