fbpx
Таг: Борис Џонсон

таг: Борис Џонсон

Светски лидери и донатори ветија 8,8 милијарди долари за вакцинирање на децата во најсиромашните земји

На вчерашниот Глобален самит за вакцини, чиј домаќин е Велика Британија, лидерите на најразвиените земји и светски познатите донатори ветија дека ќе обезбедат 8,8 милијарди американски долари за вакцинирање во најсиромашните земји во светот и поддршка на глобалната борба против Ковид-19. „Велика Британија има чест да биде домаќин на овој самит денес. Можете да сметате на нашиот целосен придонес, бидејќи...

Борис Џонсон префрлен на интензивна нега

Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, ја минал ноќта на интензивна нега во болница во Лондон, каде завчера беше хоспитализиран. Тој 10 дена претходно беше во самоизолација обави дека е заразен од новиот корона вирус, но ситуацијата му се влоши. Џонсон е на одделот за интензивна нега во болницата „Сент Томас“ по влошувањето на симптомите од коронавирусот. Британската влада информира...

Британскиот премиер Борис Џонсон заврши в болница

Вчеравечер британскиот премиер Борис Џонсон бил примен во болница за клинички испитувања, бидејќи уште има симптоми, 10 дена откако беше дијагностициран со Ковид-19, јавија светските агенции. Кабинетот на Џонсон ја потврди информацијата, но не откри во која болница е примен. Во соопштението се вели дека постапката е „превентивен чекор“. Борис Џонсон (55) сепак сè уште управува со владата. Тој беше во...

Британскиот премиер Борис Џонсон позитивен на корона вирусот

Преку видео снимка на Твитер, британскиот премиер соопшти дека е позитивен на корона вирусот. Тој имал благи симптоми, поради што неговиот личен доктор одлучил да го тестира. „Во самоизолација сум, работам од дома и сум во постојан контакт со своите соработници во борба против корона вирусот“ - вели Џонсон на снимката. Тој додаде дека ќе продолжи да ја води владината кампања...

Борис Џонсон победи со огромно мнозинство и вети конечен излез од ЕУ на 31 јануари

Со 364 освоени места во парламент, Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон освои огромно мнозинство на вчерашните избори, предизвикувајќи изненадување со 47 места повеќе отколку на претходните избори. Лабуристите освоија 203 места, односно 59 помалку отколку на претходните избори, со што е речиси сосема сигурно дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ на почетокот на следната година. Изборниот резултат на...

Излегувањето на Британија од ЕУ одложено до 31 јануари 2020 година

Земјите - членки на ЕУ денеска се согласија да го одложат Брегзитот за три месеци, односно до 31 јануари 2020 година. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на својот профил на „Твитер“ потврди дека европските лидери се согласиле да го одложат излегувањето на Велика Британија од ЕУ до крајот на јануари. Продолжувањето на рокот за успешна реализација на Брегзитот значи...

Британскиот Парламент суспендиран на пет недели

Парламентот на Велика Британија е суспендиран рано утрово за пет недели, до 14 октомври – само две недели пред закажаниот датум за Брегзит, на 31 октомври. Пратениците го отфрлија предлогот за одржување предвремени избори, за кои се залагаше премиерот Борис Џонсон. Опозицијата го обвинува премиерот дека се обидува да ги спречи парламентарците да го разгледаат неговиот план за Брегзит. Предлог-законот со кој...

Борис Џонсон поднесе оставка

Борис Џонсон денеска даде оставка од функцијата министер за надворешни работи на Велика Британија, а премиерката Тереза Меј му ја прифати. Џонсон е вториот министер што денеска ѝ откажа верност на Меј – утрово министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, исто така поднесе оставка. Заминувањето на Џонсон беше соопштено непосредно обраќањето на Меј пред Парламентот за нејзиниот нов план за Брегзит што...

Имате поддршка и пријателство од Велика Британија, му пиша Џонсон на Димитров

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, со писмо му ја честиташе на својот македонски колега Никола Димитров 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји. Тој ја потврди поддршката и пријателството од Велика Британија и изрази надеж дека партнерството на двете држави ќе биде уште посилно во наредните години. „Среќен сум што имам можност да одбележам...

