fbpx
Таг: Кочо Анѓушев

таг: Кочо Анѓушев

Анѓушев: За гасоводот на Водно има регулирана градежна дозвола и земено е кредит

Магистралниот гасовод низ Водно има регуларна градежна дозвола, за негова изградба државата има земено кредит и потпишано договори со изведувачи, одговори денеска на новинарско прашање, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Тој додаде дека станува збор за проект среде имплементација и секоја промена ќе значи одолжување на градбата на гасоводот и дополнително сечење на шума за греење на граѓаните. - Одложувањето...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата имаше доволно време да ги ревидира проектите, ако имало потреба

За катастрофалната реализација на капиталните инвестиции од 16,65 проценти мора да има одговорност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Од таму додаваат дека „оправдувањата дека проектите наводно не чинеле се банални и смешни, бидејќи владата на СДСМ ја има власта повеќе од една година и имаше доволно време да ги ревидира,...

Анѓушев: Референдумот нема позначајно да влијае на економскиот раст на државата

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес-конференција рече дека растот на индустриското производство од 12,1 отсто во јуни во однос на истиот месец лани и растот на просечната плата забележан во мај покажуваат дека економските политики на Владата се добри и оти даваат резултати на долг рок. Тој додаде дека економијата се мери со бројки, а не со политизирање и...

Јанушев: Власта со референдумското прашање ги гази законите и демократската практика

Свесни дека договорот е штетен за државата и граѓаните и свесни дека е спротивно на волјата на граѓаните, парламентарното мнозинство се обидува со сила, без прифаќање на аргументите на опозицијата да протурка прашање кое е безсмислено и повеќезначно, обвини Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека се врши „брутално газење на воспоставената демократска практика“ било кое референдумско прашање...

Обвинителството оформи предмет за грантовите на Фондот за иновации

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас по објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој. Како што соопштија од Обвинителството, се преземаат дејствија за истражување евентуални кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на...

Активистите не го даваат Водно, иако МЕР понуди нова траса на гасоводот

Граѓанските иницијативи и здруженија во Владата ќе го пренесат својот непроменлив став против уништувањето на Водно. Средбата во Владата на која ќе присуствува вицепремиерот Кочо Анѓушев е закажана за денеска во 17 часот. Тие велат дека се задоволни што заеднички го увериле и убедиле Анѓушев за штетата што овој дел од гасоводот ќе ја предизвика врз Водно. „Но, во исто време длабоко...

„Теламон“ од САД ќе инвестира четири милиони евра и ќе отвори 300 работни места

Американската компанија „Теламон корпорејшн“ ќе добие државна помош за инвестиции во државата. Министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, информираше дека компанијата која се занимава со производство на кабли и е присутна на американскиот и пазарите во Мексико и Кина, планира почетна инвестиција во Инџиково од четири милиони евра и 300 нови работни места. Апостолска посочи дека предвидената поддршка е во делот на...

ВМРО-ДПМНЕ: Боро Стојчев не е единствениот од власта вмешан во криминал

Градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, не е единствениот функционер на власта за кој што постојат сериозни индиции за криминал. Наместо обиди за дефокусирање од големите криминали, јавноста очекува истраги за сомнителните милионски тендери на Заеви, Анѓушев и Спасовски. Заради нив Македонија е на дното на листите за корупција и срам за цела Европа, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска. „Доколку властите не...

Анѓушев: Гасоводот мора да поминува низ Водно, но ќе има нова траса

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи, заедно со претставници од иницијативата „Го сакам Водно“ денеска ја поминаа трасата по која треба да поминува гасоводот, за лично да се уверат каква шума и зеленило ќе бидат уништени. Анѓушев вели дека слушал различни спротивставени ставови за тоа колку шума треба да се исече...

Анѓушев и Манчевски учествуваат на Самитот за Западен Балкан во Виена

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски учествуваат на работен состанок на министри за економски ресори, што се одржува во Виена, како активност во рамки на Петтиот самит за Западен Балкан, информираат од Влада. Анѓушев ќе се обрати на сесија на која ќе се дискутира за регионалната економска област, а обраќање на...

Анѓушев: Рударството е важно, треба да се смени перцепцијата на граѓаните

Во Македонија кога ќе се спомне рударство се раѓаат негативни чувства, мора да отвориме дискусија зошто е тоа така рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на отворањето на 3. Европски форум за рударство и истражување „Minex Europe 2018“  организиран од Стопанска комора на Македонија. - Мој заклучок е дека таквата состојба е генерирана од неодговорниот однос на дел од концесионерите...

