fbpx
Таг: градоначалници

таг: градоначалници

Мандатите на градоначалниците и на советниците продолжени до локалните избори

Со 63 гласа „за“, во Собранието на Република Македонија попладнево беше изгласан предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој локалните избори ќе се одржат во октомври, а мандатите на градоначалниците и на членовите на советите на општините се продолжуваат до стапувањето на должност на новоизбраните функционери по следните локални избори. Со оваа законска измена, се овозможува непречена...

Собранието денеска ќе го укинува екстерното и ќе го продолжува мандатот на општините

Собранието за денеска има обемна програма за работа, бидејќи покрај изборот на собраниските комисии, ќе решава и за предлог-закони за да се продолжи мандатот на градоначалниците и на советите на општините, како и за укинување на екстерното тестирање. Продолжувањето на мандатите на општинските татковци и совети ќе се прави со предлог-закон за изменување и за дополнување на Изборниот законик по...

ДС: Нема услови за локални избори – да се одржат следната година

Демократскиот сојуз повика локалните избори да се одржат следната година бидејќи, како што оценуваат од партијата, нема услови тие да се одржат во октомври. „Изборот на владата беше блокиран од ВМРО-ДПМНЕ преку бесцелните дискусии во Собранието и спречување на неговото конституирање, како и од недавањето мандат за составување влада на партиите што имаа мнозинство во парламентот. Поради потребата од сериозни реформи во изборната регулатива,...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и мнозинството еден месец ја блокираат локалната самоуправа

СДСМ и собраниското мнозинство имаат одговорност за одложувањето на локалните избори, со што се става под знак прашалник ефективното функционирање на локалната самоуправа, порача ВМРО-ДПМНЕ претпладнево преку соопштение. Партијата вели дека и еден месец откако „СДС насилно изведе сценарио за избор на претседател на Собранието, флагрантно кршејќи го Уставот, низа закони и деловникот за работа на Собранието“, во законодавниот дом нема...

Груевски: СДСМ сака да купи време и да ги одложи изборите

Да се овозможи во понеделник седница на Парламентот и да се изгласа продолжување на мандатот на советите на општините и на градоначалниците, за да не трпат граѓаните кои што не се виновни што СДСМ сака да си игра деструктивна политика, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. – Веќе половина месец градоначалниците и советите се нефункционални и очигледно е дека...

Градоначалниците имаат техничка функција до 31 декември, тврди Инспекторатот

Државниот инспекторат за локална самоуправа реагира на толкувањата за мандатите на градоначалниците и на општинските совети и тврди дека се произволни и несериозни за да се манипулира јавноста. „Во согласност со член 35, став 1 од Законот за локална самоуправа, мандатот на советниците е четири години и со оглед на тоа што последните локални избори се одржаа на 24 март 2013...

СДСМ: Иванов да го даде мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна

Иванов да го даде мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна за мнозинството да ја формира новата влада, велат од СДСМ во нивното редовно утринско соопштение. „Реафирмацијата на програмата на новата влада на унитарна Македонија, која ќе работи според Уставот во интерес на евро-атлантските перспективи, ги разбива сите неразумни аргументи околу мандатот што Ѓорге Иванов е неопходно бргу да го даде. Од...

Трајановски: Итно да се донесат законските измени и да се распишат локалните избори

Градоначалниците на општините во Македонија од утре ќе работат без мандат, изјави денеска по состанокот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски. Тој упати барање до политичките партии во Собранието на Македонија што поскоро да ги донесат законските решенија за нивно функционирање до следните избори. – Со оглед на тоа што има...

Анкета на ИРИ: Мнозинството граѓани на Македонија не се задоволни од локалните власти

Мнозинството граѓани на Македонија се незадоволни од нивните локални власти, покажува најновата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Според податоците од анкетата, 51 отсто од испитаниците изјавиле дека се донекаде или многу незадоволни од работата на нивните градоначалници, додека 47 отсто искажале идентични ставови и за општинските совети. Четириесет и шест отсто од анкетираните се изјасниле дека,...