ЕУ бара од САД да не се откажуваат од нуклеарниот договор со Иран

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон ги повика Соединетите Американски Држави да докажат доколку постои подобра алтернатива од договорот со Иран, кој ја ограничува нуклеарната програма на оваа земја, јавуваат белгиските медиуми. Џонсон по разговорите со колегите од Иран и од Европската Унија денеска во Брисел изјавил дека Заедничкиот сеопфатен план за работа со Иран е значајно...

Џонсон во декември ќе ја посети Русија

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, се очекува кон крајот на декември да ја посети Русија, но засега нема барање за средба со рускиот претседател, соопшти заменик-шефот на руската дипломатија, Владимир Титов. - Се очекува посетата да се случи во последните 10 дена на декември – рече Титов. Џонсон требаше да ја посети Русија во април годинава, но посетата беше...

Џонсон: Не сакаме во Зимбабве еден тиранин да наследи друг

Британија не би сакала да види еден тиранин како менува друг во Зимбабве, откако војската ја презема власта во Харарех , вели шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон. -Никој не би сакал да види транзиција од еден неизбран тиранин на друг. Сакаме да видиме слободни и чесни избори – рече Џонсон во британскиот парламент. Претходно денеска тој рече дека е тешко...

Нема докази дека Русија се вмешала во изборите во Велика Британија, смета Џонсон

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, денеска изјави дека нема докази дека Русија се мешала во изборите во Велика Британија. „Не видов никакви докази. Колку што знам, Русија немаше никаква улога“, одговорил Џонсон на новинарско прашање во врска со улогата на Русија во британските избори. Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, неодамна ја обвини Русија дека се меша во...

Тереза Меј планира да го смени Борис Џонсон

Британската премиерка Тереза Меј навести дека би можела да го смени министерот за надворешни работи, Борис Џонсон. Најавата доаѓа во момент кога таа се обидува да го потврди својот авторитет по низата „политички катастрофи“, коментира „Ројтерс“, повикувајќи се на британскиот весник „Сандеј тајмс“. Весникот наведува дека Меј сè уште не знае какви се нејзините планови за Џонсон, кој ѝ вети лојалност,...

Борис Џонсон: Британија ќе направи сè што може за Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ

Велика Британија ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Македонија на нејзиниот пат за влез во Европската Унија и во НАТО, истакнал шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во рамките на самитот за Западен Балкан во Трст, Италија. Џонсон, кој ја претставувал британската премиерка Тереза Меј на самитот, нагласил дека...

Џонсон: Г7 разгледуваат воведување санкции за одредени Руси

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека министрите на државите членки на Г7 разгледуваат воведување санкции за одредени Руси. Како што рече Џонсон, санкциите би се вовеле поради поддршката што тие ја даваат на сирискиот претседател Башар ал Асад. Џонсон наведе дека темата на разговорите кои се одржуваат во италијанскиот град Лука е „разгледување на можноста за санкции,...

Борис Џонсон ја одложи посетата на Русија

Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон ја одложи посетата на Русија поради промена на датумот за одржување на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО. Џонсон требаше за време на посетата на Москва, прва во последните пет години, да разговара со руските власти за разликите помеѓу двете земји во врска со Сирија и Украина. Според зборовите на...

Џонсон: Неприфатливо е мешањето на Русија на Балканот

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, изјави дека Русија мора да престане со „неприфатливото“ мешање во прашањата на други држави, особено на Балканот и во Украина, за да има некаква шанса за нов почеток во односите со западните земји. Џонсон при доаѓањето на состанокот на министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите членки на ЕУ во Брисел рече...

Шефот на британската дипломатија наскоро во посета на Москва

Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, наскоро ќе ја посети Москва, каде ќе разговара за разликите меѓу двете земји во врска со Сирија и со Украина, соопшти денеска британската канцеларија за надворешни работи, јавуваат светските агенции. Посетата на Џонсон на Москва треба да се случи наредните недели. Џонсон, како што пренесуваат агенциите, ја прифатил поканата на својот колега, министерот за надворешни...

На шефот на британската дипломатија му забраниле со велосипед да оди на работа

Скотланд јард му забрани на шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, да оди на работа со велосипед поради страв дека може да биде мета на терористи, па отсега тој мора да користи службено возило, пишуваат британските весници. „На Џонсон му е забрането да вози велосипед од страв дека може да биде лесна мета за терористите“, пишува „Дејли мејл“. Министерот за надворешни...

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...