fbpx

Екипи на Црвен крст вчера пружиле помош на повеќе од 200 мигранти

-

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 427 мигранти, кои илегално влегле на македонска територија.

Според МВР, во текот на вчерашниот ден, мобилните тимови на Црвен крст укажале прва помош на вкупно 204 лица, меѓу кои имало 30 трудници. Од интервенциите, 118 биле на железничката станица во Гевгелија, 86 на Табановце, а едно лице било транспортирано во гевгелиската општа болница.

Од 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита до денеска, во 8 часот, според МВР, потврди се издадени на вкупно 33.767 мигранти, од кои 26.561 се државјани на Сирија.

Бројот на мигранти што поднеле барање за азил останува непроменет, односно 41 лице поднело барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Од барателите на азил, 31 се сириски државјани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...