fbpx

За 24 часа издадени повеќе од 2.000 потврди за барање азил

-

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.093 мигранти, од кои најголемиот дел, односно 1.830, се државјани на Сирија, соопшти МВР.

Од 19 јуни, кога беа донесени измените на Законот за азил и привремена заштита, до денеска, според МВР, издадени се потврди на вкупно 57.151 странски државјанин. Од нив најголем број се државјани на Сирија (46.453), потоа на Авганистан (3.156), Ирак (2.622), Пакистан (1.673), Палестина (711), Сомалија (564), Бангладеш (381), Конго (323), Нигерија (196), Камерун (159), Еритреја (142) и на Етиопија (109).

Според МВР, во изминатите 24 часа до одделението за азил не е поднесено ниту едно барање за азил во земјава, а од почнувањето на издавањето на потврдите до денеска, азил во земјава побарале 49 лица.

Во Прифатниот центар за баратели на азил вчера биле евидентирани 11 лица. Четворица баратели на азил, односно маж, жена и две деца, од кои едното без придружба на старател, биле згрижени на друго место за сместување, определено од Министерството за труд и социјална политика, во согласност со Законот за азил и привремена заштита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...