fbpx
Таг: патишта

таг: патишта

Автопатите „Арбен Џафери“ од Блаце до Приштина и низ Грделичка клисура готови до крајот на мај

Izvor: Ministerstvo za gradeznistvo, transport i infrastruktura na Srbija
Македонските граѓани од крајот на мај во Србија и Косово ќе можат да патуваат по нови автопати. Двете земји, во речиси идентичен период, ја завршуваат изградбата на двата автопати што ќе обезбедат побрзо патување до Приштина и Ниш. Српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ денеска најави дека во наредните 10 дена ќе биде отворен за сообраќај...

Ќе се гради нов експресен пат од Битола кон Грција за излез на Јонското море

По неколку години поминати во најава, државата конечно се одлучи да почне со проектирање на новиот експресен пат од Битола до македонско - грчката граница. Грција уште пред неколку години го има изградено новиот експресен пат до границата и ги чека македонските власти да го завршат нивниот дел од работата за да профункционира паневропскиот Коридор 10д. Идниот експресен пат...

Објавен тендерот за проширување на патот од Крива Паланка до Деве Баир

Постојниот магистрален пат Крива Паланка - Деве Баир ќе биде целосно реконструиран и проширен со трета коловозна лента. На веб - страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавен тендерот за изведба на 13 - те километри од оваа траса, која претставува главна патна врска меѓу Северна Македонија и Бугарија. Со проширувањето на патниот правец и...

„Синохидро“ одеднаш стана поевтин партнер за градење на македонските патишта

Кинеската компанија „Синохидро“ позната и по разговорите во „бомбите“ за провизиите за изградбата на патот Штип - Миладиновци, во декември минатата година го заврши патот, но доби нова работа во Македонија, но по далеку пониски цени во понудата. Ова денеска во Штип го соопшти директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов. „Синохидро“ изминатиот петок бил воведен во работите на ЛОТ...

Сугарески: Осум милиони евра за реконструкција на патот од Гостивар до Кичево

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески информираше дека во реконструкција на патниот правец Гостивар-Кичево ќе се инвестираат осум милиони евра, бидејќи годишно таму поминуваат четири милиони патници. „Вкупно осум милиони евра се инвестираат преку Јавното претпријатие за државни патишта за реконструирање на патниот правец од Гостивар до Кичево. Претходно ја реконструиравме делницата од Гостивар до Колари и дополнително уште...

Магла на Стража, Ѓавато и Плетвар

Намалена видливост од 30 до 50 метри поради магла утринава има на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар. Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека од 05.40 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар која беше воведена поради врнежи од снег. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози. Сообраќајот надвор од...

Во Тетово презентиран ДУП-от за Попова Шапка, екологистите разочарани

Здружението за планирање, градежништво, трговија и услуги „Про-Инженеринг“ вчера го претстави Деталниот урбанистички план (ДУП) за Попова Шапка, а од Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ обвинија дека Општина Тетово одлучила да усвои план што никогаш не може да се реализира, известува „Порталб“. ДУП-от за Попова Шапка предвидува неколку проширувања на патиштата и зголемување на капацитетите за паркирање. Во...

Повеќе од една милијарда евра инвестиции во патната инфраструктура најави Владата

Една милијарда и 270 милиони евра се предвидени за инвестиции во патната инфраструктура, рече денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција која беше посветена на изградени патишта лани, проекти кои се во тек, но и изградба, рехабилитација и реконструкција на патишта за оваа година, во должина од 770 километри, а за кои, парите се веќе обезбедени. „Оваа година ќе има засилени...

Забрана за камиони кај Маврово и Стража, остатоци од снег на коловозите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со среден интензитет паѓа во Битола, Крива Паланка, Делчево, Демир Капија, Удово, Гостивар, Крушево, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар. АМСМ информира дека на регионалниот пат од село Рогачево до граничен премин Јажинце поради силен...

