четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: договор | 582 резултати

Ахмети на средба со Фурние и со Оер

5 јуни 2015

Али Ахмети, претседателот на ДУИ, денеска во седиштето на партијата во Тетово, се сретна со Ерик Фурние, директор за Континентална Европа во француското МНР и со Лоренс Оер, амбасадорка на Франција во Македонија. Тема на средбата биле актуелната криза во земјата, политичкиот дијалог и договорот постигнат на 2 јуни и евроатланската интеграција на државата. „Франција […]

Интернационалата за образование задоволна од компромисот меѓу МОН и СОНК

2 јуни 2015

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и претседателот на СОНК, Јаким Неделков, имаа средба со генералниот секретар на светска федерација на синдикати и организации во областа на образованието – Интернационалата за образование, Фред ван Лејвен, на која сите го искажаа задоволството од постигнатиот компромис меѓу МОН и СОНК. – На средбата дискутиравме за активностите и […]

Владата ги прекинува средбите со средношколците, договор нема, бојкотот продолжува

30 април 2015

„Средношколски пленум“ и Владата не постигнаа договор и по третата средба. Од Владата велат дека се подготвени да го вратат стариот концепт на матура и математиката да не биде задолжителен предмет, но отстапки за екстерното не сакаат да направат. Средношколците велат дека не се согласуваат со ваков исход и дека нема да откажат од своите барања. […]

Средбата меѓу „Средношколски пленум“ и МОН заврши без договор

27 април 2015

Средбата меѓу претставниците на „Средношколски пленум“ и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, неговиот заменик Спиро Ристовски и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, завршила без постигнат компромис, но со договор преговорите и средбите меѓу засегнатите страни да продолжат. Во меѓувреме, бојкотот на наставата ќе продолжи, а средношколците ноќта ќе ја поминат во шатори […]

Договорот со Иран ги подобрува односите помеѓу САД и Кина

4 април 2015

Договорот постигнат оваа седмица, помеѓу светските сили и Иран за иранската нуклеарна програма, е добар и за унапредување на кинеско-американските односи, рекол министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји во телефонски разговор со неговиот американски колега, Џон Кери. За постигнување на договорот заслужни се сите страни кои ја искористија историската можност со заеднички напори, му […]

Западот постигна договор за нукеларната програма во Иран

3 април 2015

Помеѓу Иран и САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија во Лозана е постигнат политички рамковен договор за контроверзната иранска нуклеарна програма, кој е основна фаза на патот кон потпишувањето на конечниот договор најдоцна до 30 јуни. Американскиот државен секретар, Џон Кери, на својот твитер-профил објави дека денеска е голем ден. „ЕУ, групата 5+1 […]

Наскоро граѓаните на ЕУ нема да можат да го кријат богатството во швајцарските банки

19 март 2015

Швајцарија и Европската унија(ЕУ) денеска постигнале договор за директна размена на даночните податоци на граѓаните од земјите-членки на ЕУ, пренесува хрвастката државна телевизија ХРТ. Размената на податоците, како што е предвидено, треба да почне од 2018 година. Европската комисија (ЕК) договорот го оценила како важен чекор напред во сузбивањето на даночната евазија, бидејќи граѓаните на […]

Се подготвува колективен договор за новинарите

18 март 2015

Во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, денеска се одржа тркалезната маса, под наслов „Работните услови на новинарите во Македонија“, на која беше претставено истражувањето на Македонски институт за медиуми (МИМ) „Вработувањето и работните услови на новинарите“, од асистентот-истражувач во МИМ, Славчо Миленковски, и од Весна Никодиноска, раководителка на програми во МИМ. Излагање имаше и претседателката на […]

Потпишан договор за социјално осигурување меѓу Македонија и Албанија

17 март 2015

Министерот за труд и социјална политика на Република Македонија, Диме Спасов, и министерот за социјална сигурност и млади на Република Албанија, Ерион Велиај, денеска потпишаа Договор за социјално осигурување меѓу двете земји, со кој треба да се регулираат односите во областа на социјалното осигурување и остварувањето на правата од осигурување за граѓаните и за членовите […]

„Студентски пленум“: Ја прекинуваме окупацијата, автономната зона продолжува

25 февруари 2015

Студентите по 14 дена бојкот, ја прекинуваат окупацијата на факултетите и продолжуваат редовно со наставата, а автономните зони ќе продолжат и понатаму да функционираат. Ваква одлука била синоќа донесена на генерлниот пленум, а утринава изгласана на локалните пленуми на факултетите. Одлуката на „Студентски пленум“ доаѓа по договорот постигнат вчера со Министерството за образование, УКИМ и […]

