понеделник, 19 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Драган Павловиќ – Латас | 39 резултати

Одземен пасошот на Латас, тој и Лазаров добија забрана за јавен настап кој промовира расизам и ксенофобија

23 февруари 2023

Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки на претпазливост на Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров, обвинети за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, по емитуваниот поткаст во кој се исмева насилството врз жени. Судот информираше дека на Латас му се одзема патната исправа, односно се забранува нејзино издавање, […]

Поднесено обвинение против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров

21 февруари 2023

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Јавното обвинителство, не наведувајќи ги нивните имиња, информираше дека двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале […]

Лазаров го сокрил спорното видео со Латас на Јутјуб

20 февруари 2023

Спорното интервју со Драган Павловиќ Латас, кое предизвика лавина реакции во јавноста, не е достапно за јавноста на Јутјуб. Поточно во подесувањата на социјалната мрежа видеото е сега ставено во категорија „приватно видео“. Видеото, иако беше објавено пред 5 дена, откако вчера стана вирално на социјалните мрежи, за само 24 часа достигна илјадници прегледи. Во […]

Новинарските здруженија со осуда за интервјуто со Павловиќ-Латас, се бара одговорност

20 февруари 2023

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат говорот со кој, како што велат, се поттикнува насилство и стимулира родова дискриминација кој деновиве се појави на канал на „јутјуб“ платформата. Станува збор за интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров […]

Обвинителството отвори предмет за интервјуто на јутјуберот Лазаров со Драган Павловиќ-Латас

20 февруари 2023

Основното јавно обвинителство Скопје отворило предмет по повод интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас кое се емитуваше на 15 февруари. Од обвинителството велат дека за настанот е доставено известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР, а надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки. Ова интервју, каде што Павловиќ […]

Прислушувани разговори за затворањето на А1 телевизија: „Мора да им се земе лиценцата, па нека плачат после“

8 октомври 2020

Две нови „бомби“ за затворањето на А1 телевизија се појавија на јутјуб каналот Fenix A1. Во првата бомба се објавени разговори на кои наводно се слушаат гласовите на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот обвинител Љупчо Шврговски. Во втората бомба пак наводно разговараат тогашниот директор на УЈП, Горан […]

СЈО ќе ја обжали ослободителната пресуда за Латас и неговите браќа

4 јули 2019

Обвинителката Елизабета Јосифовска денеска најави дека СЈО ќе се жали на одлуката на Кривичен суд Скопје кој ги прогласи за невини новинарот Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа за случајот „Тревник“. -Нема дилема дека ќе жалиме пред Апелациониот суд. За нас обвинението е издржано и основано – рече обвинителката. Драган Павловиќ – Латас и […]

Судења за „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во Центар“ денеска

9 јули 2018

Во Основен суд Скопје 1, попознат Кривичен суд, за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во општина Центар“. Во „Тортура обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петтмина припадници на единицата, кои се […]

Латас и неговите браќа не се чувствуваат виновни за „Тревник“

27 јуни 2018

Обвинетите во случајот „Тревник“ на СЈО, Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ денеска во Кривичниот суд се изјаснија дека не чувствуваат виновни за бесправната градба на три објекти во Зелениково. Според обвинението, тие изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без […]

Поради лични и семејни причини повторно е одложено рочиштето за „Тотал“

30 мај 2018

На барање на адвокатите на новинарот и уредник Драган Павловиќ – Латас, поради лични и семејни причини денеска повторно беше одложено судското рочиште за предметот „Тотал“. Во овој случај Павловиќ – Латас е обвинет за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ, „Тотал“медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 […]

Денеска рочишта за „Монструм“, „Тарифа“, „Триста“ и „Тревник“

16 мај 2018

Нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Монструм“, „Тарифа“, „Триста“ и „Тревник“ ќе се одржат денеска во Основен суд Скопје 1. На обновеното судење за „Монструм“ денеска ќе седнат сите освен двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во Скопје на 12 април 2012 година. Првичните пресуди против обвинетите беа укинати во […]

Судот ги одби приговорите на Латас, откако претходно му даде транскрипти од „бомбите“

