fbpx

Кирацовски: Министерката забранила да ми даваат документи

-

Соработниците на Никола Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ се во огромна паника, бидејќи почнавме да ја вадиме вистината за нивното работење на штета на граѓаните, рече на прес-конференција Александар Кирацовски, дополнителен заменик-министер за инфарматичко општество.

„Ја известувам јавноста дека министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, вчера се обиде да изврши притисок врз административните службеници. Откако ја објавив намерата на власта да казни и да избрка од работа стотици административци, министерката противзаконски побарала од вработените во Министерството веднаш да запрат со доставување документи што ќе ги побарам јас или мојот кабинет. Имам писмен доказ за тоа! Ѝ укажувам на министерката Арсовска-Томовска дека ќе поднесам кривична пријава против неа доколку веднаш не го повлече дописот. Министерката со овој допис, самата врши кривично дело, а на тоа ги наведува и вработените“, рече Кирацовски.

Тој додаде дека во Законот за Влада децидно е наведено дека доплнителниот заменик-министер има право на неограничен пристап до сите акти, документи и информации што му се на располагање на министерот.

„Вработените во министерството, на барање на дополнителниот заменик-министер, имаат обврска да му ги достават сите акти, документи и информации што му се на располагање на министерот. Предупредувам дека министерката Арсовска-Томовска со дописот до вработените во министерството направила злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата, за што кривично се одговара“, рече Кирацовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...