fbpx
Таг: Демократски сојуз

таг: Демократски сојуз

ДС го повика Иванов да го даде мандатот на Заев за состав на влада

Демократскиот сојуз го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска да му го додели мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој доби поддршка од 67 пратеници во Собранието. Од партијата велат дека состојбите во државата можат „драматично да се усложнат доколку парламентот и понатаму е без претседател, владата е техничка и со четири пратеници во неа,...

ДС: Логично е мандатот за составување нова влада да го добие СДСМ

По неуспешниот обид ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди парламентарно мнозинство за избор на влада, сосема логично и легитимно е мандатот за состав на нова влада да го добие СДСМ, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз. - И покрај укажувањата на експертите и уставните решенија, мандатот да го даде на партијата или партиите што имаат мнозинство во парламентот, Ѓорге Иванов го даде...

Трајанов, Богоевски и Кекеновски, носители на листи на Коалицијата за промени и правда

Коалицијата за промени и правда на Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и на МОРО Работничка партија, вечерва на конвенција во Скопје, под мотото „Не грижете се, режимот паѓа“, ги објави носителите на кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори на 11 декември. Носител на листата во првата изборна единица ќе биде лидерот на ДС, Павле Трајанов, во изборната едница 2,...

Коалиција за промени и за правда: Би соработувале со сите што се против ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата за промени и за правда соопшти дека останува отворена за соработка со сите опозициски партии што ќе изразат јасен став дека по изборите нема да коалицираат со обвинетите и осомничени криминализирани структури на партиите на власт. „Остануваме и понатаму посветени на привлекување на сите субјекти што се загрижени за иднината на Македонија и се подготвени да се вложат во враќањето...

Демократскиот сојуз бара ново судење на обвинетите во случајот „Шпион“

Демократскиот сојуз бара повторно судење на 18 обвинети во случајот „Шпион“, бидејќи на тој начин, како што велат од партијата, ќе можат да се преоценат доказите и обвинувањата во целина. „Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го презеде случајот „Шпион“ и сигурно за тоа има и правна основа, но и цврсти докази и сомнежи дека Јавното обвинителство или судот направиле повреда на...

ДС: Договорот е фрлање прашина во очите на јавноста

Постигнатиот договор меѓу четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, за одржување избори во декември оваа година, е само фрлање прашина во очите на јавноста, велат од Демократскиот сојуз и додаваат дека договорот не гарантира создавање услови за фер, демократски и веродостојни избори. „Од круцијално значење беа предлозите за реформите во судскиот систем, безбедноста, деполитизација на државните институции, реформите во...

ДС бара да се блокираат понатамошните задолжувања на државата

„По задолжувањето на државата за 450 милиони евра, пари кои првенствено ќе бидат наменети за клиентелизам (купување на гласови), Демократскиот сојуз во соработка и со консултација со финансиски експерти, ќе предложи законски решенија со кои ќе се оневозможи Владата да ги задолжува граѓаните без согласност од Собранието“, информираат од оваа партија. Од ДС додаваат дека последниот долг со издавање на еврообврзница е...

ДС: Странските банки нема да кредитираат систем каде се кршат правата на граѓаните

Блокадата на реализацијата на еврообврзницата во износ од 650 милиони евра, која владата ја издаде, е сигнал од потенцијалните кредитори дека независно од добивката, тие сепак се одлучија да го послушаат гласот на народот и реакциите на медиумите, граѓанскиот сектор и на партиите, реагираат од Демократски сојуз. „Ваквата одлука е опомена до владата на ВМРO-ДПМНЕ и на ДУИ дека странските банки немаат...

ДС бара вонредна седница на која ќе се расправа за еврообврзницата

Демократскиот сојуз (ДС) ги повика граѓаните, граѓанските асоцијации, експертите, медиумите и политичките партии, преку демократски средства да ја блокираат реализацијата на еврообврзницата од 650 милиони евра. - Тргнувајќи од фактот дека задолжувањето го прави влада која е техничка и која за десетина дена ќе биде сменета, како и барањето на мнозинството граѓани да не се задолжува повеќе државата, апелираме до...

ДС: Ако на студентски избори се случува хаос, што ли ќе има на парламентарните?

Студенти од „Студентскиот пленум“ вчера беа тепани од полицијата и насилно влечени, за да се овозможи да се прогласи лидер на студентите во организација на власта, реагираат од Демократскиот сојуз. Од партијата им честитаат на студентите за храброста во обидот да спречат одржување на криминални и нелегитмини избори за студентски лидер. „Демократскиот сојуз најостро го осудува вклучувањето во кршењето на изборниот...

