fbpx
Таг: артилерискаграната

таг: артилерискаграната

Работник пронашол артилериска граната во Битолско

Вчераутро, во Секторот за внатрешни работи Битола, работник пријавил дека пронашол артилериска граната со калибар од 75 милиметри, информираат од полицијата. Според пријавата, граната била пронајдена при изведување градежни работи на железничката пруга. Екипа на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола ја подигнала граната за понатамошна постапка.

Битолчанец во двор нашол граната од Првата светска војна

Четириесет и шестгодишен битолчанец вчера, околу 11 часот, во локалната полиција пријавил дека во дворот од својата куќа нашол артилериска граната од Првата светска војна. Гранатата, битолчанецот ја пронашол додека изведувал градежни работи во дворот од куќата. Од полицијата информираат дека експлозивната направа била подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и однесена за понатамошна постапка.