fbpx
Таг: Кочо Анѓушев

таг: Кочо Анѓушев

Бектеши ги презентираше условите за инвестирање пред словенечките бизнисмени

Министерот за економија, Крешник Бектеши заедно со министерот за економија и технологија на Словенија, Здравко Почивалшек учествуваа на македонско-словенечкиот бизнис форум на кој присуствуваа над 100 компании од двете земји, организиран во рамки на официјалната посета на нашата земја од страна на владината делегација од Словенија, предводена од премиерот Миро Церар. Бектеши пред бизнисмените од Словенија ги презентираше условите и поволностите...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја, законот не е правен за нивни потреби

Законот за енергетика не е правен за потребите на граѓаните, туку за потребите на Кочо Анѓушев и трговците со струја, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши. Од партијата додаваат дека граѓаните не добиваат поевтина, туку ќе плаќаат поскапа струја. „Либерализацијата на пазарот беше предвидена и од ВМРО-ДПМНЕ. Но доколку...

Анѓушев: Во моментов, Регулаторната комисија за енергетика е зависна од опозицијата

Со стапување во сила на новиот закон за енергетика, кој беше усвоен на владина седница минатата недела и кој треба да биде изгласан во Собранието, ќе престане мандатот на претседателот на Регулаторната комисија за енерегетика (РКЕ), Димитар Петров. Потоа, Владата ќе има рок од 30 дена да достави до Собранието предлог за нов претседател и двајца членови на РКЕ. На...

Со новиот закон за енегетика нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата

Цената на струјата за домаќинствата нема да се зголеми со новиот предлог-закон за енергетика кој помина на владина седница, тврди вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој рече дека домашното производство на електрична енергија ќе биде насочено кон граѓаните, за да тие, особено од најранливите групи, бидат заштитени од покачување на цените на струјата. - Цената на електрична енергија на домаќинствата...

Анѓушев: Ќе се отворат четири регионални депонии за собирање и преработка на отпад

Владата ќе има регионален пристап кон еколошкиот проблем и затоа ќе отвориме четири регионални депонии за собирање и преработка на отпад, најави денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на обраќањето на конференцијата „Загаденоста на воздухот и нерегулирани депонии“, во организација на Балканската асоцијација за животна средина (БЕНА). „Треба да се определиме за похрабри чекори кон решавање на проблемите со животната средина.Прв ваков...

Претходната власт плаќала три пати поскапо за авионски карти, хотели и ресторани

Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавните фунцкии, која владата ја промовираше вчера, покажува дека најголеми разлики во трошењето помеѓу сегашната и минатата власт има во авионските карти, хотелското сместување, но и кај трошењето во ресторани во странство. За шестмесечен период, министерствата предводени од минатата власт за овие ставки потрошила двојно, а некаде и тројно повеќе народни пари за...

Анѓушев: 40 милиони евра за компаниите преку ИПА-програмата за 2019 година

На денешната средба со компаниите членки на Сојузот на стопански комори ССК, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев им порача дека може да ги користат средствата предвидени во третиот столб од Програмата за економски пораст, а кои се даваат преку Фондот за иновации. Компаниите за овие мерки може да конкурираат во март и во јуни, врз основа на резултатите од...

Компаниите ги кажаа забелешките, законот за инвестиции влегува во владина процедура

Компаниите, членки на Стопанската комора на Македонија, на средбата денеска со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши ги кажаа забелешките за Законот за поддршка на инвестициите кој наскоро ќе влезе во владина процедура. Анѓушев рече дека досегашните забелешки добиени преку јавните дебати биле вградувани во законот, но и дека денеска слушнале неколку корисни сугестии. -...

Анѓушев и Бектеши на разговор со бизнисмените за економските мерки

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ќе се сретнат со компаниите членки на Стопанска комора на Македонија, во 12 часот. На средбата, како што информираат од Комората, ќе се дискутира за предложените мерки кои треба да условат подобрување на конкурентноста и зголемување на инвестициите, со цел поттикнување на економскиот раст на македонската економија.

Промовирана програмата за поддршка на малите и средни претпријатија

Микро, малите и средните претпријатија ќе бидат најсилно поддржани преку мерките од Планот за економски раст, најавија денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски. Анѓушев потенцираше дека микро, малите и средни претпријатија се во привилегирана положба, затоа што ќе можат да ги користат мерките...

