fbpx
Таг: институции

таг: институции

СДСМ: Стратегијата за бегалците е продолжение на таа што беше донесена во 2008 година

„Граѓаните можат да бидат спокојни. Македонија е декларирана како држава за транзит на бегалци, а со усвојувањето на стратегијата се почитуваат меѓународните стандарди и Конвенцијата за правата на бегалци од 1994 година што Македонија ја има ратификувано“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за стратегијата за мигрантите. Од партијата велат дека се работи за документ што...

СДСМ: Сите надлежни институции се на терен за побргу да се изгаснат пожарите

Криминалното и расипничко владеење на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ зад себе оставија нефункционален систем за справување со кризни ситуации, застарена и запуштена механизација и стара и дотраена опрема во службите задолжени за заштита, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека дури и авионите за гаснење на пожар не биле функционални сè до...

Бејли: Законот за јазиците треба да биде во рамките на Охридскиот договор

Американскиот амбасадор Џес Бејли смета дека законот за јазиците треба да биде во рамките на Охридскиот договор и притоа да создаде инклузивно општество. - Законот за јазиците треба да остане во рамките на Охридскиот договор, како важен договор. Ова е важно прашање за кое треба да се разговара и да се најдат решенија кои ќе создадат инклузивно општество и инклузивен...

Груевски го информирал Гарет за партизација на институциите од страна на власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретнал со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет. На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски го истакнал значењето на брзото зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО и очекувањето западните партнери да дадат максимален придонес во таа насока. На средбата било разговарано за повеќе актуелни теми со посебен осврт на,...

Тевдовски: Долгот на државните институции изнесува 363 милиони евра

Долгот на државните инстутиции заклучно со 31 мај годинава изнесува 363 милиони евра, информираше денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој додаде дека прегледот на неплатените обврски е изработен врз основа на податоци кои буџетските корисници, фондови, јавни претпријатија и општини ги доставиле до Министерството и оттука не може да се гарантира нивната веродостојност. - Неплатените обврски на буџетските корисници изнесуваат...

Владата ќе го дефинира своето и работното време на министерствата

Владата на Република Македонија денеска со почеток во 12 часот ќе ја одржи својата 12. седница, на која, меѓу другото, ќе разговара за утврдување распоред на работното време во Владата, министерствата и во другите органи на државната управа. На седницата ќе се расправа и за состојбите и за напредокот во процесот на европската интеграција, за користењето и имплементација на фондовите...

Секој трет тендер со еден понудувач, договорите без оглас тежат 34,8 милиони евра

Речиси секој трет тендер во Македонија е со еден понудувач, покажува извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јуни - декември 2016 година на Центарот за граѓански комуникации. Ова, како што стои во соопштението, е последица, пред сè, на малата конкуренција евидентирана во првата половина од 2016 година. „Во 2016 година се склучени 605 договори...

СДСМ: За зајакнување на економијата, украдените пари ќе се враќаат во буџетот

„Граѓаните ќе дознаат и ќе видат какви злоупотреби се правени и за каков луксуз се трошени нивните пари во изминатите 11 години што предизвика 500.000 граѓани, заради таквото расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски, да живеат под прагот на сиромаштијата“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека тоа е најголемиот...

СДСМ: Невработеноста ќе се намалува реално, а не декларативно

„Невработеноста ќе се намалува реално и тоа ќе го чувствуваат сите граѓани, а не декларативно како што досега правеше ВМРО-ДПМНЕ, преку нарачани бројки од контролирани институции, бришење од евиденција на невработените лица и иселувањето на младото работоспособно население надвор од државата“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во соопштението се...

Надлежните институции ќе изработат Програмa на економски реформи

Министерството за финансии го отвора процесот за изработка на Програма на економски реформи, за периодот од 2018 до 2020 година. „Овој документ ќе претставува основа за клучните реформски процеси на Владата кои дополнително ќе го интензивираат нашиот дијалог со ЕУ“, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски на иницијалниот состанок на кој учествуваа и претставници од Директоратот за соседска политика и...

Синдикатот на културата од новата влада бара нов закон за култура

Синдикатот на култура на Република Македонија денеска упати низа барања до новата власт, за кои рече дека драстично ќе ги сменат лошите околности во кои е западната културата во земјава. На прес-конференција во МОБ, синдикатот побара замена на сегашниот Закон за култура со нова законска рамка по урнекот на европските земји, како и изземање на културата и на вработените во...