14 мај 2018

По неколку одложувања, денеска во Кривичниот суд почна судењето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој обвинет е новинарот Драган Павловиќ – Латас. На денешното рочиште беше прифатено како доказ вештачењето на Павле Гацов по наредба на СЈО, а во рамките на судскиот процес ќе биде сослушан и вештакот. Претходно Судот не го прифати предлогот […]

Завршни зборови за „Тенк“, продолжуваат судењата за „Тендери“ и „Тотал“

14 мај 2018

Во Основниот суд Скопје 1 денеска ќе се одржат три судски рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство, од кои за еден ќе се изнесуваат завршните зборови. Во судењето за случајот „Тенк“, во кој, за набавката на прескапиот блиндиран „мерцедес“ вреден близу 600.000 евра, на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР […]

Одложено судењето за „Тотал“, поради отсуство на Драган Павловиќ – Латас

11 април 2018

Главната расправа за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наречен „Тотал“, во кој главниот обвинет е уредникот Драган Павловиќ-Латас, кој се товари за затајување данок, денеска беше одложена. На рочиштето во Основен суд Скопје 1, не се појави Латас, со оправдание дека има здравствени и семејни причини. Рочиштето е одложено за 14 мај. И претходните […]

Одложено судењето на Драган Павловиќ – Латас, одбраната вели дека е во Германија

30 март 2018

Новото рочиште за случајот на СЈО, „Тотал“ денеска се одложи, оти главниот обвинет, новинарот Драган Павловиќ Латас не се појави во Кривичниот суд. Наредното рочиште е закажано за 11 април. Како што објаснија адвокатите, Латас поради семејни причини не е во можност да присуствува на рочиштето, бидејќи се наоѓа во Германија. Можно е и да […]

Латас и Јанакиески денеска на судења за „Тотал“ и „Топлик“

30 март 2018

Во Основниот суд денеска треба да се одржат две рочишта од случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тоа се предметите „Топлик“ и „Тотал“, во кои обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот главен уредник на телевизијата „Сител“ и на весникот „Вечер“, Драган Павловиќ – Латас. Минатото рочиште за  „Топлик“ беше […]

Судењето за „Тотал“ одложено за 30 март, Латас не дојде во Кривичен

9 февруари 2018

Новинарот и уредник на „Сител“, Драган Павловиќ – Латас кој е обвинет за даночно затајување во случајот „Тотал“ на СЈО, не дојде на денешното судско рочиште, поради што судијката Славица Наумова – Јосифовска, поради немање услови, главната расправа ја одложи за 30 март. Одбраната на Павловиќ информираше дека тој не можел да дојде на рочиштето […]

Одложено судењето за „Тотал“, Латас побара да се снимаат рочиштата

7 декември 2017

Судењето за случајот „Тотал“ на СЈО е одложено откако адвокатите на Драган Павловиќ – Латас, обвинет во случајот, побараа судот да ги снима тонски и визуелно сите судски рочишта, за, како што посочија, да се отстрани каков било сомнеж. Адвокатите рекоа дека имаат забелешки на записникот од првото рочиште, кое се одржа пред два дена, истакнувајќи дека […]

Во Кривичниот суд нови рочишта за насилството во Центар и за „Тотал“

7 декември 2017

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат рочишта за два предмети на Специјалното јавно обвинителство, за случајот со насилството пред Општина Центар во 2013 година, познат како „Шамари“, како и за предметот „Тотал“. Дванаесет лица се обвинети за поттикнување насилството во Општина Центар за време на протестите од јуни 2013 година. Меѓу обвинетите се и лидерот на […]

Латас: Очекувам брутално судење, му верувам на судот, но не и на судијката

5 декември 2017

Очекувам брутално судење, верувам во судот, но не сум сигурен дека верувам во судијката, изјави Драган Павловиќ – Латас, обвинет во случајот „Тотал“ на СЈО, чие прво рочиште од главната расправа денеска беше одложено бидејќи сè уште не се назначени застапници за две од трите фирми на Павловиќ обвинети во случајот. Судијката Софче Гаврилова-Ефремова на […]

Страна 1 од 2