Таг: бремени жени

таг: бремени жени

Украина не испраќа бремени жени да се борат со Русите

Не постојат релевантни докази кои ја поткрепуваат автентичноста на видеото. Според Центарот за стратешка комуникација основан под Министерството за култура и информативна политика на Украина за борба против дезинформации, видеото е лажно и инсценирано. Она што е факт е дека Украина не испраќа бремени жени на првата линија да се борат со Русите. Бремените жени и жените на породилно...

Вакцините против ковид-19 не предизвикуваат спинална мускулна атрофија

Нема докази дека испитувањата за спинална мускулна атрофија врз новороденчињата во Хрватска, ќе се прават за да се провери дали ковид вакцините им ја предизвикале оваа дијагноза поради тоа што мајките им биле вакцинирани против ковид-19. Ваквата теза во постот што го рецензираме е целосно произволно нафрлена. Информацијата за тоа дека бебињата ќе бидат тестирани за спинална мускулна атрофија, Вистиномер ја пронајде...

Нема докази дека вакцините се штетни во бременоста

Пријавите во системот на ВАЕРС не може да се земаат и толкуваат како пријави за причинско последично поврзани со вакцината, како што тоа се прави во овој пост на Фејсбук . Само затоа што некој пријавил некаков несакан ефект – настан, не значи дека е докажано дека тој ефект го предизвикала вакцината, токму на тоа  предупредува и ВАЕРС во...

Не е точно дека Британија „тивко“ ја отстранува ковид вакцината за бремени жени

Велика Британија ги нема променето упатствата за користење на ковид вакцината за бремени жени. Корисниците на социјалните мрежи погрешно го интерпретираат делот од извештајот за вакцината на Фајзер кој што беше објавен кон крајот на 2020 година од Британската регулаторна агенција како дел од иницијалниот процес за одобрување на оваа вакцина. Агенцијата потврди за проверувачи на факти на Асошиејтед...

Со лесно проверливи невистини се прави обид да се дискредитира Европската Унија

Станува збор за купишта дезинформации, кои се лесно проверливи, а кои имаат за цел да креираат слика дека Европската Унија промовира декаденција и небезбедни политики за децата, базирани врз очигледни невистини, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Зоофилија, марш на гордоста. Сексот со животни е дозволен...

Лага е дека вакцините против ковид-19 се штетни за трудниците и за плодот

Лажните тврдења дека вакцините против ковид-19 се штетни за бремените жени и нивните бебиња не се нови и тие се провлекуваат за време на целата пандемија на коронавирусот, заедно со другите теории на заговор поврзани со вирусот и вакцините. Научните и медицинските факти покажуваат дека вакцинацијата е единствената опција со која може да се минимизираат здравствените ризици, особено кај...

МЗ: Од денеска започна пријавувањето за вакцинација од сезонски грип

За вакцинација од сезонски грип годинава земјава има набавено 40.000 дози четиритипни вакцини, информираат од Министерството за здравство. Овие вакцини се наменети за старите лица над 65 години, лицата со хронични заболувања, здравствените работници, бремените жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години како ризични групи. Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е...

Бремените жени до крајот на пандемијата немаат обврска да одат на работното место

Владата потсетува дека согласно владина одлука објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на пандемијата на ковид-19, прогласена од Светската здравствена организација (СЗО). „Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски...

Вработените кои користеа продолжено породилно отсуство се враќаат на работа од 23 септември

Мерката на Владата која беше донесена за продолжено породилно отсуство, поради ковид-кризата престанува да важи од 23 септември (среда), информираат од таму. „Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, истите да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи по истекот на породилното отсуство. Претходно,...

Брошура на Министерството за здравство со совети за трудниците во услови на Ковид-19

Министерството за здравство, во соработка со УНФПА и ХЕРА, изготви препораки и брошура на македонски и на албански јазик за здравствена заштита на бремените жени, позната како антенатална или интерпартална грижа, во услови на Ковид-19. Брошурата е наменета за трудници и содржи совети за одржување на нивното здравје, превенција од вирусот, објаснување на симптомите, препораки како да се постапи доколку...

Министерството за здравство со препораки до граѓаните поради портокаловата фаза

Министерството за здравство, во согласност со метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти дека почнувајќи од утре и во текот на викендот територијата на целата земја ќе биде зафатена со висока температура од портокалова фаза. Министерството препорачува во следните три дена (од петок до недела) од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, додека сите други лица...

Дебата: Студентите бараат да се државен приоритет и надлежните да ги решаваат нивните проблеми

Студентите во Северна Македонија и понатаму се соочуваат со бројни проблеми, како што се студентскиот стандард, проблемите со јавниот превоз, лошите услови во студентските домови, неможноста за работа. Тие...