Димитров: Новата Влада е цврсто решена од Македонија да направи европска држава

Новата реформска влада на Македонија е сериозно подгoтвена и цврсто решена од земјата да направи европска држава. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој учествува на состанокот на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан што се одржува во Брдо кај Крањ, а во рамките на самитот на лидерите од Процесот Брдо -...

Вториот ешалон „ќе падне“ по изборот на владата, на маса околу 1.000 раководни позиции

Смената во вториот ешалон раководители, по изборот на министрите, би опфатила повеќе од илјада лица во државните институции и во јавните претпријатија. Според последниот регистер, државниот јавен сектор брои 1.291 институција, кои се финансираат од државниот буџет. Владата е основач на 491 институција, Република Македонија на 71, Собранието на 25, а другите 765 институции се основани од општините и од претседателот...

Европска комисија ни предвидува пораст на БДП од 2,9 отсто за годинава

Европската комисија во својата пролетна економска прогноза за Македонија вели дека лани порастот на домашниот бруто-производ (БДП) забавил поради долгото траење на политичката криза, но и поради падот на инвестициите. За годинава, пак, прогнозира пораст на БДП од 2,9 отсто. Во прогнозата, исто така, се вели дека институциите се блокирани за спроведување на структурните реформи и дека јавниот долг не...

СДСМ: Иванов да престане со неразумните оправдувања за да го заштити Груевски

Парламентарното мнозинство е подготвено да ја реафирмира пред јавноста и пред Ѓорге Иванов програмата на новата влада и тоа ќе го направи, велат од СДСМ во нивното утринско соопштение. Според нив, граѓаните, општините, институциите имаат потреба од итна стабилизација на државата. „Но, врвен интерес на граѓаните е Иванов да постапи во согласност со Уставот, да престане со сите неразумни оправдувања што имаат...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никогаш не работел според европски вредности

„Криминалецот Заев и криминогеното раководство на СДС никогаш не работеле по европските вредности“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Денот на Европа. Во соопштението на партијата се додава дека единствените вредности по кои работеле Зоран Заев и СДСМ, „се вредностите на мафијата и на подземјето“. „СДС и Зоран Заев ниту можат,...

ВМРО-ДПМНЕ: Недозволиво е МВР да приведува лица што не сториле никакво кривично дело

ВМРО-ДПМНЕ преку пратеникот Драган Данев на прес-конференција денеска порача дека приведувањата за немирите во Собранието на 27 април се обид за заплашување и хајка на недолжни граѓани, притоа нагласувајќи дека „тоа што одредени граѓани влегле во Собранието револтирани од нелегалниот обид за избор на претседател на Собрание, од кршењето на Уставот, деловникот, од антидржавните провокации кои ги прави СДС,...

Жбогар за „Мета“: Многу време се изгуби, да се продолжи со формирање на институциите

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Самуел Жбогар, денеска во Собранието прв се сретна со новоизбраниот претседател на законодавниот дом, Талат Џафери, кому ја посочил подготвеноста на ЕУ за соработка со него и со парламентот. Во изјава за „Мета“, по завршувањето на средбата, Жбогар рече дека досега многу време се изгубило и дека треба да се продолжи со процесот...

Заев – Жбогар: Избран е новиот собраниски претседател, треба да се избере и новата влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со евроамбасадорот Самуел Жбогар, информираат од партијата. Во соопштението се вели дека двајцата соговорници констатирале дека е заокружено формирањето на парламентот со изборот на новиот собраниски претседател и дека демократскиот процес мора да продолжи со формирање на новата реформска влада. Иако програмата на новата влада е позната за целата домашна и меѓународна јавност,...

Милошоски: Изборот на Џафери е преседан и само ја одолжува кризата

„Со изборот на Талат Џафери се направи голем и тежок преседан. Тој преседан значи погазување на процедурата на правото и на демократијата, а сè за да се задоволат некои лични, политички или партиски амбиции“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во изјава пред Собранието. - Секој незаконски чин што оди во насока на демонстрирање политичко насилство, без да се почитуваат процедурите,...

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...