fbpx
Таг: Кочо Анѓушев

таг: Кочо Анѓушев

Државата останува на ставот за зголемена акциза на дизелот

Државата нема да преземе мерки во однос на континуираниот пораст на цената на нафтата и нафтените деривати и останува на ставот дека мора да остане акцизата за дизелот која од оваа година е зголемена за 3,5 денари, одговори на новинарско прашање вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, во врска со поскапувањето на горивата. Тој вети мерки кои се однесуваат на транспортерите...

Анѓушев: Промената на трасата на гасоводот од Водно ќе ја одложи изградбата за пет години

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев смета дека, ако се промени трасата на гасоводот од Водно, изградбата ќе се одложи до пет години. Затоа, како што одговори на новинарско прашање, треба да се вложат сите средства уништувањето на зеленилото да се сведе на минимум, а потоа сè што ќе биде уништено да се санира и да се надомести со ново...

Жбогар: Сакаме луѓето полесно да патуваат и да се овозможи економски развој

Вицепремиерите Кочо Анѓушев, Бујар Османи, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, извршија увид на реконструираните железнички станици во Велес и во Чашка, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“ со која се промовира поддршката од ЕУ за подобрување на инфраструктурата во земјата. Во рамките на соработката, реновирани се 10 железнички...

Анѓушев: Владата ќе направи напори за помош на „Југохром“ за поставување на филтрите

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како што известија од неговиот кабинет, на денешната средба со менаџментот и синдикатот на „Југохром Алзар“ и на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) порачал дека комбинатот не може да почне со работа сè додека не се постават филтрите за отпрашување, а Владата е подготвена да помогне тоа да се реализира. „Вицепремиерот истакна...

Анѓушев: Ќе се гради далекувод до Албанија и гасовод до Грција

Добивме позитивни сигнали од меѓународните финансиски институции за поддршка во реализацијата на инфраструктурни проекти, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој учествуваше на „Стратешкиот дијалог за Западен Балкан“, настан во организација на Светскиот економски форум и на „Виенскиот економски форум“, настани во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се организира во Софија. Тој додаде дека средствата ќе бидат наменети за...

На Самитот во Софија ќе се дискутура и за економскиoт развој на Западен Балкан

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК),  Данела Арсовска ќе има обраќање за спроведувањето на економските реформи во Македонија во процесот на приближување до Европската унија, со што и официјално ќе започне економскиот форум на Самитот на Европска унија за Западен Балкан во Софија. Арсовска заедно со министерот за економија на Бугарија, Емил Караниколов, претседателот на Винескиот економски форум, Гунтер Рабенштајнер, претседателот на...

Владата и бизнис-заедницата потпишаа меморандум за подобра соработка

Четирите стопански комори и Владата денеска потпишаа Меморандум за формално воспоставување на јавно-приватен дијалог. Меморандумот за соработка треба да придонесе за поголема соработка помеѓу бизнис-заедницата и Владата, зајакнување на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор, особено во делот на легислативата. Директорот на Канцеларијата за развој на УСАИД, Македонија, Едвард Гонзаелс, оцени дека е зголемен дијалогот меѓу Владата и приватниот сектор во последните месеци. -...

Анѓушев: Новиот закон за енергетика ќе штити од неконтролиран раст на цените на струјата

На денешната јавна расправа за предлог- законот за енергетика во Собранието, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев порача дека овој закон се носи за доброто на граѓаните и дека обезбедува конкурентност во енергетскиот сектор. „Овој Закон обезбедува конкурентност, а кога постои конкурентност има и бенефит за крајните корисници, бидејќи со зголемена конкуренција се подобрува квалитетот на услугите и се намалуваат цените“, рече...

Остри полемики за законите за финансиска поддршка на инвестициите и за енергетика

Со многу остри полемики и обвинувања помеѓу власта и опозицијата, денеска Собранието во рамките на 45-тата седница, покрај десетина закони што ги изгласа без расправа, го донесе и Законот за финансиска поддршка на инвестициите. На гласањето му претходеше долга расправа со многу реплики и контрареплики помеѓу вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а во дискусијата се вклучија и неколкумина...

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел на врхушката го притиска бизнисот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта, не само што не ги исполнила ветувањата за подобар живот за сите граѓани, туку и лажела дека ќе обезбеди просечна плата од 30.000 денари. Наспроти тоа, како што велат од партијата, „животот во Македонија дојде само за криминалниот картел составен од Заеви, Анѓушев и врхушката на власт“. ВМРО-ДПМНЕ вели дека одраз на тоа е и...

