fbpx
Таг: барања

таг: барања

„Ние сме Македонија“ бара прекин на разговорите за името, попис и избори

Движењето „Ние сме Македонија“, составено од повеќе македонски организации од дијаспората одржаа мирен протест пред Амбасадата на Македонија во Вашингтон, на која ја искажаа својата „загриженост од политичките настани во матичната татковина“, како и од тековните разговори околу спорот за името со Грција и Законот за јазиците. „На амбасадорот на Република Македонија во САД, Васко Наумовски, му беше предадена декларација во...

ДОМ бара нова опрема за уништување на отпадот во Дрисла

Демократската обнова за Македонија (ДОМ) смета дека поради загадениот воздух, потребни се интервентни набавки на опрема за уништување медицински и друг биолошки отпад во Дрисла, пречистувачи на воздух, апсорбери на чад од оџаци на домаќинствата, филтри на индустриски оџаци и слична опрема. Од таму потсетуваат дека финската студија за загадувањето на воздухот во скопскиот регион од 2016 година покажа дека извори...

ВМРО-ДПМНЕ без најава за блокирање на раскрсници, ќе протестира пред Министерството за правда

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска нема најавено блокирање на раскрсници во Скопје, а протестот против притворањето на триесетина лица поради насилствата во Собранието од 27 април е закажан во 18 часот пред Министерството за правда. Од партијата велат дека „Македонија е земја на политички затвореници, со монтирани обвиненија за тероризам“ и нагласуваат дека остануваат на улиците „се додека хунтата ги гази...

Ѓорчев: Ова беа најнерегуларни и најнедемократски избори во историјата

Република Македонија во текот на вчерашниот ден ги имаше најнерегуларните и најнедемократските избори во историјата на независна Македонија, изјави денеска во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, член на извршниот комитет на партијата. - Никогаш последниве 27 години немало понасилни избори и немало избори со повеќе поткуп, насилство и нерегуларности. ВМРО-ДПМНЕ до меѓународните претставници, до ОБСЕ и ОДИХР достави видео и...

„Тврдокорни“ го прогласија Иванов за „кукавица од претседател“ бидејќи не ги примил

Дваесеттината членови на здружението „Преродба“, Семакедонскиот национален совет „Македониум“ и Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ кои денеска излегоа на протест пред претседателската резиденција, не успеаја да му го предадат барањето на претседателот Ѓорге Иванов за одземање на мандатот на премиерот Зоран Заев. Претставници на здруженијата пред резиденцијата соопштија дека биле известени од обезбедувањето дека Иванов си заминал. Гневни поради ова, тие го прогласија...

Илјадници демонстранти побараа затворање на Златна зора и апсење на нејзините членови

Околу 3.000 левичарски активисти и мигранти вчера маршираа низ центарот на Атина во знак на сеќавање на рапертот и активист Павлос Фисас, кој пред четири години беше убиен од симпатизери на неонацистичката партија Златна зора. Полицијата го спречи обидот на учесниците на маршот да стигнат до седиштето на партијата, поради што дел од демонстрантите почнаа да фрлаат молотови коктели врз...

ИСОС има обврска континуирано да постапува по поднесени барања од сметководители

Министерството за финансии реагира на известувањето на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) со кое се утврдува рок до 30 септември, за трговците-поединци и за трговските друштва да поднесат барање со придружна документација за добивање лиценца за работа и за барање упис во регистрите на Институтот. „Во Законот за вршење сметководствени работи и статутот на Институтот не е утврден рок, ниту е...

МЗШВ: Рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството е до 15 септември

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците дека рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделство од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година, кој почна на 3 јули, трае до 15 септември. Земјоделците можат сами да поднесат барање за директни плаќања преку е-барање, кое е поставено на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството...

Кој и под кои услови во Македонија може да нареди прислушување на дипломати

Прислушувањето на странски дипломати, во чии редови без исклучок има и разузнавачи, според Законот за следење на комуникации се врши на барање на министрите за внатрешни работи и за одбрана, а го одобрува судија на Врховен суд. Во Законот за следење на комуникациите условите и постапката за прислушување е уредена во две глави. Едната се однесува на сторители на кривични...

Лицата со попреченост четврти пат ќе кампуваат пред Собрание

Лицата со посебни потреби и нивните семејства од денеска во 22 јули четврти пат ќе ги постават своите шатори во паркот Жена -  борец, спроти Собранието. Граѓанската иницијатива „Пет до дванаесет“ ги повикува сите лица со попреченост, хендикеп или посебни потреби, заедно со нивните родители и семејства, да ја поддржат иницијативата и да учествуваат во процесот за изедначување на нивните...

