fbpx
Таг: БезбедностВоСообраќајот

таг: БезбедностВоСообраќајот

Град Скопје ја смени причината за нефункционирање на семафорите на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“

Поминаа два месеци од пуштањето во употреба на булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ во скопската општина Бутел, меѓутоа едната од двете раскрсници и понатаму е без семафори. Возилата, но и пешачите што се движат по овој патен правец, се загрозени. Од Град Скопје порано се оправдуваа дека ЕВН треба да ги пушти во употреба истите откако ќе постави мерила за...

Сè уште не профункционираа семафорите на новиот булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Бутел

Една недела по пишувањето на „Порталб.мк“, семафорите на една од двете раскрсници на булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ во скопската општина Бутел и понатаму се нефункционални, иако тоа претставува опасност за возачите, но и за пешаците што се движат по новата сообраќајница. Возилата на овој булевар и понатаму се соочуваат со опасност во сообраќајот затоа што една од раскрсниците е...

За 15 години двојно зголемен бројот на повредени велосипедисти во сообраќајни несреќи (инфографик)

Бројот на сообраќајни несреќи во кои учествуваат велосипедисти за период од една и пол деценија речиси двојно се зголемил. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2019 година во сообраќајни незгоди загинале тројца велосипедисти, додека 232 возачи и патници на велосипеди биле повредени. Ваквата бројка е помала во споредба со 2018 година, но значително поголема ако се...

Булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ со исклучени семафори и еден месец по отворањето

На една од раскрсниците на новиот булевар „Христијан Тодоровски - Карпош“ во скопската населба Бутел, и еден месец по пуштањето во сообраќај, семафорите воопшто не функционираат. Ова претставува опасност и за возачите, и за пешаците, кои го користат овој пат во северниот дел од Скопје, пишува „Порталб.мк“. Иако булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ беше пуштен во употреба пред 1 месец,...

„Интелигентниот надзор“ на Коридорот 10 ја мина ревизијата, следи тендер

Градежниот факултет при УКИМ ја заврши ревизијата на проектната документација за воведување на комуникациско - информациски систем за контрола и управување на сообраќајот на автопатот од Коридор 10. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека ревидираниот проект е испратен до Министерството за транспорт и врски, така што следна обврска е распишување на меѓународниот тендер за Интелигентниот...

Ќе се подобрува безбедноста на 11 патишта низ земјава

Скопски „Гранит“ е избран за изведувач на проектот за подобрување на безбедноста на 11 патишта низ земјава. За да се намали бројката на сообраќајни несреќи на црните точки, во наредните 90 дена ќе се работи на поставување нови сообраќајни знаци, банкини и друга опрема за зголемување на безбедноста, на обележување на патот, на изведба на потпорни ѕидови и на...

Половина година по несреќата кај Ласкарци: Ужалени семејства, многу сомнежи и малку одговори (видео)

Поминаа шест месеци од 13 февруари, денот кога Северна Македонија беше потресена од автобуската несреќа која однесе 16 човечки животи, пренесува „Порталб.мк“. И по половина година од најголемата автобуска несреќа во историјата на земјава, роднините на загинатите лица и експертите заедно во еден здив си го поставуваат прашањето како можеше да се дозволи таква небрежност од компании кои одговараат за...

Три предлози за зголемена безбедност во меѓуградскиот превоз во земјава

Случаите со несреќата кај Ласкарци, со пренатрупаноста со патници во автобусите и со запалениот македонски автобус во Црна Гора, го активираше алармот дека безбедноста на меѓуградскиот превоз е загрозена. За да се избегнат ваквите ситуации во иднина и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, експертите препорачуваат три измени во постапката за проверка на исправноста на автобусите, а пак превозниците...

Ќе се поставуваат нови камери на премините за да се избегнат несреќи

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ“ ќе постави нови камери на патните премини на пругите низ земјава. Со инвестицијата од над 15,9 милиони денари на постојните премини ќе се постават 58 камери и 74 столбови за монтирање на камерите, а ќе се набават и компјутери за видео надзор и централизиран уред за менаџирање на системот. Вакви камери и...

На автопатите има повеќе возила, а три пати помалку сообраќајки од обичните патишта (инфографик)

На македонските автопати се случиле за три пати помалку сообраќајни несреќи во споредба со обичните патишта. Според податоците на Државниот завод за статистика, во последните 5 години на автопатите имало во просек по 320 незгоди годишно. Наспроти нив, на патните правци што не се изградени на ниво на автопат во периодот 2014 - 2018 година во просек имало по...

Реката Далјан го однесе платото пред истоимениот хотел

Алармантна е состојбата со асфалтираниот пат и со платото пред хотелот „Далјан“ и Извидничкиот центар во Охрид, предупредија од Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата од Охрид. Реката Далјан создава брза ерозија, пукнатини и поткопување на горниот слој од површината, можно е лизгање на патот и сериозни проблеми по безбедноста на возилата и на луѓето кои се движат кон хотелот...

Градските советници одлучија во Скопје да се вози со 50 км/ч

Советниците на Град Скопје денеска донесоа одлука да се усвојат заклучоците што ги предложија советниците од СДСМ, а се наменети за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Како што информираше денеска на прес-конференција координаторот на советничката група на СДСМ, Дамјан Манчевски, дел од предлозите се: намалување на дозволената брзина на движење на возилата на 50 километри на час, изградба на надземни пешачки...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...