МОН попушти пред студентите: Ќе има нов закон без државен испит

24 февруари 2015

Нов закон за високо образование, без државен испит, договорија „Студентски пленум“ со преставници од Министерството за образование и од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на денешната двочасовна средба, потврди за новинската агенција „Мета“, Стефан Видиков, претставник на студентите. – Задоволни сме од средбата. Од наредната недела почнуваат со работа работните групи. Вечерва имаме генерален пленум, на […]

Нова тригодишна програма за соработка во образованието и во науката меѓу Македонија и Хрватска

23 февруари 2015

Македонија и Хрватска ја продолжуваат соработката во образованието и во науката, која континуирано трае од 1995 година кога беше потпишан првиот билатерален договор во оваа област меѓу двете земји. Министрите Абдилаќим Адеми и Ведран Морнар денеска во Скопје потпишаа нова тригодишна програма за соработка во образование, наука и во технологија, за периодот 2015-2018 година. Адеми […]

Засега нема договор меѓу Иран и големите сили

23 февруари 2015

Иран и големите сили уште не постигнале договор за клучните прашања што се однесуваат на спорната иранска нуклеарна програма, соопштија претставниците во Женева. – Сè уште постојат разлики, но сите страни преговараат сериозно и одлучно. Сепак, сè уште не нашле решение за клучните прашања – изјави синоќа шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, по првиот ден […]

Атина задоволна од договорот во Брисел

20 февруари 2015

Грчката влада го посочи договорот во Брисел како нејзин успех, победа и конечно задоволување на граѓанските барања и потреби. Владата на Алексис Ципрас е задоволна по договорот во Брисел, истакнувајќи дека на вонредниот состанок на Еврогрупата успеала да издвојува победа и да го оствари она што било зацртано без да се повлече од црвените линии. […]

Грција доби четиримесечно одложување за враќање на долгот

20 февруари 2015

Грција вечерва во Брисел доби четиримесечно одложување за враќање на долгот.  Атина и Брисел се договорија в понеделник, до крајот на работниот ден, грчката влада да поднесе список на реформи што ќе ја доведат во подобра позиција за продолжување на програмата за финансиска помош. Според бриселските функционери, договорот е постигнат „во пет до 12“.  За грчкиот […]

„Студентски пленум“: Се договоривме да се договориме, окупацијата продолжува

20 февруари 2015

Вчерашната средба на „Студентскиот пленум“ и на УКИМ со претставнците на Министерството за образование и наука не била од одлучувачки карактер и единствениот договор што го постигнале бил да се одржи уште една средба во наредните неколку дена. Во меѓувреме, студентите ќе продолжат со окупација на факултетите. – Средбата не беше од одлучувачки карактер. Ние го […]

Премиерот на Украина не верува во договорот од Минск

14 февруари 2015

Претседателот на украинската влада, Арсениј Јацењук, за германскиот весник „Билд“ изјави дека не верува во одржливоста на договорот од Минск. Јацењук индиректно бара на Украина да ѝ се испорача оружје и им префрли на Русите дека „во прва можна пригода ќе го прекршат договорот“. Украинскиот премиер вели дека „не се сомнева“ во фактот дека Русија […]

Лидерот на Десен го отфрли мировниот план

13 февруари 2015

Лидерот на украинскиот Десен сектор, Дмитриј Јарош, го отфрлува мировниот договор од Минск, додавајќи дека нивните паравоени единици на истокот на Украина ќе продолжат активно да се борат врз основа на сопствениот план. Јарош ова го објави на фејсбук-профилот, додавајќи дека каков било договор со милициите на истокот на Украина, кои тој ги нарекува „терористи“, […]

Прекинат штрајкот на железничкиот сообраќај

13 февруари 2015

Синдикатите на машиновозачите го прекинаа штрајкот на патничкиот и на товарниот железнички превоз по средбата со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Возовите ќе сообраќаат според утврдениот возен ред. В понеделник ќе почнат преговори за исполнување на барањата на машиновозачите, а колективен договор ќе биде потпишан во рок од две недели до еден месец. […]

Кире Лазаров останува во Барселона до 2017 година

12 февруари 2015

Капитенот на македонската машка ракометна репрезентација, Кире Лазаров, останува да ги брани боите на Барселона, откако денеска потпишал нов двогодишен договор со каталонскиот клуб. Добрите игри и клучната улога во тимот, на Лазаров му донесоа понуда за продолжување на договорот со најуспешниот клуб во Шпанија и еден од најдобрите во Европа, каде настапува од 2013 […]

Страна 28 од 29