fbpx
Таг: инвестиции

таг: инвестиции

Богов: Инвестициите потфрлија, БДП ќе се зголеми за 2,3 проценти

Годинава инвестициите потфрлија, што влијаеше на проекцијата на порастот на домашниот бруто-производ на 2,3 проценти за 2016 година, изјави денеска гувернерот Димитар Богов, на презентацијата на октомвриските макроекономски проекции. - Потфрлија сите вкупни инвестиции: јавни, приватни, странски и домашни. Општиот амбиент поради политичката криза не беше најсоодветен и влијаеше врз довербата на инвеститорите. Зголемувањето на нивото на инвестициите не е...

Светска банка ja поддржува економијата со инструменти за инвестиции и за развој

Проектите што во изминатите години се реализираат во Македонија со поддршка од Светската банка, а кои се во насока на спроведување на реформите, зголемување на конкурентноста и на подобрување на инфраструктурата, на долг рок ќе донесат позитивни резултати за македонската економија. Ова денеска го истакна претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, на средбата со извршниот директор...

„Аирлија избори, победуваме“, им порача Груевски на симпатизерите

„Аирлија избори, победуваме“. Со овие зборови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го почна својот 70-минутен говор на народниот собир во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кој побара голема победа од 63 пратеници за стабилна и сигурна Македонија и која, како што рече, „ќе значи крај на црните и мрачни сценарија на Заевци и на Верушевци“. - Дојде време за избори и дојде...

Кучи – Тимоние: Има потенцијал за инвестиции од француски компании

Министерот за економија, Дритон Кучи, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние. Кучи и Тимоние ја оцениле економската соработка меѓу Македонија и Франција како успешна, со голем потенцијал за нејзино продлабочување во сферата на нови инвестиции од француски компании, нивни ангажман во изградба на енергетските капацитети, како и зголемување на бројот на туристи од Франција...

Светска банка ни предвидува економски пораст од само 2 проценти, најмал во регионот

Економскиот пораст во Македонија се очекува да забави и да достигне ниво од само 2 проценти во 2016 година под влијание на намалувањето на инвестициите, се вели во најновиот економски извештај на Светска банка за Југоисточна Европа, кој денеска беше презентиран во Скопје. - Првпат по шест години, инвестициите имаа негативен придонес во економскиот пораст, што е спротивно на земјите...

СДСМ: За подобар живот на граѓаните потребен е пораст на БДП поголем од 5 проценти

„Мизерниот животен стандард на граѓаните го потврди и Државниот завод за статистика со само 2,2 проценти пораст на домашниот бруто-производ (БДП). Од 2007 година, поради недомаќинското водење на економијата од страна на неодговорната власт, просечниот пораст на БДП е заглавен на ниво од три проценти, што е премалку за подобрување на животниот стандард на граѓаните“, се вели во соопштението на...

ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ странските инвеститори бегаа од Македонија

Во времето кога СДСМ беше на власт, граѓаните масовно се ограбуваа, а странските инвеститори бегаа од Македонија како што Заев бега од избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов. „Затоа СДСМ не може да наброи ниту една инвестиција и не смее да помисли да спомене која било компанија на која ѝ бил побаран поткуп и се откажала од каква...

Странските инвестиции изнесуваат 122,92 милиони евра во првите шест месеци

Странските инвестиции во првите шест месеци од годината изнесуваат 122,92 милиони евра и се за 13,3 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани, кога изнесувале 109,6 милиони евра, објави Народна банка. Најголем прилив на странски капитал во земјава во истиот период има од Германија и тоа 15 милиони евра, потоа следуваат Италија со 8,6 милиони евра, Луксембург со 9,7 милиони...

Претседателите на Стопанските комори од регионот на средба со Иванов во Охрид

Претседателот Ѓорѓе Иванов ќе прими висока делегација од коморите од земјите од регионот - членки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) формиран во 2015 година, информираат од Стопанска комора на Македонија. Коморските делегации утре во Охрид ќе бидат предводени од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите колеги од Србија и Косово. На средбата акцент ќе биде ставен на...

Заев во Охрид вети поддршка на домашната економија преку директни инвестиции

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Охрид имаше средби со жителите и гостите кои престојуваат во македонскиот туристички центар. Заев рече дека е недозволиво Охрид сè уште да нема затворен базен, покриен пазар, како и современа автобуска станица, проекти кои само ги ветува но никако да ги реализира актуелната централна и локална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на СДСМ се осврна...

