fbpx

МЗ: Од денеска започна пријавувањето за вакцинација од сезонски грип

-

За вакцинација од сезонски грип годинава земјава има набавено 40.000 дози четиритипни вакцини, информираат од Министерството за здравство. Овие вакцини се наменети за старите лица над 65 години, лицата со хронични заболувања, здравствените работници, бремените жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години како ризични групи.

Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна во земјава.

Поради зголемената побарувачка на вакцини против грип на глобално ниво, од Министерството за здравство велат дека се прават напори количините на вакцини да пристигнат во што побрз рок.

„Нагласуваме дека не е доцна, граѓаните да се вакцинираат против грип во ноември или декември, бидејќи согласно епидемиолошките податоци, оваа болест во последните десетина сезони го достигнува пикот кон крајот на месец февруари. Пријавувањето за вакцинација против сезонски грип ќе започне од денеска преку страницата vakcinacija.mk. Со пополнување на формата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин“, се наведува во соопштението.

Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, граѓаните по пат на СМС порака ќе добијат информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата.

„Вакциницијата против грип не штити од Ковид-19, но истата е многу значајна во услови на пандемија со Ковид-19 и влијанието на здравствениот систем. Во состојба на олабавување на рестриктивните мерки кога се враќаат социјалните контакти и патувањата се зголемува ризикот од ко-циркулација на Ковид 19 и грип. Со тоа може да очекуваме оптоварувањето од сезонскиот грип да биде надополнето со оптоварувањето од Ковид-19“, велат од Министерството за здравство.

Ризичните групи за сезонски грип се истите кои се под најголем ризик и од Ковид-19, поради што се препорачува вакцинација против грип на истите. На тој начин, ќе се избегне и дополнително оптоварување на здравствениот систем, бидејќи лицата заболени од грип би се хоспитализирале во ковид центрите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...