сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: комисија | 173 резултати

Кампања на ХЕРА за заштита од секаква дискриминација

февруари 22, 2017

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) заедно со Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, а со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, од денеска ја почнува кампањата за заштита од дискриминација врз сите основи, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Пораката на кампањата е „Ако е вообичаено, не […]

По 12 години, нова комисија ќе ја истражува смртта на двајца војници на Топчидер

декември 8, 2016

Владата на Србија денеска донесе одлука да формира комисија која ќе ги разгледува фактите и околностите поврзани со смртта на двајцата гардисти на војската на Србија, Драган Јаковљевиќ и Дражен Миловановиќ, во тајниот воен објект на Топчидер во Белград, на 5 октомври 2004 година. Одлуката е донесена по состанокот на премиерот Александар Вучиќ со семејствата […]

Продолжува со работа Комисијата за следење изборни нерегуларности на Обвинителството

ноември 21, 2016

Јавното обвинителство денеска соопшти дека Комисијата за следење изборни нерегуларности, формирана од Јавниот обвинител во март годинава, продолжува со својата работа, чија цел е заштита на изборниот процес од криминални и од други противзаконити активности. Со комисијата претседава обвинител од Јавното обвинителство на Република Македонија, а членови се четворица виши јавни обвинители и основниот јавен обвинител […]

Филип Петровски најавува тужба за Институтот за национална историја

ноември 3, 2016

Директорот на Државниот архив, Филип Петровски, одби да го коментира поништувањето на решението на рецензентската комисија за избор на виш научен соработник во Институтот за национална историја (ИНИ). На новинарско прашање за коментар, Петровски им го сврти грбот на новинарите и си замина со краток одговор дека за тоа нема коментар. Сепак, за кратко се […]

Општина Штип го наградува сопственото претпријатие со најзначајната општинска награда

октомври 28, 2016

Највисоката општинска награда, која се доделува на секои пет години на заслужни граѓани што дале свој придонес во општественото живеење, годинава да се додели на Јавното комунално претпртијатие „Исар“ формирано од Општина Штип, e предлогот на комисијата за доделување на наградата, кој се најде на денешната седница на Советот на Општината. За Осмоноемвриски признанија, што традиционално се […]

Комисиската расправа за предлог-буџетот за 2017 година продолжува и денеска

октомври 8, 2016

За предлог-буџетот за 2017 година, кој изнесува 3,3 милијарди евра, и денеска ќе се расправа на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Седницата е почната на 28 септември и денеска е нејзино осмо продолжение. Поради собраниската расправа за буџетот, Собранието, како што пишуваше „Мета“, за изборите на 11 декември, нема да се распушти на 12 октомври […]

Доставени 422 амандмани за предлог-буџетот за 2017 година, расправата продолжува

октомври 5, 2016

Вкупно 422 амандмани се доставени за предлог-буџетот за 2017 година, од кои 250 се поднесени од ДПА, а 172 се од СДСМ. Во Собранието денеска продолжува петтата амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет. Предлог-буџетот за 2017 година на расправа во матичната собраниска комисија влезе на 28 септември и треба да се разгледува максимум […]

10 години од основањето на Комисијата за заштита на правото на пристап до информации

септември 28, 2016

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на правото на пристап до информации од јавен карактер и 10-годишниот јубилеј од постоењето на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Сите ја знаеме онаа стара изрека дека оној кој ги има информациите тој владее […]

Одложена комисиската расправа за извештајот на СЈО

септември 28, 2016

Претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Влатко Ѓорчев, го откажа продолжението на седницата поради неприсуство на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Ѓорчев рече дека од Јанева не добил известување дека нема да присуствува на седницата, која ја одложи за утре, бидејќи, како што кажа, немало деловнички услови за одржување. Јанева во […]

Димовски: Инсистираме Јанева да се врати на комисијата, без неа не продолжуваме

септември 27, 2016

Според Уставот и Законот за Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева е должна да присуствува на седниците и да ги образложува своите извештаи, изјави денеска Илија Димовски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. – Ние пред неколку дена предложивме да се направи распоред за говорници и за репликанти според кој секоја пратеничка група би имала по […]

Седницата без Јанева e прекината и презакажана за утре во 12 часот

септември 26, 2016

Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците заврши неколку минути откако почна, а претседателот на Комисијата, Влатко Ѓорчев, ја презакажа за утре во 12 часот. – Колеги пратеници, со жалење можам да констатирам дека условите за одржување на седницата не се исполнети затоа што специјалната обвинителка, Катица Јанева, која беше подносител на […]

Јанева: Ми правите мобинг, си одам и не се враќам повеќе

септември 26, 2016

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и рече дека тоа што ѝ се прави е класичен мобинг и најави дека повеќе нема да се врати, освен на пленарна седница. – Ве известувам дека ова е последно што ќе дојдам. Веќе не доаѓам и сега ќе […]

Четврти ден расправа за извештајот на Јанева

септември 26, 2016

Денеска, во 11 часот, ќе продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Четврти ден пратениците ќе расправаат за извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство. На седницата што се одржа во петокот, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, им посочи на пратениците од владејачката партија дека намерно ѝ го трошат времето за да не може да […]

Јанева: Три дена намерно ме држите овде за да не можам да работам

септември 23, 2016

Почна комисиската расправа на која се разгледува извештајот за работењето на Специјалното јавно обвинителство и на која пратениците ѝ поставуваат прашања на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. – Три дена намерно ме држите тука и не ме оставите да работам. Три дена седам тука и одговарам на истите прашања. Вие намерно ме држите тука за […]

На Јанева ѝ е подобро, но не се знае дали ќе се појави на седница

септември 23, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска се чувствува подобро, но сè уште не знаеме дали ќе се појави на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, велат од СЈО за „Мета“. Синоќа по дводневна расправа за вториот извештај за работата на СЈО и одговарање на пратенички прашања, на Јанева ѝ се слоши и […]

Продолжува седницата на собраниската комисија за извештаите на Јанева и на Зврлевски

септември 23, 2016

Денеска во 13 часот треба да продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да продолжи да одговора на прашањата на пратениците. По два дена работа, синоќа на Јанева ѝ се слоши и таа ја напушти седницата. По кратко време од Специјалното јавно обвинителство […]

Јанева: Жал ми е што поради влошената здравствена состојба ја напуштив седницата

септември 22, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, преку соопштение до медиумите им се извини на пратениците што ја напуштила седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, поради нејзината влошена здравствена состојба. – Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу […]

Јанева: Не сум оптоварена што протекуваат информации, сите се во интерес на јавноста

септември 22, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која се расправа за извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство, на пратеничката Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ ѝ ја даде иницијативата за измени во Законот за заштитени сведоци и ја замоли да ја поднесе до Собранието. Ова […]

Извештајот на СЈО на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

септември 21, 2016

Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 март 2016 г. до 15 септември 2016 г. денеска ќе биде разгледан од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Покрај шестмесечниот извештај за работата на СЈО, пред членовите на Комисијата е и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година. […]

Народниот правобранител од пратениците побара повеќе пари за институцијата

септември 5, 2016

На денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која се разгледуваше предлогот за измени на законот за Народниот правобранител, правобранителот Иџет Мемети побара повеќе пари од буџетот за независно дејствување. Тој рече дека тоа што немаат доволно средства им ја отежнува работата. Мемети, исто така, побара од вработените во институцијата […]

Страна 5 од 9