fbpx
Таг: деца

таг: деца

Идните воспитувачи мора да знаат да работат со деца уште во текот на студиите

„Голем број на неуспеси што се случуваат во градинките и образованието се адресирани токму во факултетите кои го продуцираат овој кадар. Затоа интензивно работиме веќе две години, со поддршка од Светска банка, на зајакнување на системот на иницијално образование на воспитувачите во нашата земја“, соопшти на денешната панел дискусија денеска професорката Лена Дамовска од Филозофскиот факултет. Настанот е дел од...

Детската згоеност е сериозен проблем кој мора да се решава

Институтот за јавно здравје објави труд во кој се анализирани промените на тежината кај седумгодишните деца во Северна Македонија, во периодот од 2010 до 2019 година. Според наодите во документот, зголемената телесна тежина кај седумгодишните деца значајно пораснала од 34,4 отсто во 2010 година, на 37,3 отсто во 2019 година. Згоеноста, пак, пораснала од 16,3 отсто во 2010, на...

Зголемен бројот на заболени деца од ковид-19, ќе се прави скрининг во училиштата

Бројот на нови случаи со ковид-19 и процентот на позитивни од тестираните лица е во опаѓање последната недела. Сепак, во овој период во земјата биле регистрирани 320 заболени деца на возраст меѓу 6 и 14 години, а седмицата пред неа имало 200 заболени деца, објасни претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски. Ова претставува зголемување од околу 60...

Најмалку седум лица, меѓу кои и две деца загинаа во експлозија во Франција

Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија и пожар во југозападна Франција во градот Сен Лоран де ла Саланk, изјави министерот за внатрешни работи, Жерал Дарманен. „Ова е вистинска драма која се одвивала во Сен Лоран-де-ла-Саланк, на источните Пиринеи. Прелиминарниот извештај е седум починати од кои две деца. Во име на нацијата, ја давам сета моја поддршка...

Вистиномер: Нема докази дека маските предизвикуваат потешкотии во говорот кај децата

Фрапантниот податок изнесен во постот нема научна основа и претставува само дел од пошироката кампања во која на големо се агитира да не се носат заштитни маски, кои пак, доколку се носат правилно и се комбинираат со други заштитни мерки помагаат да се спречи ширењето на коронавирусот. Тврдењето коешто се споделува на социјалните мрежи како да е несоборен факт,...

„Мамо си одиш, не ме оставај“, објавена публикација со дојави од самохрани мајки

„Компилација мегафон 1: Анонимна реалност/дојави на еднородителски семејства и самохрани мајки во Република С. Македонија“, е името на публикацијата која неодамна ја објави здружението „Една може!“, а чија авторка е претседателката на здружението Дороти Пачкова. Целта на објавувањето на една ваква компилација од анонимни дојави на самохрани мајки и еднородителски семејства, е да се обелоденат предизвиците со кои се...

Вистиномер: Трите деца не починале од вакцина против ковид, туку од труење со јаглерод моноксид

Објавено е видео на ФБ во кое се тврди дека три деца умреле од вакцина, а видеото е снимено и објавено од медиумите во Кина кога вакцини против ковид воопшто и не беа измислени, пишува „Вистиномер“. Анализата подолу ја пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук во кој лажно се тврди, дека на претставеното видео во постот се гледаат три деца...

Сите што објавуваат слики, изјави и видеа од деца треба да размислат кои се можните последици

Деновиве неколку случаи поврзани со деца станаа главна вест. А, суровоста на онлајн јавноста, без разлика дали се работи за грашок, избор на музика или сериозен случај каде девојче е жртва на родосквернавење и трговија со деца, можеа да ја видат сите корисници на социјалните мрежи. Разните пишани и видео содржини со деца во медиумите и на социјалните мрежи, дури...

Две деца се тешко повредени при судар на автомобил со локомотива во Битола

Две деца на возраст од 2 и 5 се тешко повредени при судар на автомобил марка Пежо 206 и локомотива (работна машина) на железнички премин во близина на училиштето „Коле Канински“ во Битола, потврдија од Министерството за внатрешни работи за Мета.мк. Несреќата се случила вчера во 8 часот наутро, а мајката која управувала со автомобил марка пежо минала со...

ЕДУИНО организира „Игратон“ – креативен предизвик за деца од 3 до 10 години

По повод 20 Ноември, Светскиот ден на детето, тимот од колективниот портал ЕДУИНО ќе го организира креативниот предизвик ЕДУИНО Игратон, кој преку едукативните игри помага во правилниот раст и развој кај децата. Од 22 до 28 ноември годинава, во „игратонот“ може да учествуваат сите деца од 3 до 10 годишна возраст во домашни услови со родителите/старателите, во градинките со воспитувачите...

