петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Балкански рис | 22 резултати

Скопјани учеа како да создадат садници за пошумување на коридорите каде што живее балканскиот рис

26 октомври 2024

Биолозите од Македонското еколошко друштво денеска ги едуцираа скопјани како да создадат дабови садници. На настанот што се одржа во Градскиот парк во Скопје, граѓаните учеа како можат сами да создадат дабови садници за пошумување од собраните желади под стеблата на дабовите дрва. Еко активистот Јане Димески од „Шума во градот“ кој веќе долги години […]

Балканскиот рис доби повисоко ниво на заштита според Бонската конвенција

16 февруари 2024

Балканскиот рис е вметнат во Бонската конвенција, а С. Македонија и Албанија се обврзаа со здружени сили да го штитат неговиот опстанок, информираат од Македонското еколошко друштво. За време на Конференцијата на Бонската конвенција, која се одржува во Узбекистан, евроазискиот рис и неговиот загрозен подвид, балканскиот рис, се најдоа на списокот на преселни видови. Предлогот […]

(ФОТО) Нова рисица лоцирана во близина на Стража

26 јануари 2024

Македонското еколошко друштво (МЕД) соопшти дека минатата ноќ лоцирало нова рисица. Животното било лоцирано во кафез-замка која била направена минатата недела и поставена пред три дена. Рисицата на која ѝ е дадено името Луна пред само неколку часови била лоцирана на планината Буковиќ, во близина на Стража. Како што информираа од МЕД, животното е тешко […]

Балканскиот рис со години се бори за опстанок, се наоѓа пред нова опасност

21 септември 2023

Балканскиот рис долги години се бори за опстанок. Неговата популација во природата е многу мала, поради што се смета за критично загрозен и се наоѓа на глобалната и националната листа на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN). На Балканот, бројката на рисови се проценува дека се движи од 36 до 40 возрасни единки, не […]

С.Македонија и Албанија ќе ги ревитализираат шумите важни за опстанокот на балканскиот рис

6 септември 2023

Во текот на изминатите две децении, Северна Македонија и Албанија загубиле 5,5, односно 6,5 отсто од вкупната површина на шумите, според податоците од Global Forest Watch. Трендот е алармантен особено во регионите богати со биодиверзитет, кои ги опфаќаат и живеалиштата неопходни за опстанокот на критично загрозениот балкански рис и кои претставуваат витални коридори за дивиот […]

Меѓународен ден на рисот: Популацијата на големата мачка е стабилна, но и понатаму на работ на исчезнување

11 јуни 2023

Балканскиот рис е една од најретките големи мачки на планетата, со популација од помалку од 50 единки, од кои најголемиот дел, околу 40 живеат во Северна Македонија, а останатите се сретнуваат во Албанија и Косово. Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), балканскиот рис го рангира како критично загрозен, а најголемиот дел од опасностите за […]

Рисот конечно ќе живее во заштитено подрачје, започна репрогласувањето на „Маврово“

6 јуни 2023

Националниот парк Маврово ќе биде репрогласен како заштитено подрачје според актуелниот закон за природа. Министерството за животна средина, во соработка со Глобал Конзервејшн и Македонското еколошко друштво неодамна ја започна постапката за дополнување на Студијата за ревалорзација и за изработка на План за управување. Во текот на следните десет години, со поддршка од Глобал конзервејшн  […]

Хакирана веб-страницата на Министерството за животна средина: ги нема црвените листи на загрозени видови

22 мај 2023

Балканскиот рис е најзагрозениот вид во македонската фауна и сè уште постои опасност од негово исчезнување. Се проценува дека од овој подвид на евроазискиот рис, кај нас има од 35 до 40 единки. По неколку има и во Косово и во Албанија, што значи дека целокупната популација на оваа дива мачка се сведува на педесетина […]

Спарувањето во сродство е нова опасност за малата популација на балканскиот рис

12 февруари 2023

Криволов, уништување на шумите и живеалиштата, намалување на пленот, а сега и последици од спарувањето во сродство, или инбридинг, се многуте опасности кои постојано го демнат балканскиот рис. Малата популација на нашата најпозната мачка веќе неколку децении се соочува со голем предизвик, како да го обезбеди опстанокот, но и како да создаде здрави поколенија кои […]

