fbpx
Таг: Александар Кирацовски

таг: Александар Кирацовски

СДСМ Битола испратилa преку 100 предлози за пратеничката листа во петката

Битолските социјалдемократи до централата на СДСМ во Скопје испратиле долга листа од 104 потенцијални кандидати за пратеници на претстојните парламентарни избори. Предлозите биле испратени директно од месните организации, а им бил оставен простор на членовите и самите да се кандидираат. Меѓу најзвучните имиња за евентуални кандидати за пратеници се потпретседателот на партијата и актуелен дополнителен министер за информатичко општество, Александар Кирацовски,...

Кирацовски: Пратениците да го одложат законот за оценување на администрацијата

Александар Кирацовски, дополнителниот заменик-министер за информатичко општество, денеска апелираше до сите пратеници да ја прифатат неговата иницијатива за одлагање на оценувањето на административните службеници преку измените во Законот за административни службеници. – Пратениците се должни да работат во интерес на граѓаните, а во овој момент нема поголем интерес за граѓаните од фер и веродостоен изборен процес. Секој глас против овие измени...

Новиот рудник за гранит ја вжешти политичката сцена во Битола

Дебатата за новиот рудник за експлоатација на минерална суровина гранит на локалитетот Билбил kамен, ја вжешти политичката сцена во Битола. Рудникот кој е оддалечен околу два и пол километри од централното градско подрачје и околу 800 метри од првото населено место, ги спротивстави власта и опозицијата во еден од најзагадените градови во земјава. Главното прашање, дали рудникот ќе има штетни последици по...

Кирацовски: Талески од морални причини веднаш да си поднесе неотповиклива оставка

„Никола Груевски и неговите неколкумина соработници мора да се помират со новата реалност. Владимир Талески ќе го добие заслуженото“, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски. - Секој што се огрешил пред законите и работел на штета на граѓаните ќе одговара! Тоа важи и за осомничениот за криминал, градоначалникот на Општина Битола, Талески. Наивно е ако Груевски и соработниците верувале дека правната...

„Шарена револуција“: Зошто да прават парк за мајмуни кога си имаме златно Собрание

„Уметничка слика“ која ги прикажува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со неговите најблиски соработници зад решетки, носеа демонстрантите на вечерашниот протест на „Шарената револуција“. Тие на овој начин ги исмејаа нарачаните слики што треба да бидат поставени во седиштето на партијата. https://twitter.com/meta_agency/status/738416845947015168 По почеток на протестот, пред Специјалното јавно обвинителство, каде што демонстрантите го испишаа транспарентот „Нашата уметност е бесплатна“, тие се упатија...

Кирацовски: Незаконски исплатени еден милион евра на фирма блиска до власта

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски дозволи околу еден милион евра пари на граѓаните да бидат незаконски префрлени на сметката на фирмата „Виста Груп“, блиска до власта, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за информатичко општесто и администација, Александар Кирацовски. Тој изјави дека незаконската исплата била за проектот за интероперабилност и покажа документи за кои тврди дека докажуваат...

Димитриев ги достави оставките на министрите од СДСМ до Собранието

Техничкиот премиер задолжен за организирање на предвремените парламентарни избори, Емил Димитриев, попладнево до Собранието ги доставил оставките на министрите и замениците-министри од редовите на СДСМ во техничката Влада. Димитриев ги доставил оставките на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, и на дополнителните заменици-министри, Кире Наумов за финансии, Љупчо Николовски за земјоделство,...

Кирацовски: Министерката забранила да ми даваат документи

Соработниците на Никола Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ се во огромна паника, бидејќи почнавме да ја вадиме вистината за нивното работење на штета на граѓаните, рече на прес-конференција Александар Кирацовски, дополнителен заменик-министер за инфарматичко општество. „Ја известувам јавноста дека министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, вчера се обиде да изврши притисок врз административните службеници. Откако ја објавив намерата...

Кирацовски: „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа“ од Груевски добиле 13 милиони евра за три години

„Никола Груевски ги корумпира „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа“ со пари од народот. Во последните три години, во овие телевизии завршиле 13 милиони евра“, објави денеска дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски. Според податоците што ги објави Кирацовски, телевизијата „Сител“ добила повеќе од 5 милиони евра, во „Канал 5“ влегле речиси 4 милиони евра, а во „Алфа“ повеќе од 4...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ призна дека го диригира работењето на МАРНЕТ

Партијата на Груевски спротивно на законот се меша во работата на државната установа МАРНЕT, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на дополнителниот заменик-министер во Министерството за информатичко општество, Александар Кирацовски. „ВМРО-ДПМНЕ самата во реакцијата се расфрлува со домени за регистрација во МАРНЕТ. Како од ВМРО-ДПМНЕ знаат кој е украден назив за регистрација на интернет-страница?!...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...