Вистиномер: Со лажни информации се плашат родителите да не ги вакцинираат децата против ковид

мРНК вакцините не ја менуваат вашата ДНК на кој било начин и затоа не можат да предизвикаат рак. Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази. мРНК што се инјектира во вашето тело не комуницира со вашата ДНК. Откако мРНК ќе ја заврши својата работа, вашите клетки...

Вистиномер: Вакцинацијата на децата против ковид не е кривично дело, туку слободен избор на родителот

Во постот се изнесени повеќе неточни тврдења. Децата најчесто полесно го поминуваат ковид-19, но новата делта варијанта на коронавирусот покажа дека нема правила. Во земјава од ковид починаа и млади лица, на возраст од 15, 16 и 17 години. Во однос на тврдењето дека ризикот од сезонски грип е повисок од ризикот за ковид, според официјалните информации на ИЈЗ...

Паштетите, кечапот, мајонезот, маргаринот и вештачките засладувачи ќе се исфрлат од исхраната во градинките

Работната група за ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките денеска во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) одржала работен состанок, на кој се предложени промени во исхраната на децата во градинките и стандардите за неа. Работната група препорачува зголемен внес на свежо овошје и зеленчук, но и конзервираната храна да биде заменета со замрзната....

Вистиномер: Бизарна дезинформација е дека на Ноќта на вештерките ќе се изврши најмасовното жртвување на деца

Објавата е полна со неточни, недокажани информации, податоци кои немаат ниту научна основа, ниту логика и претставува збир од паушални и сензационалистички нафрлени теории на заговор кои подолго време се шират на интернет просторот. Вакцините против ковид-19 беа предмет на бројни тестирања и постојано се проверуваат. Тие се сигурни, покажуваат високо ниво на ефикасност во борбата со ковид-19 и...

МЗ: Од денеска започна пријавувањето за вакцинација од сезонски грип

За вакцинација од сезонски грип годинава земјава има набавено 40.000 дози четиритипни вакцини, информираат од Министерството за здравство. Овие вакцини се наменети за старите лица над 65 години, лицата со хронични заболувања, здравствените работници, бремените жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години како ризични групи. Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е...

Вистиномер: Семејното насилство во охридскиот регион во пораст, во струшко жртвите молчат

Семејното насилство во охридскиот регион е во пораст. Тоа е главно резултат на  лошата материјална, па и здравствена состојба, што, пак, неминовно влијае на заострување на односите во семејството и зголемување на тензиите, нетолрантноста, агресијата… Во целата ситуација е добро што жртвите се охрабруваат да пријавуваат. Само лани во охридскиот регион регистрирани се околу 150 случаи на вакво кривично...

Филипче: Започна набавката на безболни сензори за дијабетес

Два дена по објавата на интервјуто на Мета.мк со 16 годишната Миа Чичкариќ која боледува од јувенилен дијабетес тип 1, министерот за здравство Венко Филипче најави набавка на безболни сензори. Токму тоа Миа го побара во даденото интервју велејќи дека нејзина најголема желба е сите деца да добијат сензори за мерење на гликемијата за да не ги болат прстињата...

Вистиномер: Задолжителната вакцинација во пракса може да се оддолжи, но не и да не се прими

Мал процент на родители, кои не сакаат да ги вакцинираат своите деца, законски подлежат на постојани казни, т.е. ги плаќаат глобите за секоја одделна вакцина која нивното дете нема да ја прими, а е задолжителна. Овие родители се соочуваат и со уште едед друг дел од законот, кој пропишува дека за прием во градинка или училиште децата треба да...

Со Биби и Боби во светот на емоциите: Дневник на убавите нешта (видео)

УНИЦЕФ, Британската амбасада во Скопје и „Светот на Биби“ покренаа нова иницијатива за поддршка на родителите при развивање вештини за користење активности за социјален и емоционален развој на децата преку игра. Новата иницијатива на УНИЦЕФ и „Светот на Биби“, финансирана од Британската амбасада опфаќа серија анимирани приказни, сликовници и друг материјал за поддршка на социјалното и емоционалното учење во најраните...

РСБСП: Сообраќајните несреќи се меѓу петте најчести причини за смрт на деца во светот

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до родителите да се грижат за безбедноста на децата во сообраќајот, бидејќи секое нивно однесување децата го прифаќаат како свое. „Бидете им пример за правилно, совесно и одговорно учество во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи,“ се вели во апелот на РСБСП. Од таму додаваат дека децата на возраст...

Недоследно е по 2016 година ДУИ да зборува за волјата на граѓаните

Не може волјата на гласачите еднаш да се толкува на еден начин, а другпат на друг. Токму така се однесува ДУИ кон волјата на гласачите од 2006 година досега,...