fbpx

СДСМ: Иванов да го даде мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна

-

Иванов да го даде мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна за мнозинството да ја формира новата влада, велат од СДСМ во нивното редовно утринско соопштение.

„Реафирмацијата на програмата на новата влада на унитарна Македонија, која ќе работи според Уставот во интерес на евро-атлантските перспективи, ги разбива сите неразумни аргументи околу мандатот што Ѓорге Иванов е неопходно бргу да го даде. Од исклучителна важност за стабилизација на државата е сите политички лидери и институции да се постават на ниво на одговорноста и да овозможат да продолжат демократските процеси. Парламентарното мнозинство, како што вети, нема да го дозволи хаосот што го планираат Никола Груевски и соработниците за да го избегнат соочувањето со правдата и веќе е договорено да се направат законски измени со кои ќе биде утврден датумот за локалните избори, а во меѓувреме ќе биде продолжен мандатот на досегашните локални власти“, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и на Иванов, вработените во општинските институции веќе се во ризик да не примаат плата, а граѓаните не можат да ги добијат потребните општински услуги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...