ЛП бара техничко продолжување на мандатот на локалните власти

Либералната партија (ЛП) повика на расправа за законски измени за техничко продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите на општините, т.е за продолжување на правото на извршување само на техничките обврски на општините (плати на вработените во администрацијата, исплата на режиски трошоци, исплата на тековните привремени ситуации на фирмите што одржуваат и вршат градежни работи за локалната самоуправа,...

СДСМ: Несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните без градоначалници

Несериозноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на Ѓорге Иванов ја оставија Македонија пет месеци без влада, а од денеска граѓаните се оставени и без градоначалници и без советници, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Во него се додава дека се доведени во прашање егзистенциите на вработени во општинските администрации и сервиси, кои се под ризик да не добиваат плати...

ВМРО-ДПМНЕ побара локални избори најрано на 2 јули

Одржување на локални избори во најкус можен рок, за да се деблокираат општините, побара ВМРО-ДПМНЕ денеска. Како што рече на прес-конференција пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, партијата бара парламентарното мнозинство да создаде услови за распишување избори, а во меѓувреме да го овозможи работењето на советите на општините и на градоначалниците. Милошоски предложи три можни датуми,...

Манчевски: Потребен е итен трансфер на власта за да се закажат локалните избори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска посочи дека е потребно претседателот на државата, Ѓорге Иванов, веднаш да го даде мандатот за составување нова влада за да се стави крај на блокадата на демокатските процеси, која, во спротивно, ќе кулминира на 15 мај, кога им престануваат мандатите на градоначалниците и на советите на општините. - Македонија има итна потреба од нова влада, која...

Министерството за локална самоуправа бара од Собранието итно решение за општините

Министерството за локална самоуправа денеска испратило писмо до новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со кое бара парламентот во најкус можен рок да направи измени на Изборниот законик за да може општините да продолжат да функционираат и по 15 мај, кога им истекува мандатот на градоначалниците и на советниците. „Со оглед на настаната состојба поради нераспишувањето на...

Уставен суд не поведе постапка, мандатот на градоначалниците им завршува на 15 мај

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и на законитоста на иницијативите со кои се бараа измени во Законот за локална самоуправа и во Изборниот законик за продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите на општините. Ова значи дека актуелните закони остануваат на сила, односно на градоначалниците и на општинските совети мандатите...

Захариев: Владини повереници се можно решение ако дојде до блокада на општините

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, во пресрет на утрешната седница на Уставниот суд на која треба да се одлучува по иницијативите за продолжување на мандатот на градоначалниците, денеска изјави дека доколу уставните судии ја отфрлат иницијативата, решение на проблемот со функционирањето на општините по 15 мај, може да биде назначување на владини повереници, што, според него, би било...

Не е работа на Уставниот суд да создава закони, туку да ги толкува, смета СДСМ

Уставниот суд да не навлегува во креирање на правото, бидејќи не е негова надлежност да создава закони, туку да ги толкува, изјави денеска портпаролот на СДСМ и пратеник, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната седница на Уставниот суд, на која треба да се одлучува по иницијативите за продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите на...

Локалните избори, СЈО и прислушувањето ги нема на агендата на Уставниот суд до 10 мај

Уставниот суд, првата седница по велигденските празници и по Први мај ја закажа за 10 мај, а на неа, според објавената агенда, судиите ќе расправаат по само две иницијативи. На дневен ред на седницата ги нема клучните иницијативи, за кои има најголемо интересирање во јавноста, односно оние за Законот за Специјалното јавно обвинителство, за локалните избори и за прислушувањето преку телеком-операторите. Најсвежи...

Две иницијативи до Уставниот суд да го продолжи мандатот на градоначалниците

Министерството за локална самоуправа и Светскиот македонски конгрес (СМК) поднеле иницијативи до Уставниот суд со кои бараат укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот законик, со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори, објави „Сител“. Според актуелниот Изборен законик, локалните избори требаше да се одржат...

Петиција од општините од Источна Македонија за нов датум за локални избори

Градоначалниците на општините од Источна Македонија преку петиција бараат Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) да поведе изменување на Изборниот законик за да се поместат локалните избори. Според градоначалниците, со измените ќе може да се овозможи нормално и законско функционирање на општините. Во спротивно, по 15 мај, сите нивните активности престануваат. Тие наведуваат дека без измените, нема да може да...

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...