fbpx
Таг: кредити

таг: кредити

Банките ќе го стегаат ременот за потрошувачките кредити

Народната банка предлага потенцијални мерки со кои од следната година банките би можеле да го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта е, како што истакна гувернерот Димитар Богов, банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат најголем дел од нефункционалните кредити. - Потенцијалните мерки кои се разгледувани од Народната банка, и кои...

Компаниите од преработувачката индустрија најтешко ги враќаат кредитите

Нефункционалните кредити одобрени на претпријатијата имаат најголемо учество во вкупните нефункционални кредити. Меѓу нефункционалните кредити на претпријатијата, највисоко е учеството на кредитите одобрени на клиенти од преработувачката индустрија, 36 проценти, покажува анализата на Народна банка. - На 30 јуни 2014 година, нефункционалните кредити кон клиентите од преработувачката дејност, производство на метали, машини, алати и опрема, учествуваа со 11,2 проценти во вкупните нефункционални кредити кон...

Граѓаните сè потешко ги враќаат потрошувачките и станбените кредити

Кредитите наменети за потрошувачка се најзастапени во нефункционалното кредитно портфолио на банките, покажува најновата анализа на Народна банка. Станбените кредити, пак, исто така предизвикаа пораст на учеството на нефункционални кредити наменети за набавка и за реновирање на станбен простор. - На 30 јуни 2014 година, нефункционалните кредити на банкарскиот систем на Македонија се поголеми за 2,5 пати во споредба со крајот...

Сè повеќе кредити во приватниот сектор

Во однос на кредитниот пазар, првичните податоци за септември покажуваат забрзување на месечниот пораст на вкупните кредити на приватниот сектор. - Во септември, кредитната поддршка беше насочена и кон населението, но и кон корпоративниот сектор, каде што по двомесечното намалување, кредитите забележаа пораст. Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во септември изнесува 8,9 проценти и е малку пониска во...

Сè повеќе нефункционални кредити на фирмите

Зголемената кредитна активност на банките доведе до мало намалување на учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити, на 11,5 проценти, движејќи се во рамките на вообичаеното ниво за последните две години, помеѓу 11 и 12 проценти, се вели во соопштението на НБРМ. - Кај претпријатијата ова учество се зголеми минимално, на 16 проценти, поради побрзиот пораст на нефункционалните кредити во...

Се зголемуваат нефункционалните кредити на фирмите и на домаќинствата

Во првиот квартал од 2015 година, порастот на нефункционалните кредити, при поизразено забавување на кредитната активност на банките, придонесе за извесно зголемување на учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити на 11,6 проценти, се вели во извештајот на Народна банка, за ризиците на банкарскиот систем во првиот квартал од 2015 година. Кај претпријатијата ова учество достигна 15,9 проценти за што придонесе и слабата...

Штипските власти разгледуваат: Како до свеж капитал преку општински обврзници

Економскиот факултет од Штип преку научен проект ќе ги утврдува можностите на Општина Штип за прибирање свеж капитал преку издавање општински обврзници. Научниот тим смета дека општините користат некреативен, класичен пристап на обезбедување дополнителни средства со задолжување преку кредитирање кај странски институции. Иако Заедницата на единиците на локалната самоуправа уште во 2011 година има издадено водич за општински обврзници, тој...

Грција во исчекување на бриселска пресуда

Нов пакет мерки и реформи или излез од еврозоната? Грчкиот тим, предводен од премиерот Алексис Ципрас и од министерот за финансии Евклидис Цакалотос, од денеска почнува нова битка за договор со поповолни услови за грчкиот народ, кој паралелно и ќе го осигури останувањето на државата во еврозоната и ќе ги задоволи барањата на европските кредитори. Охрабрувачки за грчкиот тим беше...

Земјоделците ќе можат да користат кредити, во износ од 20 милиони долари

УСАИД и Министерството за земјоделство заеднички ќе финансираат механизам за парцијално гарантирање кредити, што ќе се овозможи зголемено кредитирање на индивидуалните земјоделци. Во следните десет години, ќе бидат гарантирани земјоделски кредити во вкупен износ од 20 милиони долари. Договорот за соработка меѓу Владата и Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции за земјоделство и за рурален развој во Македонија...

Продолжува грчкиот трилер и заканите за избори

Нови клучни средби со клучни европски функционери ја очекуваат грчката влада оваа недела. Во тркa со времето, грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, денеска ќе се сретне со неговиот строг германски колега, Волгфанг Шојбле. Два дена подоцна, в среда, Алексис Ципрас ќе се соочи тет-а-тет со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд, со кои имаше...

Богов: Кризата ќе ги зголеми каматните стапки на кредитите

„Народната банка нема да биде во функција на поддршка на економските политики и тоа ќе биде една загуба. Ќе недостига тој дел за економскиот пораст. Ние би почнале со затегање, а тоа затегање ќе значи зголемување на каматните стапки и за бизнисите и за граѓаните кои имаат земено кредити - изјави гувернерот Димитар Богов на денешната седница на собраниската...

Владатa даде 36.500 евра за фитнес-опрема

Службата за општи и заеднички работи на Владата денеска потпиша договор за набавка на фитнес-опрема со фримата „Соникс“. Во договорот објавен на електронскиот систем за јавни набавки пишува дека се набавуваат два фитнес-велосипеди со потпирач за грб, три статични велосипеди, четири парчиња опрема за кревање тегови и пет тега за прачка. За набавката на оваа опрема Владата ќе издвои 36.500 евра.

Уапсен српскиот бизнисмен Мирослав Богиќевиќ

Има сомневања дека Богиќевиќ на банките им должи повеќе од 400 милиони евра
Српската полиција денеска го уапсила српскиот бизнисмен Мирослав Богиќевиќ, сопственик на компанијата „Фармаком“, поради финансиски криминал и малверзации при подигнување кредити од банки. Има сомневања дека Богиќевиќ на банките им должи повеќе од 400 милиони евра, на српската Даночна управа - 13 милиони евра, а на деловните партнери - 41,5 милиони евра. Овој бизнисмен, освен на „Фармаком“, сопственик е и...

Каде заглави отписот на долгови: Од 42.000 барања само 200 решенија

Откако на 1 ноември во Велес беа доделени првите 200 решенија за отпис на долгови на граѓаните од ранливи категории, до денеска нема поделено други, реагираат граѓаните. Според нив, иако министерот за финансии, Зоран Ставрески, ветил дека целиот процес за оваа мерка на Владата ќе заврши најдоцна до 25 ноември, иако имаат поднесено барање, досега немаат добиено никаков одговор. - Уште на...

Бизнис идеите на младите презентирани на првиот ден од Стартап Викенд Охрид

Викендов, од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настан кој е најголем од ваков тип во државата, а кој започна вчера попладне и...