fbpx
Таг: институции

таг: институции

Владата поддржува регионална соработка на општините, за локален економски развој

Премиерот Зоран Заев попладнево се сретна со извршната директорка на Националната алијанса за локален економски развој од Србија (НАЛЕД), Виолета Јовановиќ и други претставници на НАЛЕД. На состанокот, како што информираат од Владата, се разговарало за можноста, НАЛЕД, како неформална мрежа за соработка на земјите од регионот на полето на локалниот економски развој, да прерасне во регионална организација чии што основачи...

ЕУ и нуди на Британија „транзициски статус-кво“ без право на глас

Европската Унија денеска се одлучи да и понуди на Велика Британија 21-месечен транзиционен период по Брексит, односно по излегување на земјата од Унијата, за време на кој ќе се задржи „статус-кво“ во нејзиното членство, но без можност за гласање. На министрите на ЕУ им требаа две минyти сите да го поддржат заедничкиот став, чиј нацрт го претставија бриселските функционери, напиша на...

Промовирано ДВД за медиумска писменост наменето за основните училишта

Во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни и медиумски услуги (АВМУ) денеска се промовираше ДВД кое вклучува нагледни и едукативни материјали на тема медиумска писменост, а е наменето за основните училишта во Македонија. Во ДВД-то има содржини изработени од невладини организации како Високата школа за новинарство и односи со јавноста, Македонскиот институт за медиуми, Фондацијата „Метаморфозис“ и други, но и содржини...

Институциите не ги спроведуваат препораките од ревизорите за финансиското работење

Државните институции имплементирале многу малку препораки од Државниот завод за ревизија по контролите на нивното финансиско работење, информираше портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Затоа, на владина седница било заклучено дека ќе бидат преземени поригорозни мерки за да се подобри ефикасноста на контролата на трошење на јавните финансии. - Многу малку препораки се имплементирани по завршувањето на ревизиите. Се носат заклучоци, но институциите...

Димитров утре во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров утре ќе биде во работна посета на институциите на Европската Унија, информираат од МНР. „Фокусот на посетата ќе биде остварување средби и разговори со носителите на одлуки. Се предвидува Димитров да оствари средби со заменик претседателот на Европска комисија, Франс Тимерманс, со еврокомесарот за образование, култура, млади и спорт, Тибор Наврачич, со генералниот директор за...

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон мора да престане

Во Македонија нема да има атмосфера за конструктивна дискусија се додека пратеници, уметници, доктори, архитекти, актери, оперски пејачи и полициски службеници се прогласуваат за терористи, се вели во денешното соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое опозициската партија повторно реагира на притворањето на лицата осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година. „Судот наместо да одлучува врз основа на...

СДСМ: УЈП работи неселективно и независно

Сите државни институции, вклучително и Управата за јавни приходи, работат професионално, неселективно и независно, во интерес на граѓаните и во служба на законите, се вели во писмената реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ. „Злоупотребата на институциите за партиски цели, нивната селективност во работењето и привилегираноста на одредени фирми и поединци беа одлика на 11-годишното криминално и...

Сите да работат за враќање на довербата во институциите, вели генералниот секретар на ОБСЕ

Успешното надминување на политичката криза и тековните напори за спроведување на владината реформска агенда нудат единствена можност за напредок, рече генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, по завршувањето на неговата дводневна посета на Скопје. - Сите чинители треба да ги здружат силите во зајакнувањето на демократските процеси и во враќањето на довербата во институциите во земјата, воспоставувајќи ефективни механизми за контрола -...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги остави институциите да работат законски

Наместо да се обидува да изврши притисок врз институциите кои постапуваат законски, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави надлежните непречено да ја вршат својата работа и да спроведат целосна истрага, за во законска постапка да се покаже дали Сокол Митревски направил кривично дело и каква одговорност треба да поднесе, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Ивица Коневски...

Влада: Граѓаните извојуваа уште една победа за демократијата

„Граѓаните на Република Македонија извојуваа уште една победа за демократијата. Слободно, врз основа на слободното политичко убедување и на сопствената волја, излегоа на гласање на локалните избори и го остварија своето уставно загарантирано право“, порача Владата на Република Македонија во освртот за изборите, на кои СДСМ и ДУИ, кои се главниот дел на владината коалиција, остварија убедлива победа. Владата оценува...

