fbpx
Таг: Косово

таг: Косово

ЕК му порача на Рама да одржува добри односи со соседите

Најважно да се одржат добри соседски односи и соработката со сите мора да биде рамноправна, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговорајќи на прашање како ја коментира изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за обединување на Албанија и на Косово. Коцијанчич рече дека каква било форма на политичко влијание е штетна за зацврстување на добрососедските односи. - Како што е...

Косово не планира да влегува во други унии, освен во ЕУ, вели Иса Мустафа

Изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, за обединување на Албанија и на Косово е популистичка, оцени косовскиот премиер, Иса Мустафа. - Не планираме да одиме во други унии, освен во Европската Унија. Ако не нè примат низ врата, ќе влеземе низ прозорец – рече Мустафа. Тој, исто така, изјави дека Косово нема бесконечно да чека на формирањето на својата војска...

Дачиќ: Изјавата на Рама е потврда дека „голема Албанија“ е платформа на сите Албанци

Изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама, за обединувањето на Албанија и на Косово е уште една потврда дека создавањето на „голема Албанија“ е заедничка платформа на сите Албанци, што претставува најголема закана за мирот и за стабилноста на Балканот и во Европа, оцени денеска првиот потпретседател на владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ. - Ја прашувам...

Рама ја уценува ЕУ заканувајќи се со војна, оцени Вулин

Албанскиот премиер Еди Рама со своите изјави сака да ја уцени Европската Унија, оцени српскиот министер за работа, вработување, боречки и социјални прашања, Александар Вулин, додавајќи дека Рама е подготвен да предизвика војна и судири на Балканот. Реакцијата на Вулин доаѓа откако Рама изјави дека ако перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ продолжи да бледее, не ја исклучува...

Вучиќ ги повика косовските Албанци на продолжување на дијалогот во Брисел

Српскиот премиер Александар Вучиќ ги повика денеска косовските Албанци на продолжување на дијалогот во Брисел, пишува електронското издание на „Блиц“. Тој, на прес конференција, по прием на деца од Косовско Поморавље се осврнал на заканите од страна на косовските Албанци и рекол дека поради тоа и предложил на албанската страна, што поскоро, без оглед на потенцијални избори, да го продолжат...

Хашим Тачи бара да не се брза со формирање армија на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска испратил писмо до парламентот на Косово во кое бара пратениците да не гласаат за законот што би ги претворил лесно вооружените безбедносни сили на Косово во војска на Косово. Со тоа тој сака да им даде повеќе време на дипломатите од Западот да ги убедат Србите да ги одобрат промените, пишуваат некои балкански медиуми....

Францускиот суд ја одложи одлуката за екстрадицијата на Харадинај за 27 април

Францускиот суд го одложи донесувањето на одлуката за случајот со Рамуш Харадинај за 27 април, по денешното две и полчасовно рочиште во судот во градот Колмар, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. „Дотогаш ќе почекаме уште малку. Ние сме во право и правдата ќе победи. Јас не побегнав од ничиј закон, ниту од косовскиот, ниту од меѓународниот. Српската јурисдикција...

Косово дозволи Србите што живеат таму да гласаат на претседателските избори

Србите кои живеат во Косово ќе може да гласаат на 20 избирачки места на целата територија, за претседателските избори во Србија кои се одржуваат утре, пишува весникот пишува „Коха диторе“. Изборниот процес ќе се одвива како и во Србија, но пребројувањето на гласовите нема да се врши во Косово. Информацијата ја потврдил и заменик-министерот за локална самоуправа и советник на премиерот Иса...

Уапсени тројца Косовци кои планирале напад на Венеција

Тројца мажи, по потекло од Косово, се уапсени во италијанскиот град Венеција, а се верува дека станува збор за припадници на терористичка група, пишува италијанскиот весник „Република“. Косовците се уапсени за време на полициска акција кај театарот „Фениче“. Полицијата соопшти дека уапсените имале важечка дозвола за престој во Италија и дека најмалку двајца работеле како келнери во едно градско кафуле. Во...

Вучиќ ја откажа посетата на Косово

Српскиот премиер и кандидат за претседател на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека утре нема да го посети Косово, бидејќи не прифаќа уцени од Приштина. – Не доаѓа предвид таков вид притисок и циркус каков што направи Приштина - изјави Вучиќ и додаде дека косовските власти во дописот пишувале едно, за да и покажат на меѓународната заедница дека се добри, а...

