fbpx
Таг: градоначалници

таг: градоначалници

Проширување на улиците и повеќе зелени површини во Чаир ветија кандидатите

Во телевизиската дебата „Живот во Македонија“, која ја организираа „Порталб“, „Калѕо“ и телевизијата „Арт“, четирите кандидати Албанци за градоначалници на општина Чаир, ветија дека во рамките на мандатот би граделе нови паркиралишта и би проширувале улици, а не би дозволиле дивоградби. Велат и дека ќе го сопрат претераното градење и воопшто нема да толерираат градење на зелените површини. Идриз Орана...

Спасовски: МВР веќе не прислушува нелегално, отворени сме за контрола

„Одговорно тврдам дека веќе не се прислушува нелегално и за тоа може да имаме експертски контроли, собраниски контроли во секое време. Ние стоиме на располагање и сме отворени, врз основа на законските прописи, да се направат такви контроли“, вели вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Тој, исто така, ги отфрла обвинувањата од...

СДСМ со митинзи во Тиквешијата, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Полог

Во рамките на шестиот ден од предизборната кампања за локалните избори, денеска Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средба со граѓани во Прилеп и во Росоман и митинзи во Демир Капија, Неготино и Кавадарци. Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде во Гостивар и Тетово. Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе има предизборни активности...

Кривична пријава и за градоначалникот на Крива Паланка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Крива Паланка поднела кривична пријава три лица, меѓу кои и градоначалникот на општината, Арсенчо Алексовски, поради злоупотреба на службената положба и овластување во врска со превозот на ученици, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што информираат оттаму, Алексовски, претседателот на Советот на Општината, Борче Стојчевски, и директор на Основното училиште „Јоаким Крчовски“, се...

Собранието ќе продолжи да работи по изборите, Џафери посака мирна и успешна кампања

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по паузата во 15 часот, ја прекина 15. седница на која се расправаше за Законот за употреба на јазиците, а со тоа ја прекина и работата на Собранието до одржувањето на локалните избори на 15 октомври. Џафери рече дека го исполнува ветеното дека за време на изборната кампања, која почнува в понеделник, Собраниетo нема да...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со кривичните пријави сака да влијае на изборите

На СДСМ му треба секаква помош за да го дефокусира вниманието од погубните политики и затоа поднесува кривични пријави против најуспешните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на опозициската партија по соопштението на МВР дека е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Штип, Илчо Захариев. „По поднесувањето на кривичните пријави против градоначалниците на Неготино, Велес, Кавадарци и на Прилеп,...

ВМРО-ДПМНЕ во Карпош го поддржува Стевчо Јакимовски, во Кратово – Мите Андоновски

ВМРО-ДПМНЕ попладнево го објави комплетниот список на сите кандидати за градоначалници со кои ќе настапи на локалните избори. Кандидатите, инаку, беа соопштувани во изминатите денови на повеќе прес-конференции. Во четири општини партијата ќе поддржи други кандидати и го повика членството да гласа за нив. Така, во Карпош партијата ќе го поддржи актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, кој ќе настапи како кандидат...

ВМРО-ДПМНЕ ги објави последните девет кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ ги договорило и последните девет кандидати за градоначалници, соопшти денеска Христијан Мицкоски, генералниот секретар на партијата. Во Центар нивниот адут е кошаркарот Дејан Јовановски, во Илинден и во Македонски Брод тоа се актуелните градоначалници, Жика Стојановски и Милосим Војнески, додека во Делчево и во Берово партијата оди со нови кандидати и не им даде доверба на сегашните градоначалници. Во...

ДУИ утврди кандидати за градоначалници, Арифи повторно во трка за Тетово

Централното претседателство на ДУИ ги утврди кандидатите за градоначалници во општините каде оваа партија ќе учествува на претстојните локални избори на 15 октомври. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, повторно ќе се кандидира, а во трка за втор мандат е и актуелниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта. Градоначалниците на Дебар, Ружди Лата, како и на Кичево, Фатмир Дехара, исто така ќе се кандидираат...

СДСМ: Со понудата за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните

Со понудата на кандидати за градоначалници, се потврдува дека опозициската партија нема сили и капацитет да се ослободи од криминалот во своите редови и да се извлече од стегите на Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на поранешниот технички премиер, Емил Димитриев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ велат дека повеќето од кандидатите кои повторно ќе бараат...

