fbpx
Таг: Јемен

таг: Јемен

Повеќе од 80 загинати во крвави судири во Јемен

Повеќе од 80 лица загинале во последните 24 саати во конфлитки помеѓу бунтовниците и јеменските сили за безбедност во Таиз. Телата на 50 шиитски бунтовници биле пронајдени во рушевините во конфликтната зона во Таиз,  додека најмалку 30 припадници на силите за безбедноста настрадале во тие конфликти. Јеменската војска се обидува да ја преземе контролата над Таиз, која е во рацете на бунтовниците од...

Јемен: Шест жртви во судирите со Хутите

Шест цивили денеска се убиени во артилериски напад на бунтовниците Хути во Таиз, третиот град по големина во Јемен, соопштија претставниците на земјата. Според зборовите на претставниците, кои не биле овластени да даваат изјави, бунтовниците го нападнале Таиз за да ја сочуваат контролата во градот. Според истите извори, бунтовниците се повлекуваат од југот на Јемен, каде се забележани бројни воздушни напади на...

Јеменските власти ја презедоа контролата врз воената база Ал Анад

Јеменското министерство за одбрана денеска соопшти дека владините сили ја презеле контролата над најголемата воена база Ал Анад, која од март годинава беше во рацете на шиитските бунтовници од племето Хути. Министерството ја поздрави акцијата на вооружените сили лојални на претседателот Абд Мансур Хади. Арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабоја, од 26 март ги бомбардира позициите на шиитските бунтовници, поддржувајќи...

Хутите извршија напад за време на примирјето во Јемен

Шиитските бунтовници Хути утринава нападнале град во провинцијата Таез на југот на Јемен, набргу по стапувањето на сила на хуманитарното примирје од пет дена, соопштија очевидци. Бунтовниците испукале тенковски гранати на станбеното подрачје на градот Џебел Сабр. Нема информации за жртви во нападот. Со исклучок на овој напад, примирјето се почитува во другите делови на Јемен.

Јеменските милитанти го зазедоа Аден

Милитантните активисти во Јемен го зазеле главното пристаниште во јужниот град Аден, како и соседниот округ Муала, за да ги протераат доминантните сили на Хутите во земјата. Локалните напаѓачи, кои ја ја поддржуваат коалицијата предводена од Саудиска Арабија, веќе три месеци се судираат со Хутите, иранските сојузници, кои во март и во април годинава значително напредувале во заземање на градот.

ОН прогласи највисок степен на хуманитарна тревога во Јемен

Портпаролот на ОН, Фархан Хак, изјави дека е прогласен трет, највисок степен на хуманитарна тревога во Јемен, каде продолжува конфликтот меѓу приврзаниците на владата и шиитските бунтовници Хути. Одлуката била донесена по состанок одржан по барање на заменикот генерален секретар за хуманитарни прашања, Стивен О’Брајан. Највисокиот степен на тревога ќе значи мобилизирање дополнителни ресурси за давање помош на населението. Во Јемен, повеќе од 21...

Во напад во Јемен, загинаа 20 цивили

Во денешниот напад на шиитските бунтовници врз станбен дел во јеменскиот град Аден, загинаа најмалку 20 цивили, а 41 лице се повредени. Петнаесет ракети од типот „катјуша“ биле истрелани рано изутринава во овој кварт од градот, каде прво била нападната една фреквентна улица. Аден е центар на жестоки борби меѓу шиитските бунтовници и провладините сили.

Воздушни напади во Јемен

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија со воздушни напади погоди бунтовнички воени база во главниот град на Јемен, Сана, а борбите доведоа до жртви и на границата меѓу Саудиска Арабија и Јемен. Воздушните напади биле насочени кон воздухопловна база во близина на аеродромот во Сана, како и кон воена инсталација во близина на претседателската палата. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија...

Саудиска Арабија ги продолжува нападите врз Јемен

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во текот на ноќта го нападна главниот јеменски град Сана, целејќи кон силите лојални на поранешниот претседател Али Абудалху Селаху на истокот и на југот на градот. Станува збор за прв напад на град по шестдневниот прекин на огнот, кој заврши во неделата навечер, иако воените операции продолжиле во понеделникот во провинцијата Сада на северот на...

Сенегал се вклучува во коалицијата против бунтовниците во Јемен

Сенегал со 2.100 војници ќе се вклучи во меѓународната коалиција против шиитските бунтовници во Јемен, предводена од Саудиска Арабија. Вклучувањето на Сенегал следува по барањето на саудискиот крал Салман. Шефот на сенегалската дипломатија, Макеур Ндијае, соопшти дека се приклучуваат кон коалицијата бидејќи јеменските бунтовници претставуваат закана не само за регионалната стабилност, туку и за исламот.

