fbpx
Таг: азил

таг: азил

МВР вчера издало потврди на вкупно 1.830 мигранти

Во текот на вчерашниот ден, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 1.830 мигранти, од кои повеќе од половината, односно 1.270, се сириски државјани. Според податоците на МВР, за речиси три месеци, откако беа донесени измените на Законот за азил и привремена заштита (19 јуни), досега низ територијата на Македонија поминале вкупно 68.784...

Бегалците по добивањето азил нема да можат да се преселат во друга земја од ЕУ

Бегалците нема да имаат право да изберат во која земја од ЕУ ќе бидат распоредени, соопшти портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто. Беглаците, како што рече Берто, ќе бидат прераспределени во согласност со нивните квалификации и по добивањето азил нема да имаат право да ја напуштат земјата и да се преселат во друга ЕУ-членка. - Бегалците со добивањето азил добиваат одредени...

Вчера издадени потврди на речиси 2.000 нови мигранти

Во изминатите 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 1.936 мигранти, од кои најголемиот број, односно 1.525 лица, се сириски државјани, соопшти денеска МВР. Со ова, бројот на регистрирани мигранти кои од 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, до денеска, транзитирале низ...

Меркел и Оланд предлагаат „европски азил“ и легитимациски листи за мигрантите

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Франсоа Оланд, објавија заедничко писмо во кое изразуваат поддршка на неодамна предложените мерки за згрижување на бегалците од Блискиот Исток. Писмото, двајцата европски лидери го испратиле до Советот на Европската унија, Европската комисија (ЕК) и до премиерот на Луксембруг, кој го презеде претседателството со унијата во наредните шест месец. Меркел и Оланд изразуваат поддршка...

За неполни три месеци, издадени потврди на вкупно 60.421 мигрант

Во изминатите 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил биле издадени на вкупно 1.462 мигранти, од кои најголемиот број се сириски државјани, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Од 19 јуни, кога беа донесени измените на Законот за азил и привремена заштита, досега, според издадените потврди на МВР, низ Македонија поминале вкупно 60.421 мигрант. Во текот на изминатото...

Унгарските власти попуштија, илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија

Илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија, откако унгарските власти донеле „неочекувана“ одлука и обезбедиле автобуси за превоз на мигрантите од железничката станица Келети во Будимпешта до границата со Австрија, јавуваат медиумите. Унгарските власти, претходно, неколку дена ги суспендираа меѓународните железнички линии кон Северна и Западна Европа, поради што стотици мигранти вчера попладне пеш тргнаа кон австриската граница, пат долг околу...

Германија бара построги правила за азил за Западен Балкан

Германија денеска ја повика Европската унија да ги заостри правилата за добивање азил за земјите од Западен Балкан, опишувајќи ги земјите од тој регион како „сигурни земји“, соопшти портпаролот на германската влада, Штефан Зајберт. - Земјите од Западен Балкан одат кон Европа, некои од нив имаат амбиции да поднесат барање за членство во ЕУ. Тие се, всушност, по дефиниција, такви...

За 24 часа издадени повеќе од 2.000 потврди за барање азил

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.093 мигранти, од кои најголемиот дел, односно 1.830, се државјани на Сирија, соопшти МВР. Од 19 јуни, кога беа донесени измените на Законот за азил и привремена заштита, до денеска, според МВР, издадени се потврди на вкупно 57.151 странски државјанин. Од нив...

Германија, Италија и Франција бараат ревизија на политиката за азил на ЕУ

Министрите за надворешни работи на Германија, Италија и на Франција, вчера потпишаа документ со кој бараат ревизија на актуелните правила на Европската унија (ЕУ) за доделување азил и за „фер распределба“ на мигрантите во земјите-членки на унијата, соопшти шефот на италијанската дипломатија, Паоло Џентилони. Во документот, на кој освен на Џентилони, стојат и потписите на Лорен Фабиус и на Франк-Валтер...

МВР: Вчера се издадени 814 потврди на мигранти

Од МВР денеска информираат дека се издадени 814 потврди на мигранти во периодот од осум часот вчера до осум часот утрово. Од вкупниот број, 513 се од машки пол, 112 се од женски, 164 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 25 деца кои патуваат без родител, на кои е издадена потврда за искажана намера...

