fbpx

Одземен пасошот на Латас, тој и Лазаров добија забрана за јавен настап кој промовира расизам и ксенофобија

Во видеото објавено вечерта на 14 февруари и кое се емитуваше во живо, Драган Павловиќ Латас низ смеа раскажува за сексуално насилство врз жена додека бил тинејџер, додека водителот Стефан Лазаров на тоа реагира со смеење и потпрашања за експлицитните содржини.

-

Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки на претпазливост на Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров, обвинети за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, по емитуваниот поткаст во кој се исмева насилството врз жени.

Судот информираше дека на Латас му се одзема патната исправа, односно се забранува нејзино издавање, а покрај ова, му се забранува и јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал. Со ова, судот го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје).

„На обвинетиот Д.П.Л. му се определува превентивна мерка заради присуство на обвинетиот и тоа – Привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно Забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал“, објави Основниот кривичен суд Скопје.

Истовремено, забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал доби и јутјуберот Стефан Лазаров.

Двајцата обвинети имаат право на жалба во рок од три дена по примемот на решението до скопскиот Апелационен суд.

ОЈО Скопје обвинението против Павловиќ – Латас и Лазаров го поднесе во понеделникot. Двајцата се обвинети за ширење расизам и ксенофобија кои промовираат насилство спрема жени, со што предизвикале чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

Во видеото објавено вечерта на 14 февруари и кое се емитуваше во живо, Драган Павловиќ – Латас низ смеа раскажува за сексуално насилство врз жена додека бил тинејџер, додека водителот Стефан Лазаров на тоа реагира со смеење и потпрашања за експлицитните содржини.

Спорниот поткаст на Јутјуб каналот на Стефан Лазаров предизвика жестоки реакции во јавноста, при што реагираше Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и повеќе невладини организации и здруженија. Видеото од емисијата подоцна стана недостапно за гледање на Јутјуб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...