fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и мнозинството еден месец ја блокираат локалната самоуправа

-

СДСМ и собраниското мнозинство имаат одговорност за одложувањето на локалните избори, со што се става под знак прашалник ефективното функционирање на локалната самоуправа, порача ВМРО-ДПМНЕ претпладнево преку соопштение.

Партијата вели дека и еден месец откако „СДС насилно изведе сценарио за избор на претседател на Собранието, флагрантно кршејќи го Уставот, низа закони и деловникот за работа на Собранието“, во законодавниот дом нема никаква активност „која би била барем обид за излез од кризата во државата“.

„Фактот дека и по еден месец од изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, во истото нема никаква активност и фактот дека СДС сè уште ги кочи клучните и неминовни процеси во државата, како одржувањето на редовните локални избори, покажува дека СДС, очигледно, со намера го изведе сценариото од 27 април, за дополнително продлабочување на кризата. Република Македонија и нејзините граѓани не треба да ја плаќаат сметката за антидржавното дејствување на СДС. Државата не смее да трпи, економијата не смее да стагнира, граѓаните сакаат да одат напред. СДС мора да овозможи одржување на локалните избори, а со нив и предвремени парламентарни избори, кои се вистинско долгорочно решение за државата“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со хеликоптер

Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, пожарникари од струмичката противпожарна бригада и неколку граѓани попладнево се нашле опколени од огнените јазици на планината Огражден каде што во моментов...