fbpx
Таг: аеродром

таг: аеродром

Лажна дојава за бомба на аеродром во Русија

Околу 150 луѓе беа евакуирани од аеродромот „Колјцово“ во Екатеринбург откако стигнала лажна информација за поставена експлозивна направа. Извори од полицијата рекле дека аеродромот е прегледан и дека не е пронајдено ништо сомнително. Според исказите на очевидци, сите што биле во зградата се извадени надвор, а на патниците кои пристигнале на аеродромот не им било дозволено да ги напуштат авионите.

Египет покрена истрага за вработените на аеродромот

Египетските власти соопштија дека е покрената истрага за сите вработени на аеродромот во Шарм ел Шеик кои имале некаква врска со урнатиот руски авион. Неименувани безбедносни официјални лица и преставници на аеродромот потврдиле дека властите ги испрашуваат вработените на аеродромот и дека почнале надзор на дел од нив, поточно на тие што работеле на летот на руската авиокомпанија „Метроџет“, чиј авион се урна на 31...

Египет: Аеродромот во Шарм ел Шеик е безбеден

Египетските претставници соопштија дека аеродромот и летувалиштето Шарм ел Шеик се безбедни и оти Велика Британија треба да ги почека резултатите од истрагата за падот на рускиот авион пред да ги запре сите летови на таа дестинација. Висок претставник на воздушниот сообраќај, кој посакал да остане анонимен, рекол дека британските и руските тимови вчера ги проценувале безбедносните процедури на аеродромот...

Пронајдена бомба покрај писта на аеродром во Диселдорф

Седум летови на аеродромот во Диселдорф се откажани, откако во текот на ноќта, во близина на пистата е пронајдена бомба од Втората светска војна. - Поради контролираната експлозија на бомбата, откажани се неколку полетувања и слетувања - соопшти портпаролот на аеродромот, Кристијан Хинкел. Сè уште има многу неексплодирани бомби од времето на бомбардирањето на Германија во Втората светска војна. Најголемата евакуација поради неексплодирана...

Груевски: Мијалков не е привилегиран

Координаторот на СДСМ, Горан Сугарески, на денешната седница за поставување пратенички прашања, го праша премиерот Никола Груевски како поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, успеал да го мине аеродромското обезбедување со пиштол во торбата. Премиерот Груевски на тоа рече дека тој не е надлежен за тоа што граѓаните пренесуваат во своите торби кога излегуваат од државата. - Институциите треба да си...

Женскиот хор „Рустико“ освои прво место на фестивал во Италија

Женскиот хор „Рустико“, под уметничко раководство на маестро Запро Запров, го освои првото место во фолклорната категорија за женски хорови на меѓународниот натпреварувачки хорски фестивал „Ин канто сул гарда“, што по 11. пат се одржа во малото живописно гратче Рива дел Гарда на северниот брег од езерото Гарда, во Италија, од 10 до 14 октомври, и тоа во конкуренција на...

Новинарка на „Би-Би-Си“ пронајдена обесена на аеродром во Истанбул

Новинарката на „Би-Би-Си“ и директорка на Институтот за воено и мирнодопско известување, Џеки Сутон, е пронајдена мртва на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, откако го пропуштила поврзувачкиот лет за Ирак. Педесетгодишната Сутон е пронајдена обесена во тоалетот, откако го пропуштила летот од Истанбул за Ербил. Според аеродромскиот персонал, Сутон изгледала вознемирено кога им соопштила дека мора да купи друг билет. Безживотното тело на...

СДСМ повторно побара одговори од надлежните за случајот со Мијалков

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, преку писмено соопштение до медиумите, денеска повторно побара објаснување и одговори од компанијата ТАВ, полицијата, царината и од другите надлежни служби, за тоа како поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, успеал да ги помине аеродромските контроли со пиштол во патната торба. „Компанијата ТАВ, која управува со аердромот во Скопје, е должна на...

ВМРО-ДПМНЕ: Мијалков, за разлика од Заев, признава кога ќе направи пропуст

„Сашо Мијалков даде изјава во медиумите. Го потврди пропустот. Сашо Мијалков не лаже и не манипулира. Факт кој е несвојствен и неразбирлив за СДСМ“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ во кое најголемата опозициска партија, меѓу другото, прашува како поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање успеал да ја помине контролата на аеродромот во Скопје...

Бесплатен интернет на скопскиот аеродром

„ТАВ Македонија“ во соработка со „Македонски телеком“ воведе бесплатен интернет на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Станува збор за бесплатен безжичен интернет кој е достапен во терминалната зграда и во салонот за важни личности на скопскиот аеродром, а кој патниците можат да го користат со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име „Telekom HotSpot“. По поврзувањето на оваа мрежа, патниците преку интернет-пребарувачот...

