fbpx
Таг: исчезнат

таг: исчезнат

Млад скопјанец пред 13 дена излегол од дома и не се вратил

Четириесет и шестгодишен скопјанец вчера претпладне во полициската станица Гази Баба пријавил дека неговиот 22-годишен син исчезнал пред 13 дена. Според пријавата на родителот, Б.И.(22) на 13 март се оддалечил во непознат правец и оттогаш му се губи трага. Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Дваесет и деветгодишен скопјанец исчезнал пред десетина дена

Вчера, околу 13 часот, во полициската станица Бит-пазар, скопјанката В.Х.К. го пријавила за исчезнат својот 29-годишен брат А.К., информираат од полицијата. Според пријавата, тој излегол од дома на 16 февруари, а три дена подоцна, на 19 февруари, последен пат се слушнал со семејството, од кога му се губи секаква трага. Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Се зголемуваат стравувањата за судбината на исчезнатиот Уран Купа

Изминува и петтиот ден од исчезнувањето на 27-годишниот Уран Купа од струшкото село Велешта, а од него и понатаму нема ниту трага ниту глас. Неговите најблиски не сакаат да зборуваат многу за случајот, оставајќи ѝ простор на полицијата да истражува. Денеска не се огласија ниту од Општина Струга, каде Купа беше вработен во обезбедувањето на градоначалникот Зијадин Села. Села во...

Татко го пријавил 18-годишниот син за исчезнат

Осумнаесетгодишниот С.Н. од скопското село Идризово, вчеравечер бил пријавен за исчезнат во полициската станица Гази Баба. Според полицијата, случајот, околу 22 часот, го пријавил неговиот татко Р.Н. (49). Момчето последен пат било видено во саботата, кога се оддалечило од својот дом во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на момчето.

Автомобилот на исчезнатиот Уран Купа пронајден во Дебар

Возилото на Уран Купа (27), телохранител на струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој од петокот по полноќ се води како исчезнат, вчера, околу 14.30 часот, било пронајдено во близина на автобуската станица во Дебар, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Станува збор за возило „ауди а4“ со струшки регистарски ознаки, кое било заклучено кога го нашле полициските службеници. - Возилото, сопственост...

Сè уште непознати причините за смртта на младиот кумановец

Јавното обвинителство наредило обдукција на телото на 22-годишниот кумановец Мартин М., чие безживотно тело вчера беше пронајдено во речното корито на Кумановска Река, кај местото Бавчи. Според полицијата, Мартин М. во саботата, минатата недела, бил пријавен за исчезнат во СВР Куманово. По наредба на Јавното обивнителство, на телото на починатиот ќе се врши обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика...

Машки труп со две прострелни рани пронајден на автопатот Тетово – Гостивар

Педесет и шестгодишен тетовец, кој завчера бил пријавен за исчезнат, денеска попладне бил пронајден мртов со две прострелни рани на телото, на автопатот Тетово - Гостивар, пренесува телевизијата „Алфа“. Според првичните информации, едната рана била во пределот на стомакот, а другата зад десното уво на главата. Како што пренесува телевизијата, покрај телото било пронајдено оружје. Случајот бил пријавен денеска околу 13...

Делови од авионот на „Ер Азија“ пронајдени во море

Во близина на индонезискиот брег утринава биле забележани црвени и бели остатоци од авионот кој се урнаал во плитки води, јави АФП. Индонезиските воздухопловни сили ги откриле остатоците во близина на брегот. Меѓу нив имало појаси за спасување, авионски седишта и лизгалка за итна евакуација на авионот. - Засега можеме да потврдиме дека тоа е авионот на „Ер Азија“ и министерот...

Забележан објект за кој се претпоставува дека е авионот на „Ер Азија“

Австралискиот авион „Орион“ забележал објект во морето, во областа што се истражува поради исчезнувањето на авионот на малезиската авиокомпанија „Ер Азија“, соопшти командантот на воздухопловните сили на Џакарта, Дви Путранто. Како што јавува „Раша тудеј“, објектот е пронајден на 1.120 километри од локацијата каде што авионот со 162 патник изгубил контакт. - Сепак, не можеме да бидеме сигурни дали тоа е дел...

47-годишен скопјанец пријавен за исчезнат

Скопјанецот С.С. (47) синоќа бил пријавен за исчезнат од член на неговото семејство, информираат од полицијата. Случајот во полициската станица Бит-пазар, вчеравечер, околу 23.30 часот, го пријавил Ф.С. (29), кој рекол дека на 12 декември неговиот чичко се оддалечил од дома во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на скопјанецот.

Мајката на мртвото дете во Штип не верува дека тоа само заталкало

Тригодишниот Чинар Сулејманов бил пронајден мртов во близина на викенд-населбата Суитлак во Штип, потврди полицијата. Детето е најдено на еден километар од куќата кадешто живее семејството Сулејманови. Сината јакна што ја носел Чинар била првото нешто што го здогледал неговиот татко. - Одиме нагоре и прво ја видов јакната. Потоа го видов и детето. Откога го видов, повеќе не знаев каде сум...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...