ДС: Иванов да си поднесе оставка по срамниот говор

Вечерашното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов дополнително ја усложни политичката криза во Македонија, оценува Демократски сојуз (ДС). - По овој катастрофален и срамен говор, единствена опција на Иванов е да се повлечете од функција. Тој направи длабока поделба меѓу граѓаните и партиите, се стави во функција на заштита на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и го нападна СЈО, единствената институција која работи...

Трајанов – Пломп: Потребно е формирање на експертска влада

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска се сретна со амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп. На средбата, Трајанов нагласил дека во интерес на сите граѓани е да се реши политичката криза, да се нормализира животот и да се деблокираат евро-интеграциските процеси. - Потребно е формирање на експертска влада, која треба да спроведе реформи во судскиот систем и во безбедноста, како и...

Трајанов: Македонија да биде една изборна единица

Демократскиот сојуз предлага Република Македонија да биде една изборна единица, како основа за, како што велат од партијата, демонтажа на еднопартискиот систем и зајакнување на одговорноста при носењето круцијални одлуки и владеење на правото. - Во рамките на приоритетните реформи што треба да ги спроведе реформската влада, предлагаме да бидат и промените во изборната регулатива, при што најбитно е да остане...

ДС бара вонредна седница на Собранието за импичмент на Иванов

Демократскиот сојуз денеска ги повика сите пратеници да дојдат во Собранието и да почнат постапка за одржување вонредна седница за да се донесе одлука за престанување на важноста за самораспуштање на законодавниот дом и да се поведе постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. „Во согласност со Уставот на Република Македонија и со деловникот за работа на Собранието, одржување вонредна...

Трајанов бара закон за одговорност на уставните судии кои го кршат Уставот

Отворање постапка за донесување закон за Уставниот суд, во кој ќе се дефинира одговорност на судиите заради прекршување на Уставот, а на сегашните судии да им престане мандатот, бара партијата Демократски сојуз на пратеникот во Собранието, Павле Трајанов. Од партијата преку соопштение велат дека со одлуката на Уставиот суд за укинување на одредби од Законот за помилување, се создаваат законски основи,...

ДС: Владата да изгради јасен став за мигрантската криза

Сите активности што ги презема Република Македонија во врска со мигрантската криза треба да бидат усогласени, пред сè со соседните држави, Грција и Србија, како и со Европската унија, велат од партијата на пратеникот Павле Трајанов, Демократски сојуз. Во спротивно, велат од партијата, земјава би се довела во безизлезна состојба, со тешки последици по нејзината безбедност и стабилност. „Прифатот на мигрантите...

Трајанов: Специјалното јавно обвинителство да се штити со цврсти докази

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, денеска од трибината во Кочани порача дека Специјалното обвинителство мора да работи професионално и своите одлуки да ги поткрепува со цврсти докази. - Специјалното јавно обвинителство да работи професионално, законито и сите одлуки да бидат поткрепени со цврсти докази, како и транспарентно, како силна брана од обидите за негова блокада и дисквалификација – рече...

Трајанов достави предлог до Собранието минималната плата да изнесува 300 евра

Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, до парламентот достави предлог-закон за определување на минимална плата во износ од 300 евра. Според Демократскиот сојуз, ниските плати не ги мотивираат вработените, негативно влијаат на продуктивноста, иновациите, а младите и креативни кадри заминуваат во странство. Според оваа партија, доколку се зголеми минималната плата од 9.500 на 18.000 денари, тоа ќе биде основа...

Трајанов бара да се укине плаќањето на радиодифузна такса

Демократскиот сојуз смета дека во рамки на разговорите за реформа на медиумската сфера, неопходно е да се разработи концепт за целосна трансформација на Македонската радио-телевизија, користејќи ги светските искуства, при што државните радио и телевизија да прераснат во модерни информативни медиуми и да се обезбеди стабилно финансирање, главно преку буџетот. - Во услови на голем број медиуми (радија и ТВ-станици), граѓаните не...

Демократскиот сојуз бара одговорност од актерите на политичката криза

Кризата трае предолго и нејзините генератори мора да се повлечат и да отворат можност за доследно спроведување на принципот на одговорност на сите нивоа, велат од Демократскиот сојуз по синоќа постигнатиот договор меѓу четирите најголеми политички партии околу отворените прашања од Договорот од Пржино. „Македонија не смее и понатаму да биде во заложништво на личните интереси и на интересите на...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...