Заев – Бјорнстад: Преземенo e сè за да се спречат изборни нерегуларности

Премиерот Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија, Арне Санес Бјорнстад, информираат од владината прес-служба. Заев го информирал Бјорнстад дека се преземени сите неопходни активности за да се спречат изборни нерегуларности или манипулации. Премиерот нагласил дека се осудуваат и ќе бидат осудени сите форми на насилство во изборниот процес и дека се повикани сите политички субјекти, учесници во спроведувањето...

ВМРО-ДПМНЕ: Хидроелектраната „Тополка“ почна да се гради пред дозволениот рок

Фирмите на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кршејќи го Законот за градење, почнаа со градбата на хидроелектраната „Тополка“ една недела пред законски дозволеното, изјави на прес-конференција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека со тоа се докажало дека сè е однапред договорено и наместено, се знае кој ќе гради, кој ќе добие одобрение и дека фирмата на Анѓушев е таа...

Владата ги повика институциите да гарантираат слободни и фер избори

Во пресрет на локалните избори, Владата на својата 26. седница донела декларација за заложби за слободни и фер избори и усвоила упатства за постапување на министерствата и на инситуциите за време на изборен процес. „Со упатствата се утврдуваат и насоките за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државна управа и управни организации во врска со користењето на движните...

Беса: Владата разочара во првите 100 дена, отсега нема простување

Новата Влада во првите 100 дена покажа дека продолжува да работи по стариот терк - на штета на граѓаните, а во интерес на сопствените политички цели. Ова е ставот кој денеска го соопшти партијата Беса по повод стоте дена од формирањето на Владата. Од партијата велат дека оваа влада, како и претходната, продолжила да ги партизира институциите на државата и...

Заев: Ќе има нула толеранција за изборни злоупотреби

Испраќам порака до владините и до државните институции дека ќе има нула толеранција за изборни злоупотреби, рече премиерот Зоран Заев на денешната конференција „Одвојување на државата од политичките партии“, во организација на Граѓанската асоцијација „Мост“. - Владата на Македонија гради институции за и на граѓаните и има цел на претстојните локални избори да ги заштити граѓаните од партиски злоупотреби. Вршителите...

Почнува двосменското работење во институциите и во градинките

Од денеска повеќе државни институции почнуваат со двосменско работење, во согласност со одлуката што ја донесе Владата. Управата за јавни приходи, Царинската управа, градинките, Управата за водење матични книги, службите за издавање лични карти и пасоши во МВР и одделенијата за одбрана во градовите и во општините во рамките на Министерството за одбрана се првите кои почнуваат со работа...

УЈП, МВР и Царина се меѓу првите институции што ќе воведат двосменско работење

Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење матични книги, Министерство за внатрешни работи, подрачните единици во Секторот за управно-надзорни работи, Министерството за одбрана први ќе почнат да работат во две смени, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација. Работното време на овие институции ќе биде од 7 до 14.30 часот и од 14 до 21. 30 часот,...

Хелсиншки: Најмногу дискриминација поради етничката и политичката припадност

Најчести основи за кои граѓаните на Македонија сметаат дека биле дискриминирани се етничката припадност и политичката припадност, здравствениот статус, полот и попреченоста, покажува годишниот информатор на Хелсиншкиот комитет за човекови права за дискриминацијата во 2016 година. Според податоците најчести области во кои граѓаните биле дискриминирани се работните односи, здравството, образованието и пристапот до добра и услуги. Извештајот, како што наведуваат од...

Милошоски ја обвини власта за незаконско поставување на кадри

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска на прес-конференција ја обвини власта за незаконско поставување на кадри во Управните и Надзорните одбори, директори на јавни претпријатија и внатре на раководните позиции во државните институции. Тој кажа дека „незаконските дејствија се одвивале преку делигитимирање на институциите и поставување на луѓе со несоодветно образование.“ - Во Управни и Надзорни одбори се поставуваат луѓе...

Владата денеска ќе расправа за јавниот долг и ќе менува раководители

Владата на Република Македонија на својата 22. седница денеска ќе расправа за повеќе точки, меѓу кои и смена на раководители на институции. Членовите на владата ќе ја разгледаат информацијата на Центарот за управување со кризи за активностите поврзани со кризната состојба на дел од територијата на земјава, за периодот откако е донесена мерката до денеска, како и информацијата на Министерството...

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...