Јохан Тарчуловски е градоначалнички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода

Јохан Тарчуловски во Кисела Вода, пратеникот Зоран Илиоски во Битола, а актуелниот Илчо Захариев во Штип. Тоа се дел од имињата што како градоначалнички кандидати извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ му ги препорачал на централниот комитет на партијата, рече денеска поранешниот технички премиер Емил Димитриев, член на ИК. Како што рече тој, во игра за Бутел е Дарко Костовски, во...

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром и во Валандово ќе ги кандидира сегашните градоначалници

Со одлука на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партијата како свои кандидати за градоначалници на општините Аеродром и Валандово на локалните избори ќе ги кандидира актуелните градоначалници, Ивица Коневски и Николче Чурлиновски, соопшти на прес-конференција Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека партијата ќе оствари убедлива победа на локалните избори и најави и предвремени парламентарни избори по „победата на...

Коцевски во Велес, Марин во Аеродром – СДСМ објави дел од кандидатите за градоначалници

СДСМ ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за дел од општините за престојаните локални избори закажани за 15 октомври. Во Општина Аеродром кандидат на владејачката партија ќе биде Златко Марин, во Бутел - Велимир Смилевски, во Гази Баба ќе се кандидира Борче Георгиевски, за Ѓорче Петров кандидат е Александар Наумоски, а во Кисела Вода СДСМ за свој кандидат го...

Заев: За кандидатите за градоначалници ќе се водиме според анкетите

Кандидатите за градоначалници и советници во општините, СДСМ ќе ги бира според резултатите од анкетите кои се во тек, соопшти денеска премиерот Зоран Заев за време на посетата во Берово. - Општините во севкупниот живот на граѓаните се сериозен фактор со влијание. Под нив се училиштата, градинките, комуналните претпријатија, допираат во секоја сфера од животот и семејството. Затоа да бидеме...

Мицкоски: Во општините со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ реализирани се 10.359 проекти

Во општините со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, реализирани се преку 10.359 проекти од инфраструктурата, образованието, индустријата, спортот и секојдневниот живот, информираше денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека „градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во своите општини изградија и реконструираа преку 2.170 улици и патишта, односно беше поставен преку 1.750 километри нов асфалт.“ - Се заменија или поставија нови водоводни и канализациони мрежи...

СДСМ: Пресудите против Ристески и Панов се доказ за коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Судските пресуди против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Александар Панов се првите институционално потврдени докази за децениското криминално, коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ на секое ниво на власт, се вели во утринското соопштение на СДСМ. Во него се додава дека „ВМРО-ДПМНЕ веќе има двајца градоначалници кои се осудени за несовесно и неодговорно владеење“. „Владимир Талевски е првоосомничен во случај...

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на неколку кандидати за градоначалници

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информираше дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука да му ги предложи на Централниот комитет, кандидатите за градоначалници за општините Струмица, Петровец, Велес, Кривогаштани и за Куманово. Тој додаде дека „ВМРО-ДПМНЕ е во полна кондиција, заокружувајќи ги своите подготовки за нова голема изборна победа на локалните избори.“ - За Струмица, кандидат за градоначалник е Марјан Бајрактаров, орален...

СДСМ во Кичево нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ за локалните избори што ќе се одржат во октомври нема намера да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, оти му се битни концептите што се битни за граѓаните, а не етничкиот концепт, рече пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Собранието на Република Македонија. Прашан дали е можна соработка во општина Кичево со ВМРО-ДПМНЕ,...

Милошоски: На локалните избори очекуваме најмногу гласови, советници и градоначалници

Пратеникот Антонио Милошоски денеска на прес-конференција во партиското седиште соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија се целосно подготвени за настап на локалните избори. Милошоски истакна дека очекуваат со нивната програма и кадровска понуда да освојат најголем број гласови на локалните избори, најголем број советници во споредба со другите политички партии и најголем број градоначалници споредбено со другите политички...

СДСМ очекува убедлива победа на локалните избори, вели Тунтев

Го поздравуваме денешното распишување на локалните избори и очекуваме убедлива победа на нашите кандидати за градоначалници и листи за советници, во интерес на граѓаните, изјави денеска на прес-конференција во Собранието, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев. - СДСМ е подготвен за локалните избори што по промената на централната власт, ќе донесат промени и на локално ниво. Со победата...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...