Жестоки борби меѓу авганистанските сили и талибанците околу градот Кундуз

Жестоките борби околу градот Кундуз, во северниот дел на Авганистан, продолжиле и ноќеска, еден ден откако авганистанските безбедносни сили почнаа акција за да го повратат градот што во понеделникот беше заземен од талибанците, јавуваат светските агенции. Официјални лица од војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопштиле дека синоќа извршиле два нови воздушни напади врз позициите на талибанците. Како што јавуваат медиумите, вчера...

Бројот на патници на двата аеродроми зголемен за 18 проценти во однос на лани

Во периодот јануари-август, на двата аеродроми е забележано зголемување на бројот на превезени патници за 18,3 проценти, споредено со истиот период минатата година. Од двата аеродроми, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, превезени се вкупно 1.021.713 патници. Во истиот период минатата година биле превезени вкупно 863.716 патници. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари до август...

Авион принудно слета во Осака

Авион „боинг 777“ на јапонската компанија „АНА Холдинг“ принудно денеска слета во Осака поради проблеми со моторот, соопшти авио-комапнијата. Ниту еден од 246 патници и 11 членови од посадата не е повредени. Авионот, кој полетал во 7.18 часот по локално време, бил на линија меѓу Осака, на западот на Јапонија и Токио. Посадата набрзо утврдила проблеми со моторот и побарала дозвола...

Германски „Фрапорт“ доби 14 аеродроми во Грција

Грчките власти го дадоа зелено светло за продажба на 14 регионални аеродроми на германскиот оператор „Фрапорт“, јавува „Евроњуз“. Ова е прв приватизација откако на власт во Грција дојде левичарската влада на Алексис Ципрас. „Фрапорт“ ќе плати 1,2 милијарди евра за 40 годишна лиценца за раководење со аеродромите. Германскиот оператор победи на наддавањето кое се организираше во ноември минатата година, но договорот...

Торба полна со пари исчезнала на аеродром во Хонг Конг

Торба со еден милион новозеландски долари (околу 608.000 евра) исчезнала на интернационалниот аеродром во Хонг Конг, објавуваат кинеските медиуми. Исчезната торба била една од 13-те, со вкупно 10 милиони новозеландски долари, кои требало да бидат пренесени од Нов Зелaнд до Банката на Кина во Хонг Конг. Според медиумите, три торби испаднале при истоварувањето од авион на компанијата „Катај Пацифик“, а вработените на...

Авион на „Луфтханза“ за малку ќе се судрел со дрон над Варшава

Патнички авион на германската компанија „Луфтханза“ за малку ќе се судрел со дрон во близина на Меѓународниот аеродром во главниот град на Полска, Варшава, соопштиле службите на аеродромот. Инцидентот се случил вчера попладне, кога дронот се доближил на стотина метри од авионот, кој летал од Минхен. Екипажот на „Луфтханза ембраер ЕРЈ -195“ го пријавил избегнатиот судир кога авионот се наоѓал на...

Двајца осуденици уапсени на аеродромот „Александар Велики“

Двајца скопјани вчера попладне околу 14 часот биле уапсени на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“ бидејќи се барале со судска наредба за издржување затворска казна. Според полицијата, станува збор за Д.Р. (39) и М.Р. (37), осудени на затворска казна од една година за злоупотреба на лични податоци. Двајцата веднаш биле спроведени во казнено-поправна установа.

Откажани 100 лета поради ерупција на вулкан во Индонезија

Вулканска ерупција во средишниот дел на Индонезија предизвика откажување на повеќе од 100 лета и затворање на аеродромот на Бали од безбедносни причини, поради што илјада туристи се блокирани на островот, соопштија денеска властите. Уште четири аеродроми се затворени во текот на ноќта поради ерупција на вулканот Руанг, од кој излегувале облаци пепел, соопшти портпаролот на министерството за транспорт, Ј.А....

62 години од првиот лет на охридскиот аеродром

В недела, на 5 јули, навршуваат 62 години откако беше изведен првиот промотивен лет на охридскиот аеродром, реализиран од тогашната југословенска авиокомпанија ЈАТ. Во меѓувреме, охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ прерасна во модерено воздушно пристаниште, сега под раководство на „ТАВ Македонија“. Истовремено, „ТАВ Македонија“ годинава одбележува пет години од преземањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. На почетокот на неделава беше промовирана најновата...

Втора нова линија од охридскиот аеродром

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, опериран од „ТАВ Македонија“, вечерва ќе го пречека првиот лет од Базел со што ќе се воспостави новата директна линија Базел-Охрид-Базел, со авиокомпанијата „Виз ер“. Авионот кој ќе слета од швајцарскиот град во Охрид вечерва во 18.40 часот, во Македонија ќе донесе 179 патници, a од „Св. Апостол Павле“ во Базел ќе однесе 133 патници. -...

ТикТок автоматски ќе ги означува видеата создадени со вештачка интелигенција

TикТок ќе ги означува корисниците кои прикачуваат содржина генерирана од вештачка интелигенција (ВИ), а со тоа станува првата голема апликација за видео содржини која автоматски ја означува таквата содржина,...