fbpx
Таг: Бехтел-Енка

таг: Бехтел-Енка

Во Собранието поднесен законот за номинирање стратешки партнер за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д

Пратениците Јован Митрески, Арбер Адеми, Сурија Рашиди, Кастриот Реџепи го поднесоа предлог-законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на автопатите на Коридорите 8 и 10д во земјава. Законското решение ќе се носи по скратена постапка и веќе е поставено на дневен ред на 45. Седница на Собранието на РСМ. Ваквиот потег доаѓа откако...

Според фреквенцијата на возила, Коридорите 8 и 10д не треба да бидат во целост автопати [инфографик]

Додека јавноста ги очекува надлежните институции да излезат со предлог-решението за моделот по којшто ќе се градат новите автопати долж Коридорите 8 и 10д, податоците од изминативе години покажуваат големи разлики во фреквенцијата на возила на поединечни делници на кои е предвидено да се гради автопат. На крајот од март, владата со конзорциумот „Бехтел-Енка“ го потпиша Меморандумот за разбирање...

Платформа за борба против корупција: Изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10 да биде низ транспарентен процес

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата изразува загриженост од ниското ниво на транспарентност на процесот со кој Владата на РСМ ја договара изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10. „Од информациите кои и се достапни на јавноста не може да се утврди оправданост за најавеното склучување на директен договор за реализација на инфраструктурни проекти без да...

Заев очекува до почетокот на јуни предлог-решение за изградба на автопатите на Коридорите 8 и 10д

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е можно до крајот на мај или почетокот на јуни надлежните институции во земјава да го изготват предлог-решението за моделот по кој ќе се реализира најавената изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Заев денеска изјави дека владините стручни служби предводени од вицепремиерот Артан Груби, министерот за...

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ влегува во изградба на автопатите на Коридор 8 и 10д

Вицепремиерот Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска со американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка за изработка на проектна документација и изградба на автопатските делници Тетово - Гостивар - Букојчани и Требеништа - Струга - Ќафасан од патниот Коридор 8, како и...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...