Египет, Саудиска Арабија, УАЕ и Бахреин одлучуваат за судбината на Катар

Министрите за надворешни работи на Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и на Бахреин во Каиро имаат состанок за катарската криза. На состанокот ќе разговараат за реакцијата на Катар на 13 барања што четирите заливски држави ѝ ги доставија на Доха. Саудиска Арабија. Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет на 5 јуни објавија дека ги прекинуваат односите со Катар, а потоа на...

Катар ги отфрли барањата на арапските земји, оценувајќи ги како максималистички

Катар ги отфли барањата на арапските земји, поставени како услов за деблокада на дипломатските односи, оценувајќи ги како максималистички и насочени против суверенитетот на земјата. Списокот со барања, меѓу кои се и затворање на телевизијата „Ал Џезеира“, прекин на односите со Иран и затворање на турската воена база во Катар, ѝ беше доставен на Доха на 22 јуни, со рок...

И Канческа-Милевска и Пешевски останаа без пасоши, засега нема притвори

Кривичните совети на Основниот суд Скопје ги одбија како неосновани барањата на Специјалното јавно обвинителство да им биде одредена мерка притвор на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска и на поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски. На Канческа-Милевска и на Пешевски, кои се обвинети во случаите „Тендери“ и „Траекторија“ на СЈО, судот наместо притвор им одредил мерки на претпазливост...

СЈО бара притвор за Груевски, Мијалков, Јанакиески, Јанкулоска, Канческа-Милевска…

Специјалното јавно обвинителство денеска со 17-те обвиненија до Кривичниот суд ќе поднесе и барање за одредување притвор за вкупно 18 лица, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ексминистрите за внатрешни работи, култура и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска, Елизабета Канческа-Милевска и Миле Јанакиески. Според...

Арапските земји испратија листа со барања до Катар, вклучувајќи и затворање на „Ал Џезеира“

Четирите арапски држави кои воведоа санкции кон Катар поради наводна поддршка на тероризмот, ѝ испратиле на Доха 13 барања, вклучувајќи и затворање на телевизијата „Ал Џезеира“ и намалување на врските со Иран, изјавил официјален претставник на една од четирите држави. Листата со барањата, како што пренесуваат светските агенции, ја составиле Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин. Од Катар се...

Одлуката за изборот на Џафери стигнала, „Службен весник“ ќе ја објави наредната недела

„Службен весник“ денеска соопшти дека е доставено барање за објавување на одлуката за избор на претседател на Собранието и дека таа ќе биде објавена на почетокот од наредната недела во првиот број на „Службен весник“. „Во согласност со позитивните законски прописи во однос на поднесеното барање, одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија ќе биде објавена во првиот нареден...

Груевски: Нови избори се решение – ако СДСМ победи, нека направи влада

Најдобар излез од оваа ситуација е да се оди веднаш на брзи предвремени избори, заедно со редовните планирани локални избори, кои, патем, заради чекорите на СДСМ се одложија, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општината Ѓорче Петров. Тој го повика СДСМ да прифати нови избори и, како што рече,...

Врховниот суд официјално кажа дека одбил буквално сè, но не и зошто

Врховниот суд попладнево и официјално соопшти дека ги одбил сите барања и приговори што беа на дневен ред на денешната општа седница. Имено, на седницата се одбиени барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, приговорот на судијката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, и приговорите на 17-те судии од Основниот суд Скопје 1 против...

Продолжуваат протестите против Вучиќ во Белград, Ниш и во Нови Сад

Неколку илјади претежно млади лица, незадоволни од победата на Александар Вучиќ на претседателските избори во Србија, и денеска излегоа во центарот на Белград, на четвртиот по ред „Протест против диктатурата“, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. Учесниците на протестот, кој е организиран преку „Фејсбук“, носеа знамиња на Србија и транспаренти со натписи „О (не)свести се“, „Вучиќ арамијо“, „Долу диктатурата“, „Денеска...

СЈО ги проверува имотите на функционери и на фирми за финансиските истраги што ги води

Специјалното јавно обвинителство врши детални проверки на имотот на поголем број лица и фирми, за потребите на финансиските истраги што ги води, соопштија денеска од СЈО. „Пред ова Јавно обвинителство се водат повеќе предистражни постапки кои за цел имаат спроведување на финансиски истраги против поголем број на физички и правни лица. Целта на овие предистражни постапки е да се провери...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...