fbpx

Светски лидери и донатори ветија 8,8 милијарди долари за вакцинирање на децата во најсиромашните земји

-

На вчерашниот Глобален самит за вакцини, чиј домаќин е Велика Британија, лидерите на најразвиените земји и светски познатите донатори ветија дека ќе обезбедат 8,8 милијарди американски долари за вакцинирање во најсиромашните земји во светот и поддршка на глобалната борба против Ковид-19.

„Велика Британија има чест да биде домаќин на овој самит денес. Можете да сметате на нашиот целосен придонес, бидејќи заедно ќе го исполниме најголемиот заеднички напор во животот – триумфот на човештвото над болестите, сега и за генерациите што следат. Денес направивме избор да се обединиме и да градиме пат за глобална соработка, да ја обновиме и нашата колективна решеност да ја пронајдеме вакцината што може да го победи коронавирусот“ – изјави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

Финансирањето ќе помогне во имунизацијата на 300 милиони деца во најсиромашните земји во светот од болести како сипаници, детска парализа и дифтерија до крајот на 2025 година. Исто така, ќе ги поддржи здравствените системи да ја издржат корона кризата и да одржат неопходната инфраструктура за да се оствари пронаоѓањето на вакцина за Ковид-19 на глобално ниво.

Претставници од 52 земји, вклучително и 35 шефови на држави, им се придружија на лидерите од глобалните здравствени организации, приватниот сектор, производителите на вакцини и граѓанските организации за да ја поддржат работата на Алијансата за вакцини, за заштита на скоро половина од децата во светот од смртоносни и заразни болести.

Велика Британија останува најголем донатор на Алијансата за вакцини, ветувајќи еквивалент од 330 милиони фунти годишно во текот на следните пет години. Други донатори се: Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Норвешка, Германија и Соединетите држави, а осум земји го остварија својот прв залог, вклучувајќи ги Бутан, Буркина Фасо, Камерун, Финска, Грција, Нов Зеланд, Португалија и Уганда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...