fbpx

„Ние сме Македонија“ бара прекин на разговорите за името, попис и избори

-

Движењето „Ние сме Македонија“, составено од повеќе македонски организации од дијаспората одржаа мирен протест пред Амбасадата на Македонија во Вашингтон, на која ја искажаа својата „загриженост од политичките настани во матичната татковина“, како и од тековните разговори околу спорот за името со Грција и Законот за јазиците.

„На амбасадорот на Република Македонија во САД, Васко Наумовски, му беше предадена декларација во која се наведени 5 барања до претседателот, Владата и Собранието“, стои во соопштението на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Во декларацијата се бара итен прекин на разговорите за решавање на спорот за името со Грција, претседателот Ѓорге Иванов да стави вето на „противуставниот закон за јазици, организирање попис на населението во Македонија под мониторинг на реномирана меѓународна организација во следните шест месеци и „неменување на историјата на Македонија, статусот на Македонската православна цркца – Охридска архиепископија и интензивирање на грижата за Македонците во соседните држави.

Доколку Владата не е способна да го стори горенаведеното, движењето повикува на итно самораспуштање на Собранието и организирање на непосредни избори каде што и на „македонските граѓани од дијаспората ќе им бидат овозможени свои претставници во новиот парламентарен состав, според принципот на пропорционалност“.

„Движењето “Ние сме Македонија,” ги повикува сите Македонци во светот и матичната држава, организирани преку македонски здруженија и организации во светот, да се приклучат на ова движење и да дадат поддршка за декларацијата“, стои во соопштението.

Од ОМД најавуваат дека следниот протест на движењето ќе биде в среда пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...