Бомбардирани позициите на Хутите во Јемен

Борбените авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија утринава гаѓаа позиции на Хутите, во селата јужно од јеменското пристаниште Аден, изјавија жители на подрачјето. Авионите гаѓале тенкови што му припаѓаат на движењето чиј сојузник е Иран. Меѓународната коалиција пред два дена објави дека ја завршила 30-дневната кампања на воздушни напади во Јемен, но саудискиот портпарол подоцна рече дека бомбардирањето ќе продолжи затоа...

Саудиска Арабија ги продолжува нападите на Јемен

Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија денеска го бомбардираше градот Таез, на југозападот на Јемен, каде бунтовниците Хути претходно нападнаа камп на војската на актуелниот јеменски претседател, Абд Раб Мансур Хади. Неименувани извори соопштија дека мета на нападот бил воен камп, каде рано наутро се судриле приврзаниците и противниците на Абд Раба Мансур Хади.

Иран го поздрави запирањето на бомбардирањето врз Јемен

Запирањето на четиринеделната воздушна кампања во Јемен од коалицијата предводена од Саудиска Арабија, беше поздравено Иран. Според иранското министерство за надворешни работи, тоа претставува чекор напред кон наоѓање мирно решение во таа земја. Претходно Саудиска Арабија соопшти дека кампањата врз шиитските бунтовници Хути во Јемен завршила, бидејќи биле постигнати „саканите воени цели“. Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама изјави дека Вашингтон го предупредил...

Страшна експлозија во Сана

Огромна експлозија го потресе јеменскиот главен град Сана откако во воздушен напад е бомбардирано складиште на проектили „скад“. Засега нема информации за евентуални жртви. Во експлозија, неодамна, е уништена база во која се складирани тактичките проектили „скад“. Базата се наоѓа во близина на претседателската палата и на населба во која се сместени бројни амбасади. تصوير الضربة الأعنف التي حصلت اليوم #اليمن #يمن #صنعاء...

ОН: Во борбите во Јемен загинале 519 лица

Вкупно 519 лица загинале, а 1.700 се ранети во последните две недели во Јемен, каде Саудиска Арабија и нејзините сојузници веќе осум дена водат кампања на воздушни напади, соопшти Валери Амос, заменик на  главниот секретар на ОН. Амос рече дека е „крајно загрижена“ за безбедноста на цивилите поради борбите што се водат и ги повика сите инволвирани во конфликтот да направат...

Саудиска Арабија ќе испрати војска во Јемен само во случај на потреба

Копнени сили во Јемен против Хутите, ќе испрати Саудиска Арабија само во случај на потреба. - Таму може да има ограничена копнена операција, на определено место и во определено место. Но, не очекувајте автоматски да преземеме копнена операција - изјави бригадниот генерал Ахмед Асери, портпарол на коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Тој истакна дека целите можат да бидат постигнати со други...

Убиени 21 хуманитарец во Јемен

Во воздушен напад на бегалски камп во Јемен се убиени 21 хуманитарен работник, јавуваат светските медиуми. Како што соопшти еден јеменски претставник, целта на воздушниот напад бил воен објект кој се наоѓал во близина на бегалскиот камп. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен врши воздушни напади врз проиранската милиција на Хутите и на воените единици што се во сојуз со неа. Силите...

Путин бара итен прекин на воените дејства во Јемен

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор со иранскиот лидер Хасан Рохани повикал на „итен прекин на воените дејства во Јемен“, соопштиле од Кремљ, пренесуваат агенциите. Ситуацијата во Јемен се заостри откако вчера Саудиска Арабија изврши воздушни напади над позициите на шиитските бунтовници Хути, кои изминатите месеци зазедоа поголеми делови од Јемен. Воздушните напади денеска ги осуди официјален Техеран, од...

Бројот на загинати во Сана достигна 137 лица

Сто триесет и седум загинати и повеќе од 300 повредени е последниот биланс од бомбашките самоубиствени напади извршени во две џамии во главниот јеменски град Сана. Нападите беа извршени за време на попладневната молитва и следуваа еден ден по вчерашната престрелка во Адена, на југот на Јемен, меѓу силите лојални на сегашниот и на поранешниот јеменски претседател. Во вчерашниот напад загинаа 13 лица.

Повеќе од 50 загинати во напад на џамии во Јемен

Најмалку 55 лица загинаа, а десеттици се ранети во трите напади на бомбаши-самоубијци во две џамии во Сана, извршени за време на пладневната молитва. Како што јавуваат светските медиуми, првата бомба експлодирала во џамијата „Бадр“, додека втората на влезот, во моментот кога луѓето почнале да бегаат. Третиот бомбаш-самоубиец се разнел во џамијата „Хашахуш“, во северниот дел на Сана.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...