fbpx

Комисиската расправа за предлог-буџетот за 2017 година продолжува и денеска

-

За предлог-буџетот за 2017 година, кој изнесува 3,3 милијарди евра, и денеска ќе се расправа на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Седницата е почната на 28 септември и денеска е нејзино осмо продолжение.

Поради собраниската расправа за буџетот, Собранието, како што пишуваше „Мета“, за изборите на 11 декември, нема да се распушти на 12 октомври туку на некој друг датум.

Документот сè уште се разгледува на собраниските комисии, а допрва ќе треба да се стави на дневен ред на пленарна седница, на која пратениците пет дена ќе треба да расправаат за буџетот.

Со овој предлог-буџет, вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година. Вкупните расходи се на ниво од 206,22 милијарди денари или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава. Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3 проценти од домашниот бруто-производ, односно 18,6 милијарди денари.

Министерот за финансии, Кирил Миноски, во однос на предлог-буџетот за 2017 година изјави дека тој се базира на три основни постулати, а тоа се развој, кој се базира на високиот износ на капитални инвестиции, социјална заштита на најранливите категории граѓани и етапно намалување на буџетскито дефицит за да се постигне фискална консолидација на среден рок.

Според претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Марјанчо Николов од СДСМ, и во 2017 година Владата со неразвоен буџет проектира нов дефицит и нови долгови од 305 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...