fbpx
Таг: извештај

таг: извештај

Хан: Кризата во Македонија сè уште не е завршена

За Македонија кризата сè уште не е завршена. Има позитивни чекори во однос на Договорот од Пржино, особено со тоа што изборите се закажани за 11 декември и кои се од витална можност за надминување на кризата, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на денешната прес-конференција, по презентирањето на извештаите за напредокот на земјите од регионот . На прашањето на „Мета“...

Клучните наоди на ЕК: Кризата продолжува, земјата страда од политиката на поделба

Во клучните наоди од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија се нотира дека во земјата продолжува најголемата политичка криза од 2001 година и дека земјата страда од култура на политичка поделба и од недостиг од капацитет за компромиси. Еве ги накусо забелешките: Меѓуетничка состојба: Сè уште е кршлива; Цивилно општество:  Игра важна улога во поддршка на важните демократски процеси и осигурување контрола; Јавна...

Европската комисија ја повтори условената препорака за Македонија

Европската комисија и оваа година ја повтори условената препорака за членство на Македонија во Европската Унија. Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, кој го презентираше извештајот за Македонија, рече дека земјата мора да ги исполни сите услови предвидени со Договорот од Пржино. - Не сме надвор од домашната политичката криза без разлика на направените добри чекори во последно време....

Брисел ќе порача дека не се откажува од проширување кон Западен Балкан

Извештајот за проширување на ЕУ, како и извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, што се очекува да биде објавен утре, ќе треба да покаже дека Брисел не се откажува од идејата, особено зашто со неа се промовира слобода на изразување и на медиумите, напредок на земјите и стабилност на регионот, јавува известувачот за „Мета“ од Брисел. Иако во Брисел сметаат дека...

Брисел ќе направи пауза – следниот извештај ќе биде во 2018 година

Европската комисија утре ќе го објави извештајот за проширувањето на ЕУ и извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, но следниот извештај, наместо догодина, ќе биде дури во 2018 година, јавува известувачот за „Мета“ од Брисел. Неофицијално, во Европската комисија постои замореност од извештаите, особено имајќи предвид дека засега немаат преголемо влијание врз одредени земји, но и поради тоа...

Македонија е на 10. место во извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка

Македонија се наоѓа на 10. место во извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис“ за 2017 година и е за две места подобро рангирана од лани. Во рамките на овој извештај се истражуваат законите што ја зголемуваат бизнис-активноста и оние што ја ограничуваат. Македонија е највисоко рангирана во категоријата почнување бизнис и е на 4. место во светот. Во категоријата плаќање даноци сме на...

Меѓународен тим на ОН го обвини режимот на Асад за употреба на хемиско оружје

Силите на сирискиот режим во март минатата година извршиле и трет напад со хемиско оружје, било наведено во извештајот, кој меѓународен тим на експерти синоќа му го доставил на Советот за безбедност на Обединетите нации, јавува „Би-би-си“. Во доверливиот извештај, кој протекол во медиумите, било наведено дека има доволно докази дека сириските сили се одговорни за нападот со хемиско...

Албанија очекува да добие позитивна препорака за членство во ЕУ

Албанските медиуми пренесуваат дека официјални извори од Брисел потврдуваат дека Албанија ќе добие позитивна препорака за отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Главен услов за позитивна препорака се конкретните резултати од судските реформи што беа усвоени на 21 јули оваа година. Секоја година развојот на државата ќе биде надгледуван и забележан во извештај на Европската комисија, на што Советот на Европската...

Народна банка откупила 91,3 милиони евра во првите девет месеци

Најновите податоци за девизните резерви во септември покажуваат висок квартален пораст, што произлегува од задолжувањето на државата на меѓународниот финансиски пазар во јули, интервенциите на Народна банка со откуп на девизниот пазар и порастот на девизните депозити на банките кај Народна банка. Народната банка и во септември интервенирала со откуп на девизи од банките (вкупно 18 милиони евра), а овој...

Зоран Трајчевски: Имам притисоци од повеќе страни, но нема да им подлегнам

Имам притисоци од повеќе страни, потврди за „Мета“ директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, на прашањето дали политичките партии се обидуваат да влијаат врз него. - Имам притисоци од повеќе страни, но нема да подлегнеме и ќе работиме професионално и транспарентно како и досега - вели тој. Ад хок телото за назор на медиумите со три...