Инфраструктурата и енергетиката, теми на Инвестицискиот самит во Лондон

Инфраструктурното и енергетското поврзување на земјите од Западен Балкан биле едни од главните теми за кои, премиерите на земјите од Западен Балкан, разговарале на „Регионалната инвестициска платформа“ на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), што се одржа во Лондон. „Зборувавме за Коридорот 8 и Коридорот 10, но и другите коридори кои поминуваат низ...

Азески: Државата за прв пат ќе извезува ум на организиран начин

Државата за прв пат ќе извезува ум на организиран начин, рече денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески при денешната промоција на Клубот на консултанти и експерти. Овој клуб кој ќе функционира во рамките на Комората, потпиша Спогодба за соработка со швајцарската консултантска компанија „АФ консалтинг“, за да можат македонските експерти да работат на странските пазари. - Можеби нема да се...

Кафемати за светски брендови ќе се произведуваат во ТИРЗ-Прилеп

Германската компанија „ВИК“ ќе почне со прозводство на кафемати за светски познати брендови во ТИРЗ Алинци –Прилеп, беше истакнато денеска на прес-конференција во Владата. По Кина и Индонезија, Македонија е третата дестинација во која „ВИК“ отвора производствен погон со почетна инвестиција од 6 милиони евра и 60 работни места. За следните пет години, планирано е инвестицијата да се зголеми на 12...

Анѓушев: Oсум нови компании влегоа во ТИРЗ со нула денари потрошени за промоција

Во изминатите месеци, осум нови компании влегоа во фаза на реализација на своите проекти во Технолошко-индустриските равојни зони (ТИРЗ), информираше денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. - Вкупно планираните инвестиции се околу 73,5 милиони евра и планирано е отворање на над 1.500 нови работни места во наредните години. А треба да знаеме дека сето тоа е направено со нула денари трошок...

„МЖ – Транспорт“ е во тешка финансиска сосотојба, се бара долгорочно решение

Постојат повеќегодишни проблеми со кои се соочува „МЖ - Транспорт“, недомаќинско работење и несервисирање на долговите, што довело до загрозување на ликвидноста на компанијата. Ова било истакнато на средбата на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески со раководството на „Македонски железници - Транспорт“. На средбата бил направен пресек на работата, но и презентација...

Три милиони евра за поттикнување на конкурентноста и ЕУ-реформи

Денеска во ЕУ-инфоцентарот се одржа промоција на договорите за грантови од ИПА-2013 за проекти „Зголемување на конкурентноста во Република Македонија“ и грантови за „Зголемено учество на граѓанскиот сектор во реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ“. Беа потпишани 25 договори за реализација на проекти со невладини организации, а вкупната вредност на неповратните средства за грантовите изнесува над 3 милиони евра. - Сметам дека учеството...

„Фени“ ќе почне со работа во февруари, но не се знае кој датум

Комбинатот „Фени“ ќе почне со работа во февруари, но конкретниот датум не се знае информираат од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. „Истовремено потенцираме дека постапката е во надлежност на судската власт, како и во согласност со одлуките на Одборот на доверители и ќе продолжи да се спроведува и понатаму. Напоменуваме дека за целосно рестартирање на работата на...

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Грција го награди Анѓушев за лицитирањето со ново име?

Мошне симптоматично е што истовремено додека засилено се одвиваат преговори помеѓу Грција и Република Македонија, во услови кога Заев е убеден дека ќе го реши името, вицепремиерот Кочо Анѓушев лицитира со имиња на државата а потоа ја продава неговата фирма на грчкото електростопанство, порача  Христијан Делев на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. - Целата јавност беше сведок дека Анѓушев од...

Грчкото електростопанство ја купува ЕДС на вицепремиерот Анѓушев

Грчката национална компанија за производство на струја, „Паблик пауер корпорејшн“ ППЦ (Public Power Corporation) ја почнала постапката за купување на компанијата „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС) на вицепремиерот Кочо Анѓушев, информираат од компанијата. Од таму се додава дека, постапката за целосно купување на групацијата ЕДС со сите нејзини подружници на Балканот, ќе се реализира откако одобрение за тоа ќе издаде македонската Комисија...

Анѓушев: Мора да се промени начинот на греење – гасификацијата е најдобро решение

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев одговарајќи на пратенички прашања денеска во Собранието рече дека според истражувањата најголем загадувач е затоплувањето на домаќинствата, а потоа следуваат автомобилите па индустријата. - Проблемот со загадувањето треба да се реши со дејствување врз изворите, а не врз последиците. Мораме да го измениме начинот на греење. Не може на дрва, сецкан ќумур или гуми...