Таг: Украина

таг: Украина

Донецк: Убиени двајца тинејџери

Двајца тинејџери се убиени при бомбардирањето на Донецк, јавија светските медиуми. Според локалните медиуми, момчињата играле фудбал во школскиот двор кога се случило бомбардирањето. Училиштето се наоѓа на околу три километри од аеродромот во Донецк, каде со месеци се водат борби меѓу проруските сепаратисти и украинските власти. Бомбардирањето на истокот на Украина и понатаму продолжува и покрај прекинот на огнот, кој...

Украина ќе гради нов гасовод за да ја избегне Русија

Украина сака со Полска да изгради целосно нов гасовод, кој би ù овозможил на земјата целосно да се снабдува со гас од земјите од Европска Унија. Украинскиот премиер Арсениј Јацењук им наредил на надлежните министерства да почнат со изработка на проектот, а рокот за изградбата и пуштањето во употреба е крајот на 2016 година, соопштија од кабинетот на премиерот. Властите во Киев сакаат...

Оланд го повика Путин да не ги признае изборите во Источна Украина

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, го повика претседателот на Русија, Владимир Путин да не ги признае изборите во источниот дел на Украина, бидејќи би можеле да го загрозат територијалниот интегритет на државата. - Го повикувам Путин да остане во рамките на договорот од Минск, со кој е отворен патот за потпишување примирје - изјави Оланд. Тој додаде дека нивна цел е да...

Русија не го прифаќа соопштението од ОН за изборите во Источна Украина

Европските лидери и посочија на Русија дека не ги признаваат резултатите од изборите
Јуриј Сергејев, украинскиот амбасадор во Обединети нации, изјави дека Русија се спротиставила на соопштението на Советот за безбедност при ОН, во кое се критикуваат изборите што се одржаа во Донецк и во Луганск на истокот на Украина. Во предлог-текстот на Литванија пишува дека изборите се одржани во спротивност на мировниот договор од Минск, што беше потпишан во септември. Европските лидери ù посочија на...

РУСИЈА: Киев да ги прекине воените операции во источна Украина

Русија го повика Киев да ја прекине воената офанзива на истокот на Украина и нагласи дека новоизбраните проруски лидери имаат доволно авторитет и овластувања за да преговараат со Киев. „Проруските лидери, кои вчера се избрани, имаат доволен авторитет да воспостават широко одржлив дијалог со киевските власти“, соопшти заменик шефот на руската дипломатија, Григориј Карасин, за ИТАР-ТАСС, откако официјална Москва го...

Рускиот гас ќе протече кон Украина

Испораките на руски гас во Украина ќе бидат обновени кога Киев оваа недела ќе го отплати првиот дел од долгот на „Газпром“, изјави директорот на рускиот гасен гигант, Алексеј Милер. Неговата изјава дојде откако Русија, Украина и Европска Унија постигнаа договор за продолжување на испораките на руски гас за Украина и за ЕУ. Овој договор донесе олеснување на Европа, која се...

Европска Унија не ги признава изборите во Доњецк и во Лугањск

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, изјави дека ЕУ не ги признава изборите во Источна Украина, јави дописникот на МИА од Брисел. - Сметам дека „претседателските и парламентарните избори“ во самопрогласените „народни републики“ на Доњецк и на Лугањск се нова пречка на патот кон мирот во Украина. Гласањето е нелегално и нелегитимно и Европската Унија...

Москва и Киев постигнаа договор за испорака на гасот

Украина ќе има гас до март 2015
Русија и Украина вчеравечер во Брисел постигнаа преоден договор за сигурно снабдување на Украина со руски гас до март 2015 година, како и за негов непречен транзит до потрошувачите во Европска Унија. Договорот го потпишале министрите за енергетика на Русија и на Украина, европскиот комесар за енергетика, но и челниците на „Газпром“ и на „Нафтагаз“. - Процесот не беше лесен. Како...

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...