Форум за бизнисмени од дијаспората организираше „Македонија 2025“

Платформата „Македонија 2025“ организираше форум за бизнисмени од дијаспората со поддршка од Агенцијата за иселеништво на Македонија. На настанот учествуваа повеќе од 130 гости од кои голем број луѓе кои живееле во дијаспората и се вратиле во нашата земја за да отворат своја компанија или да продолжат веќе постоечка соработка со компанија во странство. На форумот свои обраќања имаа околу 20...

АЕК ќе избира оператор што ќе обезбеди интернет во руралните места

Околу 10.000 домаќинства од рурални и најмалку населени места првпат ќе добијат пристап до интернет во рамки на универзалната услуга од оператор што Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) планира да го избере на тендер до крајот на годинава. Директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, појасни дека станува збор за домаќинства во населени еста за кои операторите немаа комерцијален интерес да инвестираат и да...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги плаши потенцијалните инвеститори

Финансиско злосторство врз граѓаните е ограбувањето на милиони евра од аболираниот криминалец Зоран Заев и од неговиот злосторнички клан, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кире Наумов. „Овие пари кои се украдени директно од буџетот на државата не се користат за исплата на пензии или инвестиции во градинки или училишта, туку кланот на аболираниот криминалец Зоран Заев ги користи за...

Поврзувањето на земјите од Западен Балкан ја зголемува конкурентноста на пазарите во ЕУ

Третиот самит за Западен Балкан, што се одржа во Париз во рамките на Берлинскиот процес, има огромно значење за економијата во земјава, смета претседавачот на собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев. - Европската Унија навлегува во тешка фаза, но, сепак, постои европска перспектива за земјите од Западен Балкан. Процесот на пристапување кон Европската Унија не е само процес на усогласување...

Хајндл: Прво исполнување на условите, а потоа датум за избори

Парламентарните избори треба да се одржат пред 2018 година, а претходно мора да се создадат услови тој процес да биде фер и демократски, вели германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл, во интервјуто за „Алсат М“. Хајндл, како што пренесува телевизијата, во дел од интервјуто, кое ќе биде емитувано утре во 22.30 часот во емисијата „360 степени“, вели дека, според него, поважно...

Хан не нè спомна, побара Западен Балкан прво економски да се обедини, па да влезе во ЕУ

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во своето обраќање на бизнис-форумот во рамките на Самитот за Западен Балкан во Париз, со ниту еден збор не ја спомна Македонија, за разлика од Црна Гора, Албанија, Србија и од Косово. Еврокомесарот смета дека иако во моментов ЕУ е во тешка фаза, потенцијалот за членство во ЕУ продолжува да биде...

Ципрас во трка за кинески инвестиции

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во трка за нови кинески инвестиции, денеска почнува со официјалните средби со кинескиот државен врв и со голем број кинески бизнисмени. Тој денска ќе се сретне со премиерот Ли Кечијанг, ќе има средби на двете владини делегации и потпишување на билатерални договори, ќе учествува на кинеско-грчки бизнис-форум, а утре ќе има средба со претседателот Си Џипинг. В среда Ципрас...

Бочварски: Македонија најмалку инвестира во патишта од земјите во регионот

„Во првиот квартал од оваа година, реализирани се само само 13 отсто од планираните инвестиции во инфраструктурата. Вложени се незначителни 27 милиони евра. Дополнително, со ребалансот на буџетот, власта во заминување ги намали средствата за капитални инвестиции за дури 45 милиони евра“, изјави претседателот на комисија за транспорт и врски и член на СДСМ, Благој Бочварски. Тој додаде дека „Македонија...

Потребни се инвестиции во земјоделскиот сектор бидејќи го зголемува учеството во БДП

Земјоделско-прехранбениот е трет најголем сектор и од 2005-2015 година учеството во бруто-домашниот проиозвод (БДП) е 12 проценти. Заедно со преработувачката индустрија на земјоделски производи учествува со 16 проценти во БДП. Од Стопанската комора на Македонија истакнаа дека инвестициите во овој сектор се од голема важност, бидејќи придонесува и во надворешно-трговската размена, а уделот на агро-прехранбените производи во извозот е од 16...

Зајакнувањето на билатералната соработка во фокус на средбата Путин – Ципрас

Продлабочувањето на билатералната економска, трговска и енергетска соработка беше во фокусот на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас. Путин не најави некоја конкретна инвестиција, но посочи дека гледа простор за зголемување на руските финансиски инвестиции во Грција, додавајќи дека Русија има 700 милиони долари инвестиции на грчко тло. Во изјавите со Ципрас, по неочекувано долгата тет-а-тет...

Обвинителството бара притвор за осомничениот за двојното убиство во Стајковци

Основното јавно обвинителство Скопје доставило предлог за определување мерка притвор за лицето осомничено дека ги сторило кривичните дела – убиство, во скопско Стајковци претходно неделава. Против лицето беше поведена истражна...