Потпишан договор за финансирање изградба на водовод во Шуто Оризари

-

Денеска во просториите на Министерството за финансии беше потпишан договор за финансирање на изградбата на систем за водоснабдување во општина Шуто Оризари меѓу Градот Скопје, Министерството за финансии и Општината Шуто Оризари. Во име на Град Скопје, договорот го потпиша градоначалникот Коце Трајановски, во име на Министерството за финансии потписник е министерот Зоран Ставревски, а во име на Општината Шуто Оризари, градоначалникот Елвис Бајрам.

Изградбата на водоводот во општина Шуто Оризари претставува заеднички проект на Град Скопје, Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и на Општина Шуто Оризари, со вкупна вредност од околу 242 милиона денари.

– Ми претставува особено задоволство што денеска го потпишуваме овој значаен договор што ќе го реши финансирањето на еден од најголемите и најважните проекти за Градот Скопје и за Општината Шуто Оризари. На овој начин ни се овозможи преку проектот МСИП да добиеме кредит и конечно да го решиме проблемот со водоснабдувањето во Шуто Оризари. Општината Шуто Оризари е една од најсиромашните во Скопје, но Градот Скопје преку многубројни проекти помага да се подобрат условите на живот на граѓаните во неа. Во финансирањето на овој проект, Градот Скопје ќе покрие 40 проценти од средствата, ЈП „Водовод и канализација“ ќе покрие исто така 40 отсто, а Општина Шуто Оризари – 20 проценти од потребните средства. Очекувам наредната 2015 година, пред почетокот на летото, да почне изградбата на новиот водоснабдителен систем – рече градоначалникот Коце Трајановски, на денешното потпишување на договорот.

Министерот за финансии, Зоран Ставревски, објасни дека средствата за изградбата на новиот водоснабдувачки систем во Шуто Оризари се обезбедени од Светската банка со исклучително поволна каматна стапка, со грејс-период од три години и со рок на отплата од 13 години.

– За да дојдеме до оваа фаза од проектот, беше потребно многу труд и време и особено сум задоволен од залагањето на градоначалникот Трајановски и на градоначалникот Бајрам – изјави министерот Ставревски.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам, ја изрази својата благодарност за реализацијата на овој капитален проект што е од огромно значење за развојот на Шуто Оризари.

За изградбата на новиот водоснабдителен систем во Шуто Оризари, Градот Скопје ќе ги обезбеди финансиските средства по пат на долгорочен домашен подзаем во рамките на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, за што и Советот на Град Скопје донесе Одлука за долгорочно задолжување.

Новопланираниот систем ќе опфати изградба на резервоар од 4.350 кубни метри, пумпна станица и цевковод со должина од 2,3 километри.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...