Анѓушев: Продажбата на ЕДС беше максимално транспарентна

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев за продажбата на неговата компанија ЕДС на грчката национална компанија за производство на електрична енергија ППЦ рече дека транзицијата на сопственоста ќе трае дваесетина дена. - По финасиската трансакцијата, согласно законите во Македонија ќе си платам персонален данок и средствата што сум ги добил од продажбата ќе ги прикажам во мојот анкетен лист. Им...

Анѓушев за 4,8 милиони евра ја продаде ЕДС на грчкото Електростопанство

Вицепремиерот Кочо Анѓушев, сопственик на компанијата за трговија со струја ЕДС, денеска го потпиша договорот со Грчката национална компанија за производство на струја ППЦ, со кој ЕДС станува целосно во сопственост на грчкото електростопанство. Како што соопштија компаниите, ЕДС, која преку своите подружници работи во Словачка, Унгарија, Романија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Македонија, Грција и Бугарија, е продадена за...

ЕБОР ќе ги финансира домаќинствата преку програмата за енергетска ефикасност

Секое едно евро инвестирано во енергетска ефикасност заштедува 2,2 евра во производството на електричната енергија, информираше денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на промоцијата на „Програмата за финансирање на зелената економија (GEFF) во Македонија“, која ќе се имплементира преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Анѓушев потенцираше дека станува збор за корисна програма и дека Владата ќе покаже висок...

Анѓушев: Прогресивниот данок претставува порамномерен товар на даночната политика

Во државата во моментов се води само дискусија за промена на персоналниот данок, а сите останати даноци и понатаму остануваат исти, одговори на новинарско прашање вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на „Конференцијата за зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори - Можности и предизвици“ - Данокот на добивка, данокот...

Анѓушев: Извештајот на ЕК реално ги отсликува состојбите во економијата

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, смета дека извештајот на Европската комисија реално, прецизно и точно ги отсликува сите состојби во македонската економија. На новинарско прашање во врска со економските забелешки во овој извештај, на учеството на Дигиталниот самит тој рече дека владиниот План за економски пораст треба да помогне да се подобрат состојбите на кои се укажува, како сивата...

Анѓушев: Иднината на енергетиката е во обновливите извори

Вицепремиерот Кочо Анѓушев во обраќањето на Самитот за енергетска транзиција и дијалог за обновливи извори за енергетска сигурност што се одржува во Берлин рече дека иднината на енергетиката е во обновливите извори. - Клучниот предизвик е како да се развиваат енергетските капацитети од обновливите извори и притоа да се воспостави механизам со тоа да не се влијае врз цената на...

Анѓушев учествува на самит за енергетска сигурност во Германија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев е во службена посета на Германија, каде што учествува на четвртиот Самит за енергетска транзиција и дијалог за обновливи извори во енергетска сигурност, во организација на германската Влада. Вицепремиерот ќе има обраќање на денешната попладневна сесија „Придонес на обновливите извори во енеретската сигурност“, а ќе оствари и средби со министри за енергетика кои ќе...

Вработените во „Колска“ блокираа возови поради неисплатени плати

Вработените на фабриката за шински возила „Колска“ утрово од 7 до 9 часот ја блокираа Железничката станица во Велес, поради доцнењето на платите и тоа со месеци, јави СДК. За време на двочасовниот штрајк беше блокиран патничкиот воз од Скопје за Битола, кој поради тоа доцнеше 90 минути. Работниците велат дека штрајкуваат и поради тоа што неодамна им било соопштено...

Анѓушев и Љајиќ ќе ја олеснуваат трговијата помеѓу Македонија и Србија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев кој денеска е во официјална посета на Србија, одржа состанок со потпретседателот и министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ. Вицепремиерите, како што соопштуваат од кабинетот на Анѓушев, се договориле Владите до 30 јуни да ги потпишат и ратификуваат Меморандумот за соработка во областа на безбедност на храна и ветеринарнство и Меморандум за фитосанитарна соработка,...

Анѓушев: Законот ќе обезбеди транспарентност во поддршката на компаниите

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев се обрати на седницата на Комисијата за економски прашања во Собранието, на која одговараше на прашања од пратениците за потребата од донесување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. „Законот претставува замена на нетранспарентната шема на државна помош со која во претходните години беа поддржани само 23 компании, а притоа се потрошени над 225...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...