fbpx
Таг: компании

таг: компании

Компаниите полошо ја оценуваат економската состојба за годинава во споредба со лани

Компаниите членки на Македонско-германското стопанско здружение, состојбата во стопанството за 2016 година ја оценуваат како малку полоша во однос на минатата година. При оценување на клучните фактори, компаниите се жалат на дефицит на правна сигурност, политичка и социјална стабилност, борбата против корупцијата и криминалот, дисциплината при наплата на побарувањата и непредвидливоста во политиката од која се води стопанството. Проценката за општата...

Даути: Бизнис-заедницата го чувствува нефункционирањето на државата поради политичката криза

Бизнисмените се жалат на нефункционирање на институциите, бидејќи за одговори, решенија, одобренија за почнување и за продолжување инвестиции чекаат и по неколку месеци. - Функционирањето на институциите е отежнато, го чувствуваме секој ден при извршување на секојдневните обврски. Во нив владее волунтаризам, системот не функционира. Деновиве увозниците на овошје и на зеленчук од Албанија се судрија со одредени проблеми, кои...

Грчките мали и средни претпријатија размислуваат за заминување од Грција

Лошата бизнис-клима и високите даноци сè повеќе ги тераат грчките компании да размислуваат за преселба на активностите во странство. Истражувањето на Институтот „Ендевор Грис“ (Endeavor Greece) покажува дека во моментов 9.000 помали грчки компании размислуваат за заминување од државата. Според истражувањето, најголема причина за тоа е е даночната нестабилност во Грција, слабиот пристап до капитал и високите даноци. Иако обично претпоставките се...

Во Тетово избрани општествено-одговорни компании

Седумнаесет компании од тетовскиот регион, од Општина Тетово добија плакети за општествена одговорност во нивното работење, во текот на 2015 година. Изборот го направи тетовскиот Локален економски совет. Компаниите давале финансиска помош на студенти, придонеле за развој на спортот, вклучувале ученици во практика, вработувале лица со посебни потреби и спроведувале проекти за заштита на животната средина. - Се надевам дека овој...

Отворен третиот Саем за вработување и за пракса „Контакт“

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, денеска беше отворен третиот Саем за вработување и пракса „Контакт 2016“. Станува збор за саем на кој рабодатавците доаѓаат кај потенцијалните вработени. - На саемот годинава ќе се претстават околу 15 компании кои вработуваат инженери и ова е можност, студентите да го преземат првиот чекор кон градење на својата кариера. Од друга...

МОН со грант од 700.000 евра ќе финансира проекти меѓу средни училишта и фирми

Министерството за образование и наука (МОН) почнува со реализација на грант програма вредна 700.000 евра чија цел е поврзување на јавните стручни средни училишта со малите, средни и големи компании во земјава, соопшти денеска заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Програмата се спроведува во соработка со Светската банка преку „Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“, а...

Извозот во текстилната индустрија се зголемува, а бројот на работници се намалува

Состојбата во текстилната индустрија се подобрува и извозот се враќа на ниво како пред економската криза во 2008 година, што се должи на зголемена побарувачка на традиционалните партнери и пораст на економијата во Западна Европа. Идните перспективи зависат од економската состојба на Западна Европа и од случувањата во нашата држава. Во текстилната индустрија преовладува лон-работењето, чијшто извоз изнесува 93 отсто...

Македонските градежни компании ќе имаат можност да соработуваат со австриски фирми

Австриската стопанска комора и оваа година организира директни бизнис-средби помеѓу австриски градежни фирми, архитекти, градежни консултанти, производители и трговци на градежни материјали и на обновливи извори на енергија, како и голем број други дејности поврзани со градежништвото со заинтересирани фирми за соработка од Македонија. Конференцијата „Иднина на градежништвото“ (Future of Building) ќе се одржи на 18 април во Австриската стопанска комора во...

Не се очекува пад на цената на становите

Годишно се градат околу 6.000 станови, а трендот на зголемување на бројот на изградени станови ќе продолжи и во наредниот период. Не се очекува пад на цената на станбениот квадратен метар бидејќи, како што велат од Стопанска комора, и досега имало мало намалување. - Цената е политика на фирмите, но не се очекува дека таа ќе се намали. Сепак, компаниите...

Саемот за градежништво ќе се одржи од 1 до 5 март

Саемот на градежништво ќе се одржи од 1 до 5 март на Скопски саем, каде ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и за опремување објекти и имоти. Бројот на изложувачи и оваа година ја достигна бројката од 100 директни компании, респоредени во три саемски хали. Целта на годинешниот саем на градежништво е да...