Планините полни со напуштени кучиња, го јадат пленот на рисот и напаѓаат луѓе

29 август 2022

Планините се полни со напуштени кучиња кои се закана за луѓето, но и за дивиот свет. Глутници гладни кучиња го јадат пленот на рисот и другите диви животни, а заради генетската блискост хибридизираат и со волците. Иако гледани како предатори, и самите кучиња во овие случаи се жртви. Особено заради неодговорните сопственици кои ги довеле […]

Опасноста од консумирање брза храна во текот на летото во фокус на новата епизода на „Шорткат“

16 јуни 2022

Која храна треба да ја избегнуваат младите и на што треба да се внимава во текот на летните месеци, се прашањата на кои одговорите ги даваме во новата епизода на емисијата „Шорткат“. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, зборува за тоа колку е безбедна храната што ја консумираме. Во 41. епизода на […]

Секоја година во земјава најмалку еден рис страда од криволов

11 јуни 2022

Најмалку еден балкански рис секоја година страда од криволовци. Во земјава се останати само уште околу 35 возрасни единки од ова прекрасно животно. Во околните земји Албанија и Косово има уште петнаесетина рисови, бројка што укажува на фактот дека опстанокот на дивата мачка е сериозно загрозен и ја става на листата на  Меѓународната унија за […]

Труењето и криволовот ги истребија дивите животни, но во земјава и понатаму нема ниту една казна за еколошки криминал

14 март 2022

Труење, криволов или недозволена трговија се меѓу главните закани за дивиот свет во земјава. Египетскиот мршојадец и балканскиот рис се на работ на истребување, а и мечките, волците, лисиците или шакалите не се под помала закана. Сепак, и покрај тоа што ова се едни од главните причини за десеткувањето на полулациите на најзагрозените животни во […]

Балканскиот рис да добие свои зелени премини, за да не завршува под тркалата на возилата на патиштата

3 јануари 2022

Локациите Буковиќ-Сретково и Селечка Планина се два пилот еколошки коридори каде се спроведуваат истражувања за изградба на зелена инфраструктура заради подобрување на условите во кои живее и опстојува балканскиот рис, но и многу други видови диви животни. Коридорот Буковиќ-Сретково е од особено значење, имајќи предвид дека претставува еден од најважните простори за поврзување на популациите […]

Балканскиот рис повторно снимен како шета низ Галичица

22 октомври 2021

Млад балкански рис е фотографиран во Националниот парк „Галичица“. За една година, ова е втора фотографија на дивата мачка во овој дел од земјата. Снимката ја споделија официјалната Фејсбук страна на проектот за спас на балканскиот рис Balkan lynx – Rrëqebulli i Ballkanit – Балкански рис, страницата на Македонското еколошко друштво и на Националниот парк. […]

Светски ден на рисот: Дивата мачка плива во Козјак, а шета и на Водно

11 јуни 2021

Балканскиот рис е под сериозна закана за исчезнување, а македонските екологисти напорно работат да се озбезбедат услови за преживување. Помалку од 50 возрасни единки живеат на територијата на С. Македонија, Албанија и Косово, што го става на листата на  Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) со статус на критично загрозено животно. Денеска се одбележува […]

Уништена опрема на Македонското еколошко друштво за мониторинг на балканскиот рис

25 ноември 2020

Несовесни граѓани целосно уништиле кафез – замка на Македонското еколошко друштво (МЕД) која служи за научно-истражувачки цели за следење на балканскиот рис. Опремата, која била лоцирана во месноста Суви Дол, Кичевско, е целосно уништена и не може повторно да се употреби за мониторинг на балканскиот рис, информираат од МЕД. Македонското еколошко друштво долги години спроведува […]

Македонија сè уште нема црвени листи за сите загрозени видови

11 април 2020

Балканскиот рис, белоглавиот и египетскиот мршојадец долги години се меѓу најзагрозените животни во земјава, но листата на видови во опасност постојано се зголемува. Неконтролираното темпо на користење на биолошките ресурси во светот, но и кај нас може да доведе до неповратно губење на огромен број животни и растенија. Прифаќањето на природата, генерално, како ресурс, а […]

Страна 1 од 1