fbpx

Бочварски: Македонија најмалку инвестира во патишта од земјите во регионот

-

„Во првиот квартал од оваа година, реализирани се само само 13 отсто од планираните инвестиции во инфраструктурата. Вложени се незначителни 27 милиони евра. Дополнително, со ребалансот на буџетот, власта во заминување ги намали средствата за капитални инвестиции за дури 45 милиони евра“, изјави претседателот на комисија за транспорт и врски и член на СДСМ, Благој Бочварски.

Тој додаде дека „Македонија пат“ работи со огромни загуби и само на Управата за јавни приходи ѝ должи околу 7 милиони евра.

– На криминален начин се потрошија 630 милиони евра за споменици, а 75 отсто од средствата за проектите за реконструкција и за одржување на патиштата се преку заеми и кредити. По 10 години власт на Никола Груевски, според Европската Унија, само два отсто од патиштата во Македонија се безбедни и добри, а 39 проценти лоши и небезбедни – додава Бочварски.

Тој потсети дека според Светска банка, Македонија се наоѓа на 78. место од 100 земји по квалитетот на патната инфраструктура, зад Азербејџан, Виетнам и Гватемала.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Депонии, градинки, локални патишта – владините и партиските функционери на терен, ДКСК потсетува да нема злоупотреби

Официјално, изборната кампања за претседателските и за парламентарните избори не е почната. Неофицијално, партиските лидери и актуелни функционери во техничката влада веќе се „растрчани“ на терен – неретко во...