Европската комисија предлага јавен пристап до податоците за мултинационални компании

Европскиот комесар за финансии, Пјер Московиси, денеска изјави дека Европската комисија во април ќе предложи, финансиските податоци на мултинационалните компании во земјите на Европската унија да станат достапни за јавноста. - Секоја мултинационална компанија треба да ги објавува своите активности, резултати,  финансиски и сметководствени податоци во секоја земја поединечно - изјави Московиси за радиото „Франс антер“. Тој истакна дека Организацијата за економска соработка...

Се намалуваат депозитите на компаниите и на граѓаните

Вкупните депозити во јануари изнесувале 4,87 милијарди евра и се намалиле за околу 80 милиони евра во однос на претходниот месец, кога изнесувале 4,95 милијарди евра, покажуваат последните податоци на Народна банка. Депозитите на компаниите во јануари се намалиле за 73 милиони евра, така што сега тие изнесуваат 1,09 милијарди евра. Заштедите на граѓаните, исто така, доживеале пад во јануари и...

Јакимовска: Нема забавување на активностите на компаниите

Потпретседателката на Советот на странски инвеститори и сопственик на компанијата „Комфи ангел“, Ирена Јакимовска, вели дека предизборниот период и најавата за можни избори во април не ги одвраќаат компаниите од планираните активности. - Нема забавување на производството, извозот и на работните процеси. Како Совет на странски инвеститори, за годинава имаме планирано дополнителни активности, како формирање на Асоцијација на компании од...

Банките лани дале кредити во вредност од 400 милиони евра

Македонските банки лани одобриле кредити во износ од 400 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Според податоците за декември, кредитната поддршка во голем дел била насочена кон корпоративниот сектор, а во помал дел и кон секторот население. По преземените мерки од Народната банка, банките годинава ќе го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта е, како што истакна гувернерот Димитар...

Банките давале повеќе кредити за фирмите, а помалку за граѓаните

Првичните податоци за декември покажуваат силно месечно зголемување на вкупните кредити на приватниот сектор, при што кредитната поддршка во голем дел била насочена кон корпоративниот сектор, а во помал дел и кон секторот население, пишува во најновиот извештај на Народна банка. - Со тоа, кредитите на приватниот сектор го продолжија порастот со солидна годишна стапка, која е повисока од очекуваната...

Година на неизвесност и на несигурен извоз за македонските компании

Годината што почнува, за македонските компании носи неизвесност и несигурност на извозот на производите на странските пазари. За домашниот пазар, велат дека се губи куповната моќ на населението, а за странскиот големо влијание имаат глобалните случувања, како забавување на порастот на кинеската економија и европското ембарго кон Русија. Претседателот на Здружението на металургија при Стопанска комора, Митко Кочовски, вели дека...

Во САД се зголемува бројот на банкротирани нафтени компании

Бројот на банкроти меѓу нафтените и гасните компании во САД во четвртиот квартал оваа година се зголеми на највисоко квартално ниво, покажуваат податоците на Управата на федерални резерви од Далас, јавува њујоршката агенција „Блумберг“. Најмлаку девет американски нафтени и гасни компании кои натрупале долг од повеќе од 2 милијарди долари, поднеле барање за банкрот во четвртиот квартал, се наведува во...

Се формираше клуб на менаџери-претприемачи за поддршка на компаниите

Во рамките на Стопанската комора на Македонија, се формираше клуб на менаџери-претприемачи. Од комората информираат дека со клубот се креира нова алатка што ќе ги поврзе сите добивки на едно место и ќе понуди и нови услуги, за поддршка на малите и на средни компании. Клубот на компаниите ќе им помогне во пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и во...

Две белгиски компании ќе инвестираат во Македонија

Две компании од Белгија, од текстилниот и од секторот логистика, се заинтересирани да инвестираат во Македонија, информираа од Агенцијата за странски инвестиции и за промоција на извозот. Оттаму најавуваат дека следните денови се очекува компаниите да излезат со официјално соопштение. Владин тим предводен од министерот за финансии, Зоран Ставрески, учествуваше на бизнис-форум во Белгија, на кој присуствувале повеќе од 100 белгиски...

Се зголемуваат кредитите за компаниите и за граѓаните

Податоците за ноември покажуваат зголемување на вкупните кредити на приватниот сектор, при што кредитната поддршка била насочена и кон секторот население, и кон корпоративниот сектор, се вели во последниот извештај на Народна банка. - Кредитите на приватниот сектор и понатаму се зголемуваат со солидна годишна стапка на пораст, при што сегашните оцени не упатуваат на поголеми отстапувања од проекциите - се вели...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...