Од средината на јуни досега, во земјава регистрирани 52.757 мигранти

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 1.217 странски државјани. Според МВР, од почетокот на издавањето на потврдите (19 јуни) досега, документи, со кои им се овозможува легален престој на мигрантите на територијата на земјава во период од 72 часа, им се издадени на вкупно 52.757 странски државјани, од...

Вчера издадени 1.289 потврди за барање азил

Во периодот од 08.00 часот на 27.08.2015 до 28.08.2015 година во 08.00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.289 странски државјани, од кои, 911 се од машки пол, 170 се од женски, 185 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 23деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување...

Германија предлага азил во цела Европа

Германија предлага бегалската криза да се репи со одобрување азил на цела територија на ЕУ и да се врши нивна праведна распределба, соопштија властите во Берлин. Во германскиот предлог, од десетте точки се наведува дека на Европа и е потребен единствен систем за управување си границите, кој не се однесува само на заштита на границите туку веќе и на...

Германија очекува околу 750.000 азиланти

Бројката на бегалци кои бараат азил во Германија оваа година може да изнесува околу 750.000 луѓе, покажуваат извештаите од официјалните проекции, пренесува „Би-Би-Си“. Иако, прогнозите на властите во Берлин предходно беа дека оваа бројка ќе биде некаде околу 450.000 барања за азил, сепак, според последните извештаи, таа изнесува над 650.000, од кои најголем дел се од Сирија и Балканските земји. Високиот...

Мигрант тешко повреден во железничка незгода кај Куманово

Мигрант, чиј идентитет засега е непознат, бил тешко повреден во железничка незгода, што денеска претпладне се случила во кумановската населба Карпош. Според Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила околу 10.30 часот, кога товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце - Куманово, удрил во непознато лице, „најверојатно илегален мигрант кој во критична состојба е префрлен во Медицинскиот центар...

Екипи на Црвен крст вчера пружиле помош на повеќе од 200 мигранти

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 427 мигранти, кои илегално влегле на македонска територија. Според МВР, во текот на вчерашниот ден, мобилните тимови на Црвен крст укажале прва помош на вкупно 204 лица, меѓу кои имало 30 трудници. Од интервенциите, 118 биле на железничката станица во Гевгелија,...

Де Мезијер: Бранот бегалци од Балканот е неприфатлив

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезијер, изјави дека е неприфатливо 40 отсто од рекордниот број баратели на азил во Германија да доаѓаат од Балканот, нарекувајќи го тоа срам за Европа. Германскиот министер, исто така, ги осуди протестите против приливот на мигранти, вклучувајќи и палење засолништа, карактеризирајќи ги како неприфатливи и недостoјни на земјата. Германија се бори со голем број...

За 24 часа издадени потврди на 614 мигранти

Мобилните тимови на Црвениот крст, вчера до 17 часот, укажале прва помош на вкупно 142 лица, илегални мигранти, меѓу нив и 29 трудници, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Од вкупниот број интервенции, 79 биле на железничката станица во Гевгелија, а 63 интервенции екипите на Црвен крст имале на Табановце. Според МВР, во текот на изминатите 24 часа, биле издадени...

Унгарија во 2015 година примила 110.000 барања за азил

Шефицата на унгарската имиграциона канцеларија, Зузана Вег, изјави дека таа земја во 2015 година примила 110.000 барања за азил. Како што наведе таа, тоа зголемување било причината владата да почне со изградба на ограда на границата со Србија. Според нејзините зборови, регистрираните баратели на азил се упатуваат во еден унгарски центар за бегалци, каде чекаат одлука на нивното барање, но...

Од 19 јуни до денеска МВР издало потврди на вкупно 28.297 мигранти

Од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и за привремена заштита (на 19 јуни) до денеска, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил во земјава на вкупно 28.297 мигранти, кои илегално влегле на територијата на Македонија, соопштуваат од МВР. Вчера, вакви потврди МВР издало на нови 1.064 странски државјани, од кои...

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...