Сериозна градежна патна и железничка инфраструктура најавува Анѓушев за 2019

Во организација на Канцеларијата на премиерот се одржа неформална предновогодишна средба и дружба на економскиот тим министри во Владата со претседателите на стопанските комори и претставници на бизнис-секторот. Во рамките на оваа средба, вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев стави акцент на плановите за четирите клучни области, индустријата, трговијата, градежништвото и земјоделството кои имаат сериозно учество во...

Сугарески: 800 милиони евра за подобрување на патната инфраструктура

Во моментов низ целата територија на Македонија се работи на реализација на проекти во висина од преку 800 милиони евра, што е историски највисока инвестициска програма за подобрување на квалитетот на патната мрежа во државата, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој денеска изврши увид во изградбата на нов мост на реката Луда Мара во село Ваташа, Општина...

Китанов: Капиталните инвестиции во патишта 3,5 милиони евра повеќе од лани

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов денеска информираше дека во првата половина на 2018 година, реализирани се капитални инвестиции 3,5 милиони евра повеќе од лани. - ЈП за државни патишта во вториот квартал од 2018 година има остварено инвестиции во вкупен износ од 2.217.070.250 денари или 36 милиони евра, што е зголемување од 37 проценти од лани. Споредбено...

Сугарески: Предвидени се 300 милиони евра инвестиции во патишта во Источниот регион

Должината на експресниот пат Штип - Кочани кој е во изградба, изнесува 28 километри и предвидено е да се гради во две фази, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој направи увид во градежните работи. - Во тек е изградба на првата фаза од Штип до Крупиште во должина од 14,3 километри, инвестиција со вредност од преку 20 милиони...

Градежниците ќе одговорат на офанзивната градба на патишта, ако се знаат условите

Градежните компании ќе може да ја следат динамиката на офанзивата за изградба на патишта во државата, ако има добар план и организација, одговори на новинарско прашање претседателот на  Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Ивица Јаќимовски. - Компаниите имаа капацитет да го спроведат овој план ако има добра организација, основен проект и континуитет во извршувањето. Потребно е...

Офанзивна изградба: 270 милиони евра за 800 километри на 60 патни правци

Премиерот Зоран Заев најави дека за оваа година се обезбедени 270 милиони евра за изградба на нови патни правци, за комплетирање на започнатите инфраструктурни проекти и автопати како и за реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на регионални патишта Тој додаде дека дел од овие средства, наменети за 60 патни правци во должина околу 800 километри, се обезбедени од буџетот и средства...

Забрана за камиони утрово само на Маврово – Дебар

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар утрово сè уште е на сила. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните служби. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, информира Автомото сојуз на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот...

Сообраќајот се одвива отежнато, забрани за товарни возила на некои делници

Сообраќајот утрово на државните патишта се одвива отежнато, со забрани за движење на товарни возила на некои делници. Од 7.30 часот се укинати забраните за сообраќај на тешки товарни возила на планинските премини Буково и Ѓавато. Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека, Гостивар – Кичево преку...

ЕБОР ќе финансира 181 милиони евра за надградба на патната мрежа

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе обезбеди 86 милиони евра за надградба на транспортната инфраструктура и зајакнување на регионалната интеграција на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Инвестицијата е делумно поддржана и од Фондот на Централнo европската иницијатива (ЦЕИ), обезбеден од Владата на Италија. Од втората транша во вкупен износ од 181 милиони евра од ЕБОР, ќе се финансира надградбата на 26...

Одрон на патот Тетово – Попова Шапка, сообраќајот се одвива по една лента

Сообраќајот на патниот правец Тетово - Попова Шапка се одвива по една лента поради одрон на патот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а нa повисоките места има остатоци од кашeст снег. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани -  Македонска Каменица - Делчево, Виница -...

Лавина кај Маврово-Дебар, забрани за камиони на неколку превои

На планинскиот превој Ѓавато денеска во 7 часот е укината забраната за тешки товарни возила. Од 6 часот, пак, повторно е во целосен прекин сообраќајот на патот Маврово - Дебар, поради снежната лавина што падна синоќа околу 18 часот кај Бигорскиот манастир, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан,...

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...