fbpx

Манчевски: Потребен е итен трансфер на власта за да се закажат локалните избори

-

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска посочи дека е потребно претседателот на државата, Ѓорге Иванов, веднаш да го даде мандатот за составување нова влада за да се стави крај на блокадата на демокатските процеси, која, во спротивно, ќе кулминира на 15 мај, кога им престануваат мандатите на градоначалниците и на советите на општините.

– Македонија има итна потреба од нова влада, која веднаш ќе се зафати со решавање на насобраните проблеми, што се одразуваат штетно врз животот на граѓаните. Неопходно е веднаш да се одблокираат демократските процеси во Македонија. Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот за составување нова влада на Зоран Заев – изјави денеска на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Тој нагласи дека по 15 мај ќе нема ниту функционална локална власт, што уште повеќе ќе ја усложни ситуацијата во која се наоѓа државата.

– Потребен е итен, мирен трансфер на власта за Македонија што побргу да добие функционални институции. Потребен е итен и мирен трансфер на власта за да биде продолжен мандатот на локалните власти и да бидат закажани локални избори. Апелираме до сите, конструктивно да се приклучат кон промените и да не вршат никакви попречувања на демократските процеси – рече Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...