fbpx
Таг: Јемен

таг: Јемен

САД ја затвораат амбасадата во Јемен

САД, наводно, одлучиле да ја затворат амбасадата во Јемен поради влошување на безбедносната ситуација во земјата, јавува „Раша тудеј“. Јеменскиот персонал на американската амбасада во Сана, наводно, од амбасадорот добил известување дека мисијата ќе биде затворена во следните 24 часа. Амбасадите на САД во Турција и во Алжир, пак, според истиот извор, добиле известување да се грижат за американските интереси во...

Владата и претседателот на Јемен поднесоа оставки

Владата и претседателот на Јемен, Абдрабух Мансур Хади, вечерва поднеле оставки на своите функции среде напнатата ситуација со шиитските бунтовници познати како Хути, соопштиле официјални претставници на Јемен, јавуваат светските медиуми. Како што наведува „Си-Ен-Ен“, оставките следуваат откако владата и Хутите постигнале пробен мировен договор за прекин на повеќедневните нереди. Веста за оставката на претседателот на Јемен била објавена кратко по...

Земјите од Заливот го поддржуваат претседателот на Јемен

Шесте земји од Советот за соработка во Персискиот Залив го осудија обидот за државен удар во Јемен и ветија поддршка за претседателот Абд-Рабу Мансур Хади, објави „Радио Слободна Европа“. Советниците на јеменскиот претседател тврдат дека тој сè уште е на власт, и покрај тоа што шиитските бунтовници Хаути го контролираат главниот град Сана и го опколија Хади во неговиот дом. Министрите...

Бунтовниците го заробија претседателот на Јемен

Шиитските бунтовници го држат заробен претседателот на Јемен, Абдрабух Мансур Хади во неговиот дом во Сана, јавуваат странските медиуми. Бунтовниците, според локалните медиуми, ги истерале членовите на обезбедувањето на претседателот и поставиле свои луѓе кои не му дозволуваат на Хади да го напушти домот, а под своја контрола го имаат премиерот Халед Бахах, како и шефот на кабинетот на претседателот,...

Јемен: Затворени аеродромот и пристаништето во Аден

Властите во Јемен го затворија вториот најголем аеродром во земјата во градот Аден, во знак на протест што шиитите ја презедоа власта во главниот град Сана. Шефот на аеродромот во Аден, Тарек Абди, рече дека аеродромот ќе остане затворен на неопределено време, во согласност со наредбите на гувернерот. Кон протестот се приклучија и локалните власти, кои го затворија пристаништето во...

Итна седница на Советот за безбедност на ОН поради кризата во Јемен

Советот за безбедност на ОН денеска зад затворени врати расправаше за кризата во Јемен, каде шиитските бунтовници ја презедоа претседателската палата во Сана. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, изрази сериозна загриженост, повикувајќи ги сите страни во земјата да ги прекинат борбите и да ги преземат неопходните чекори за враќање на легитимитетот и на авторитетот на владините институции. Шиитските бунтовници од милициската...

Јемен: Бунтовниците ја зазедоа претседателската палата

Шиитските бунтовници денеска ја зазедоа претседателската палата во јеменската престолнина Сана, по кратка борба со обезбедувањето, соопштија извори од јеменските безбедносни сили. Очевидци потврдија дена силите на Хути и чуварите на палатата се судриле, а по кратката борба, бунтовниците ја презеле контролата над палатата, во која се наоѓа и канцеларијата на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади.

АКАП: Обама им пресуди на заложниците во Јемен

Американскиот претседателот на Барак Обама е целосно одговорен за загинувањето на двајцата заложници во Јемен при неуспешната спасувачка операција на американските и на јеменските специјални сили, соопшти групата Ал Каеда на Арапскиот Полуостров. - Обама ја потпиша смртната пресуда на својот американски сограѓанин Лук Сомер, како и таа на јужноафриканскиот заложник Пиер Корки - соопшти Насер ал Анси, еден од...

Јемен: Американски заложник убиен при спасувачка операција

Американски заложник, Лук Симер, е убиен во Јемен за време на спасувачката акција на американските и на јеменските сили. Американскиот претседател Барак Обама го осуди убиството на фоторепортерот, кој повеќе од една година е киднапиран во Санаа, нарекувајќи го „варварско убиство“. Висок официјален претставник на безбедносните служби во Јемен претходно изјави дека Сомерс е повреден, но дека не знае што потоа се...

(ВИДЕО) Бомбашки напад на иранската резидеција во Јемен

Најмалку две лица утринава загинаа во силни експлозии на бомби во близина на резиденцијата на иранскиот амбасадор во главниот на Јемен, Сана, соопштија неименувани државни претставници. И двете жртви биле припадници на обезбедувањето на резиденцијата на иранскиот амбасадор. Судбината на амбасадорот, чија резиденција била мета на нападот, сè уште не е позната, јавуваат светските агенции. Агенцијата наведува дека неколку околни згради се...

Јемен: Уништен главниот нафтовод

Вооружени припадници на племињата го дигнаа во воздух главниот нафтовод во Јемен, поради што е запрен извозот на нафта, соопшти јеменското министерство за одбрана. Нафтоводите и гасоводите во Јемен се честа мета на членовите на племињата кои се во судир со централната власт, што предизвикува недостиг на гориво и намалување на заработувачката на сиромашната земја. На веб-страницата на министерството се наведува дека...

ЈЕМЕН: Убиени седум припадници на Ал Каеда

Седум припадници на Ал Каеда, меѓу кои и жени, загинаа при нападите на американските беспилотни летала во Јемен, соопшти јеменското министерство за одбрана. Мета на нападите, според племенските извори, биле неколку припадници на Ал Каеда кои се собирале „под група дрва“ во близина на Азана, покраината Шабви. Истиот извор потврди дека седум припадници се убиени. Министерството за одбрана соопшти дека жената...

Ал Каеда со обид за убиство на амбасадорот на САД во Јемен

Ал Каеда соопшти дека се обидела да го убие американскиот амбасадор во Јемен, но дека „двете поставени експлозивни направи биле откриени неколку минути пред активирањето“. Во соопштнието објавено на исламистичката веб-страница „Ансар ал Шарија њуз“, Ал Каеда тврди дека двете бомби биле поставени пред домот на претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади, и требало да бидат активирани во четвртокот, кога американскиот...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...