Што и на кои теми одговараше Јанева во Советот на јавни обвинители

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска пред членовите на Советот на јавни обвинители го презентираше вториот шестмесечен извештај за работата на СЈО. Јанева пред членовите на Советот кажа дека во изминатите неколку месеци имале процесни пречки што им ја забавиле работата, но во овој момент тие биле веќе надминати. Јанева рече и дека очекува во Собранието да биде поднесена иницијативата за измена...

Јанева ја напушти и седницата на Советот на јавни обвинители поради мобинг

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители, со образложение дека ѝ се врши мобинг и дека обвинителите ја прашувале за сè само не за извештајот. Откако излезе од салата, таа даде изјава и рече дека е задоволна од начинот на кој течела седницата и во иднина се надева на поголема соработка со Советот на јавни обвинители. - Генерално...

Одложена комисиската расправа за извештајот на СЈО

Претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Влатко Ѓорчев, го откажа продолжението на седницата поради неприсуство на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Ѓорчев рече дека од Јанева не добил известување дека нема да присуствува на седницата, која ја одложи за утре, бидејќи, како што кажа, немало деловнички услови за одржување. Јанева во понеделникот ја напушти собраниската комисија и...

Јанева: Прислушуваните разговори се чуваат во сефови отпорни на лава

Прислушуваните материјали се чуваат во два сефа кои можат да издржат цел час вриење во лава, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Советот на јавни обвинители. Јавниот обвинител Сашо Василевски ја праша Јанева за техничкиот дел од постапката на преслушување на прислушуваните материјали, за тоа како се чуваат и како јавните обвинители ги преслушуваат. - Разговорите се сместени во два сефа...

Јанева го презентира извештајот во Советот на јавни обвинители

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, пристигна во Советот на јавни обвинители, каде треба да го презентира шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. Седницата на Советот на јавни обвинители е отворена за јавноста и дозволено е присуството на новинарски екипи. Истовремено, Јанева ја очекуваат и на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, за пратениците да можат...

Утре Јанева треба да се клонира – во исто време ја чекаат и обвинителите и пратениците

Утре во 11 часот специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, пред Советот на јавни обвинители треба да го презентира  вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. Ова го потврди претседателот на Советот, Петар Аневски, кој рече дека сè уште не може да каже дали седницата ќе биде отворена за новинарите. Утре, во 11 часот, Јанева ја очекуваат и на седницата на...

Димовски: Инсистираме Јанева да се врати на комисијата, без неа не продолжуваме

Според Уставот и Законот за Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева е должна да присуствува на седниците и да ги образложува своите извештаи, изјави денеска Илија Димовски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. - Ние пред неколку дена предложивме да се направи распоред за говорници и за репликанти според кој секоја пратеничка група би имала по пет говорници со ограничено време...

Наумов: Извештајот на Светска банка е загрижувачки

Загриженоста што ја изрази Светска банка за темпото на задолжувања во Македонија и за висината на јавниот долг е потврда на нашите предупредувања, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансиии, Кире Наумов, за извештајот на Светска банка што денеска беше презентиран. Според него, начинот на кој владее актуелната власт, преку задолжувања, негативно се одразува на економијата. - Светска банка во извештајот ги потврдува податоците што ги соопштив...

Ѓорчев ќе ја чека Јанева да дојде за да продолжи комисиската расправа

Влaткo Ѓoрчев, претседaтел нa Кoмисијaтa зa пoлитички систем и oднoси меѓу зaедниците, јa oдлoжи денешнaтa седницa нa кoјa требaше дa се рaспрaвa зa извештaјoт зa рaбoтaтa нa Специјалното јавно обвинителство. - Кoлеги прaтеници, пoрaди тоа што пoднoсителoт нa извештaјoт не е присутен, кoнстaтирaм декa немa услoви зa oдржувaње нa седницaтa и зaтоа јa презaкaжувaм зa утре вo 11 чaсoт -...

Светска банка ни предвидува економски пораст од само 2 проценти, најмал во регионот

Економскиот пораст во Македонија се очекува да забави и да достигне ниво од само 2 проценти во 2016 година под влијание на намалувањето на инвестициите, се вели во најновиот економски извештај на Светска банка за Југоисточна Европа, кој денеска беше презентиран во Скопје. - Првпат по шест години, инвестициите имаа негативен придонес во економскиот пораст, што е спротивно на земјите...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...