Вучиќ доби дозвола да го посети Косово во рамки на изборната кампања

Косовската влада му одобри на српскиот премиер и кандидат за претседател на Србија, Александар Вучиќ, утре да го посети Косово и тоа на три часа, соопшти косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај. Шефот на косовската дипломатија рече дека ова е последен пат да им се дозволи на српски политичари да го посетат Косово како дел од изборна кампања. Тој истакна...

Албанија, Косово и Македонија ќе работат на управување на меѓугранични екосистеми

Прекуграничното управување на екосистемите, регионален проект од 3 милиони евра кој се спроведува во рамките на Отворените регионални фондови за Југоисточна Европа, нарачан од страна на германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ), ги поддржува Албанија, Косово и Македонија за зачувување и развој на биодиверзитетни жариштата помеѓу трите соседни земји. Лефтер Кока, албанскиот министер за животна средина и...

Вучиќ: Убаво ќе си поприкажеме, а по самитот повторно кавги и конфликти

Добро е што претседателите на влади на самитот ќе усвојат уште една декларација, но се плашам дека по самитот повторно ќе почнат расправиите и судирите, изјави српскиот премиер, Александар Вучиќ, на Самитот за Западен Балкан во Сараево, на кој учествува и еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан. Во обраќањето на самитот на премиери од Западен Балкан, Вучиќ...

Во Косово уапсени три лица во врска со нападот на Власи

Косовската полиција синоќа уапсила три лица во врска со ранувањето на косовскиот адвокат Азем Власи. Пред тоа, полицијата во соработка со разузнавачката служба на Косово, уапсила две лица со иницијали М.Ј. и А.Л. Власи е ранет вчера наутро, пред својот стан и се наоѓа надвор од животна опасност. Тој вчера изјави дека бил застрелан од атентатор.

Одлуката за запирање на дијалогот целосно ќе се примени, соопшти Тахири

Парламентарната резолуција за суспензија на дијалогот со Белград во целост ќе биде применета сè додека не биде ослободен поранешниот лидер на ОВК, Рамуш Харадинај, кој во Франција чека судска одлука околу испорачувањето во Србија, соопшти денеска косовската министерка за дијалог, Едита Тахири. Таа смета дека таквата одлука на парламентот нема да ги загрози односите на Приштина со ЕУ. Коментирајќи ја иницијативата...

Ранет познатиот косовски адвокат Азем Власи

Косовскиот адвокат и поранешен југословенски политичар Азем Власи, ранет е утринава, околу 8 часот, пред својот стан во Приштина. Косовската полиција, за балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“, потврди дека едно лице на возраст од 68 години е рането и оти, според полициски сознанија, лицето е надвор од животна опасност. Засега не е познат мотивот за нападот, а повеќе детали за случајот ќе...

Албанската дијаспора ја поддржува албанската платформа

Албанско-американската заедница од Илионис, со седиште во Чикаго ја поддржа албанската платформа и ги поздрави напорите на Албанија и на Косово за решавање на прашањата на Албанците во Македонија. „Претседателството на заедницата одлучи едногласно да ја поддржи заедничката декларација на албанските партии во Македонија, позната како албанска платформа. Го поздравуваме обединувањето на албанскиот политички фактор во Македонија, како и уставната...

Заниер бара продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, синоќа во Приштина се заложи за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија, како и за спроведување на досега постигнатите договори. Тој по средбата со претставници на Српската листа, соопшти дека главна тема на разговорите била „општата политичка и безбедносна состојба на малцинските заедници и функционирањето на институциите во заштита на немнозинските заедници“ во...

ЕУ: Повикот за суспензија на дијалогот со Белград не е во интерес на Косово

Повикот за суспензија на дијалогот меѓу Косово и Србија, во усвоената резолуција на косовскиот парламент, не придонесува за нормализирањето на односите меѓу Белград и Приштина и не е во согласност со досегашната посветеност на Косово на тој процес, соопштила денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Парламентот на Косово усвои резолуција со која се бара...

Вучиќ: Формирањето војска на Косово е спротивно на уставот и на резолуцијата од ОН

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека формирањето војска на Косово претставува кршење на резолуцијата 1244 на Советот на безбедност на Обединетите нации и на косовскиот устав, како и дека околу тоа очекува поддршка и помош од ЕУ, САД, Русија и од „сите други“. На прес-конференција на бизнис-форумот во Копаоник, Вучиќ рече дека вчера телефонски разговарал со претседателот на...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...