fbpx

Имате поддршка и пријателство од Велика Британија, му пиша Џонсон на Димитров

-

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, со писмо му ја честиташе на својот македонски колега Никола Димитров 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји. Тој ја потврди поддршката и пријателството од Велика Британија и изрази надеж дека партнерството на двете држави ќе биде уште посилно во наредните години.

„Среќен сум што имам можност да одбележам 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Британија и Македонија. Во поново време, Велика Британија и Македонија соработуваа на Единбуршкиот самит во 1992 година, кога се решаваа проблеми околу признавањето на вашата земја. Британските мировни трупи стационирани во Македонија помогнаа да се постигне договор за прекин на огнот во 2001 година, а во 2005 година, Велика Британија помогна Македонија да добие кандидатски статус за членство во Европската Унија“, вели тој во писмото.

Џонсон додава дека оваа година ќе биде особено важна за двете земји – Велика Британија се подготвуваа за идната улога надвор од Европската Унија, додека Македонија, вели Џонсон, продолжува со амбициозните реформи и со барање решение за спорот за името со Грција.

„Радосен сум што ја потврдувам поддршката и пријателството од Велика Британија. Значително ја зголемуваме техничка помош на Македонија и едвај чекаме да се видиме на самитот на земјите од Западен Балкан во јули. Се надевам дека нашето партнерство само ќе расте во годините што следат“, се вели во пораката на Борис Џонсон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...