Анѓушев и граѓаните ќе ја разгледуваат трасата на гасоводот низ парк-шума Водно

На повик на вицепремиерот Кочо Анѓушев, вчера, претставници од граѓански инцијативи се сретнаа со него, заедно со директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и шефот на неговиот кабинет, Никола Наумоски, во просториите на Владата. „Некој го довел во заблуда вицепремиерот дека се работи за шума од 600 метри до максимален потег од еден километар која би се исекла...

Анѓушев: Никој не може да каже дали струјата ќе биде поевтина

Никој со сигурност не може да каже дали цената на електричната енергија во иднина ќе биде пониска. Тоа е како да прашате, дали цената на нафтата или на некој метал ќе биде пониска, одговори денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев на новинарско прашање во врска со цените на струјата согласно новиот Закон за енергетика. - Сепак можам да гарантирам дека...

Државата останува на ставот за зголемена акциза на дизелот

Државата нема да преземе мерки во однос на континуираниот пораст на цената на нафтата и нафтените деривати и останува на ставот дека мора да остане акцизата за дизелот која од оваа година е зголемена за 3,5 денари, одговори на новинарско прашање вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, во врска со поскапувањето на горивата. Тој вети мерки кои се однесуваат на транспортерите...

Анѓушев: Промената на трасата на гасоводот од Водно ќе ја одложи изградбата за пет години

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев смета дека, ако се промени трасата на гасоводот од Водно, изградбата ќе се одложи до пет години. Затоа, како што одговори на новинарско прашање, треба да се вложат сите средства уништувањето на зеленилото да се сведе на минимум, а потоа сè што ќе биде уништено да се санира и да се надомести со ново...

Жбогар: Сакаме луѓето полесно да патуваат и да се овозможи економски развој

Вицепремиерите Кочо Анѓушев, Бујар Османи, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, извршија увид на реконструираните железнички станици во Велес и во Чашка, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“ со која се промовира поддршката од ЕУ за подобрување на инфраструктурата во земјата. Во рамките на соработката, реновирани се 10 железнички...

Анѓушев: Владата ќе направи напори за помош на „Југохром“ за поставување на филтрите

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како што известија од неговиот кабинет, на денешната средба со менаџментот и синдикатот на „Југохром Алзар“ и на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) порачал дека комбинатот не може да почне со работа сè додека не се постават филтрите за отпрашување, а Владата е подготвена да помогне тоа да се реализира. „Вицепремиерот истакна...

Анѓушев: Ќе се гради далекувод до Албанија и гасовод до Грција

Добивме позитивни сигнали од меѓународните финансиски институции за поддршка во реализацијата на инфраструктурни проекти, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој учествуваше на „Стратешкиот дијалог за Западен Балкан“, настан во организација на Светскиот економски форум и на „Виенскиот економски форум“, настани во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се организира во Софија. Тој додаде дека средствата ќе бидат наменети за...

На Самитот во Софија ќе се дискутура и за економскиoт развој на Западен Балкан

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК),  Данела Арсовска ќе има обраќање за спроведувањето на економските реформи во Македонија во процесот на приближување до Европската унија, со што и официјално ќе започне економскиот форум на Самитот на Европска унија за Западен Балкан во Софија. Арсовска заедно со министерот за економија на Бугарија, Емил Караниколов, претседателот на Винескиот економски форум, Гунтер Рабенштајнер, претседателот на...

Владата и бизнис-заедницата потпишаа меморандум за подобра соработка

Четирите стопански комори и Владата денеска потпишаа Меморандум за формално воспоставување на јавно-приватен дијалог. Меморандумот за соработка треба да придонесе за поголема соработка помеѓу бизнис-заедницата и Владата, зајакнување на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор, особено во делот на легислативата. Директорот на Канцеларијата за развој на УСАИД, Македонија, Едвард Гонзаелс, оцени дека е зголемен дијалогот меѓу Владата и приватниот сектор во последните месеци. -...

Османи: Добивме чиста формулација за македонскиот јазик, без никакви додавки

Во предлогот на француското претседателство за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ имаме чиста формулација за македонскиот јазик, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи...